Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Франкфурт 2011
 
Spodeli
06 September 2011, 23:20


Франкфурт 2011  Франкфурт 2011
Погледнете што не очекува во блиска иднина според овогодинешниот IAA...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

PEUGEOT HX1 - HX1 е визија на моноволумен за 2020 година. Има шест седишта и хибриден погон, а спектакуларниот дизајн би можел да биде виден на некој од идните модели, најверојатно на моделот 608.
 
KIA KONCEPT – Засега неименуваниот концепт на Kia на голема лимузина со заден погон и V8 мотор би можел да биде темел на иден поозбилен конкурент на веќе етаблираните европски модели. Тој нов модел од повисоката класа би можел да користи платформа од успешниот Hyundai Genesis кој веќе низ годините бележи одлични продажни резултати во Северна Америка и на домашниот, корејски пазар. Динамичниот дизајн ќе биде „припитомен“ за сериско производство, но линиите на веќе постоечката лимузина Optima, која наскоро и кај нас ќе се најде во продажба се очекува дека линиите на овој модел ќе бидат исто така креативни, интересни и препознатливи. 

 
ASTON MARTIN V12 ZAGATO – После одлично примениот концепт, Aston Martin откри сериска изведба на V12 Zagato која ќе почне кон средината на идната година. V12 Zagato користи V12 мотор кој развива респектабилни 510 КС, а ќе биде ограничен на само 150 примероци. Цената се уште не е позната. 
 

 
FERRARI 458 SPIDER – Кабриолетската, односно Spider верзија на моделот на Ferrari, 458 Italia ќе има лимен склопив покрив кој е околу 25 kg полесен од еквивалентниот платнен. Spider е само 50 kg потежок од 458 Italia, а го користи истиот 4.5-литрен V8 со 570 КС, што значи дека перформансите ќе му бидат еднакви. Кабриолетската верзија има неколку километри на час пониска максимална брзина, со еднакво забрзување од место до 100 km/h. 
 

 
AUDI URBAN CONCEPT – Audi конечно го покажа првите фотографии, додуша компјутерски генерирани, на радикалниот концепт на градски двосед. Само 3.2 метри долгиот електричен модел ќе биде прикажан во купе и spider верзии, а и двете имаат досег од 60 km. Сериската иднина се уште не е сигурна. 
 

 
MERCEDES B-KLASА – Новиот компактен моноволумен настанал на новоразвиената платформа која ќе ја дели со следната А класа (стигнува 2012 година), а освен поразличен дизајн, во ентериерот располага со осетно повеќе простор и поголем багажник. Од низата турбомотори кои ќе се нудат, првично ќе бидат достапни два бензинци со 122 и 156 КС и два дизел мотори со 109 и 136 КС. 
 

 
OPEL ASTRA GTC – Откако се прикажани фотографии на сериската верзија на Astra GTC јасно е дека овој модел ќе биде најпосакуван во Opel понудата, барем кога младите возачи се во прашање. Со низа на стандардни, ќе биде достапна и OPC верзија која ќе развива речиси 300 КС. И покрај линиите на купе, експертите на Opel тврдат дека понудата на простор не е значително нарушена. Цените уште не се дефинирани, но нема да бидат значително повисоки од оние „класични“, хечбек верзии. 
 

 
VOLKSWAGEN UP! – Малиот градски автомобил на VW во својата нова генерација ќе нуди бензински мотори, а креативниот ентериер ќе нуди мноштво простор за четири луѓе, со сосема солиден багажник. Не е исклучена можноста за електрична верзија која би можела да стигне во 2103 година. 
 

 
CHEVROLET MALIBU – Новата генерација на моделот Malibu е една од глобалните модели на Chevrolet од кои компанијата има посебно големи очекувања кога е во прашање европскиот пазар. Ќе се нуди со низа проверени мотори, а поволната (уште непозната) цена би требало заедно со дизајнот и пространост, да биде еден од главните адути. 
 

 
HONDA CIVIC –  Honda е многу возбудена околу премиерата на новата генерација на Civic да не може да одолее секоја недела да открие по една нова шпионска слика од својот компакт за кој тврди дека е еден од најудобните во класата. 





Стари коментари
@filip- jas ne rekov deka tie se loso izgraedni ili nekvalitetno. Jas samo rekov deka treba poveke od konzervi za na ovakov saem.
Напишан од Timo  пред  околу 97 месеци
Tocno e Filip deka AUDI, Mercedes i BMW se megju najdobrite koli, ama ovie dve sto se pretstaveni ovde se pravi konzervi... Duri ni ne licat na koli od ovie proizvoditeli. Samo napravi razlika pomegju niv i PEUGEOT HX1, CHEVROLET MALIBU i OPEL ASTRA GTC !!!
Напишан од AudiFan  пред  околу 97 месеци
timo dzabe tresesh koa audi mercedes tuka spaga i bmw to se najdobrite koli ;)
Напишан од filip  пред  околу 97 месеци
Germancite se poveke i poveke tonat. Samo poglednete kakvi gomna se Audi-to i Mercedes-ot. A za drugite koli nemoze da se najdat zamerki, a pogotovo za Aston i Ferarri.
Напишан од Timo  пред  околу 97 месеци
Ferrari 458 italia bellissima,i drugite ne se losi
Напишан од ferrari 458 italia  пред  околу 97 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил