Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Алонсо потпиша за Ferrari и ја отвори “берзата“
 
Spodeli
01 November 2009, 17:25


Алонсо потпиша за Ferrari и ја отвори “берзата“  Алонсо потпиша за Ferrari и ја отвори “берзата“
Шпанецот конечно го обзнани тригодишниот договор со Италијанците од кој ќе заработи минимум 75 милиони евра, отворајќи ги притоа патиштата за останатите колеги да ги реализираат своите трансфери....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со соопштение до јавноста веднаш по пристигнувањето во Сузука, екипата на Ferrari конечно ја “откри“ најлошо чуваната тајна изминатава година во Формула 1. Веќе “ врапчињата знаеја“ дека од идната година Фернандо Алонсо ќе биде зад воланот на црвениот болид. Двократниот шампион потпишал тригодишен договор и ќе заработува по 25 милиони евра годишно, а доаѓа на местото на Кими Раиконен кој спогодбено го раскина договорот една година пред неговиот истек.

Значи, Алонсо и Маса ќе формираат пеколна латино - комбинација во Ferrari, додека за Раиконен се верува дека најверојатно ќе се врати во McLaren, сега како партнер на Луис Хамилтон. Финецот изјави дека ќе донесе одлука пред Новогодишните празници и дека не е исклучено да ја напушти Формула 1. Во секој случај, макар и се вратил во топ – тим како McLaren, се чини дека тој нема уште долго да остане во спортот – се шпекулира дека ќе потпише договор само на една година.

Празното место во Renault најверојатно ќе го пополни најдобриот пријател на Алонсо - Роберт Кубица, иако по него трча и Toyota која по крајот на сезоната најави дека ќе им се заблагодари на услугите на Јарно Трули и Тимо Глок. Toyota всушност е единствената што може да изненади при оваа “берза“, бидејќи потенцира дека бара топ – возач и не го крие интересот и за Кими Раиконен.

Кој ќе го наследи Алонсо, Renault ќе објави следнава недела, додека Роман Грожан има “фора“ да покаже до крајот на сезоната дека заслужува да биде задржан.

Рокади ќе има и кај другите тимови – Нико Розберг и Рубенс Барикело ќе си ги заменат местата во BrаwnGP, односно Williams, каде на местото на Казуки Накаџима се очекува да дојде Нико Хилкенберг.

Со оглед на тоа дека четири нови тима дебитираат идната сезона, ќе известуваме и понатаму за новите моменти од “битките“ за најпосакуваните седишта во светскиот моторспорт.
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил