Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Рено “под лупа“ по обвинувањата за местење
 
Spodeli
01 November 2009, 17:23


Рено “под лупа“ по обвинувањата за местење  Рено “под лупа“ по обвинувањата за местење
Светската автомобилистичка федерација потврди дека претставници на тимот на Рено се повикани да се појават на вонредниот состанок на Светскиот моторспорт совет да одговорат на обвинувањата за местење на минатогодишната трка за ГН Сингапур....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Претставниците на францускиот тим се повикани на 21 септември во Париз да одговорат на обвинувањата за прекршување на членот 151c од Интернационалниот Спортски Кодекс, поради наводна наредба до својот возач Нелсон Пике Јуниор да предизвика инцидент на трката во Сингапур со цел на патеката да излезе безбедносното возило во најповолниот момент за неговиот тимски колега Фернандо Алонсо, кој победи на трката.

ФИА во меѓувреме ангажирала и независна фирма која ќе го истражува случајот и ќе бара нови докази за местење.

Останува нејасно од каде овие шпекулации и “нови докази“ се појавија речиси цела година по трката. Сомнежите укажуваат токму на Нелсон Пике Јуниор, кој по отказот од Рено упати многу отровни стрели на адреса на Флавио Бриаторе.

Во меѓувреме се дозна и дека Фелипе Маса веднаш го оспорил инцидентот, до тој степен што се конфронтирал со Бриаторе. Имено, легендарниот коментатор на бразилската TV Globo, Региналдо Леме, откри дека неодамна зборувал со Маса за овој случај, при што возачот на Ферари му открил дека му отишол на Бриаторе и му рекол: “Сударот не беше во ред, се случи зашто вие така сакавте“

Рено од своја страна потврди дека ќе се појави на суд и дека до тогаш нема да даде никаков коментар.

Овој случај на нечесна игра доаѓа само две години по Степнигејт – аферата која го исправи Мекларен на столбот на срамот и секако е претставува нешто што до крај го разнебитува интегритетот на Формула 1.

 

 
   


 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил