Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Шуми, сепак, не се враќа
 
Spodeli
01 November 2009, 17:15


Шуми, сепак, не се враќа  Шуми, сепак, не се враќа
На разочарување на целиот аудиториум кој со нетрпение го очекуваше на стартот во Валенсија, Михаел Шумахер сепак бил принуден да ги почитува препораките од лекарите по последните прегледи на вратот....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Германецот претрпе сериозен инцидент во текот на тестирањата за германскиот супербајк шампионат на патеката во Картагена, Шпанија на 11 февруари. Оттогаш се нема качено на мотоцикл, но затоа пак по првичниот тест во Муџело и неколкуте излети со картинг се веруваше дека нема да има проблеми да се врати во болидот на Ферари како замена за повредениот Маса. Сепак, медицинските испитувања покажаа дека проблемите се се уште присутни и не се за шегување.

 - “Навистина дадов се од себе да си го овозможам тој привремен кам – бек, но на моја голема жалост, не успеав. Не успеав да ја надминам болката што ми се јави по тестот во Муџело, иако подлегнав на секаква терапија.“

 - “Последиците од повредата по падот од мотоциклот - скршениците во реонот на главата и вратот испадна дека се се уште сериозни. Тоа се резултатите од двонеделните интензивни прегледи и испитувања на докторите. Немав никакви подобрувања по тестот во Муџело, па затоа се одлучив на уште еден последен медицински преглед кој ги даде разочарувачките резултати.“

 - “Ужасно ми е жал за момците од Ферари и за сите фанови кои ми држеа среќа и чекаа да се вратам на патеката. Можам само да повторам дека направив се што е во моја моќ“ – гласи изјавата на Шумахер, објавена на неговата официјална интернет страница.

По ова, тимот од Маранело објави дека Лука Бадоер (на фотографиите) ќе биде замената за Маса.

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил