Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Ексклузивно: Зошто болидите BrawnGP се така супериорни?
 
Spodeli
01 November 2009, 17:12


Ексклузивно: Зошто болидите BrawnGP се така супериорни?  Ексклузивно: Зошто болидите BrawnGP се така супериорни?
Веруваме дека сите донекаде ја знаат приказната за екипата на BrawnGP и како таа настанала. Затоа нивните успеси оваа сезона оставаат без здив. Болидите на BrawnGP во Формула 1 ги декласираа оваа сезона своите конкуренти со новите правила, и однесоа победа во шест од одржани осум трки....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар


Единствени кои донекаде можат да држат чекор со нив се Red Bull со две победи. Сите се прашуваат како овие момци со мал буџет наеднаш имаат така совршен болид кој со релативна леснотија победуваат на трките. Многу се обидоа да ја откријат тајната, но не успеаја да ја дознаат.

На сите нас ни е познато дека чуда во денешниот свет не се случуваат случајно, и дека постои добро логично објаснување за сето тоа. Бившиот возач на Формула 1 Alexander Wurz ја открива тајната на успехот на болидот BrawnGP.

Oд самиот почеток спорниот заден дифузор ќе се покаже како клучен елемент во борба за овогодинешниот првак во поредок и на возачите и конструкторите.

Да се вратиме во време на минатогодишната сезона на Ф1, кога Honda, претходник на денешната екипа BrownGP, направи нешто за што никој не знаел до објаснувањето на Alexander Wurz.

Имено, Honda во моментот кога се уште не донела изненадна одлука за повлекување од учеството во Ф1 на крајот на 2008 сеозната, екипата имаше голем план за развој на болидот по новите правила, па и во момент кога тие до крај не беа дефинирани и вообичаени.

За каков голем проект се работело во Honda најдобро го илустрира податокот дека во тој момент минатата година Honda за развој на својот болид користеше дури 5 воздушни туниели. Тоа се огромни финансиски средства потрошени на воздушни тунели во висина од огромни половина милијарда долари. Тоа е податок кој го објави германскиот магазин „Auto motor und sport“.

„Honda го концентрираше развојот на својот болид во воздушните тунели во три правци кои беа доста различни“. Доста брзо експертите на Honda заклучите дека два правци на развој се целосно погрешни, и сите расположливи капацитети ги насочиле кон единственото решение кое се покажа правилно“, објаснува бившиот пилот Alexander Wurz.

И кога биле пред конечното решение, водството на Honda донело неочекувана и изненадувачка одлука за повлекување од трките на Формула 1, а резултатите ги превзеде и ги искористи Ross Brawn во облик на нова екипа BrawnGP. „Така испадна дека Формула 1 болидот Brawn B GP 001 најверојатно е најскапиот болид некогаш направен во историјата на Формула 1, а реализиран со уверливо најмал буџет“, објаснил Alexander Wurz.

Wurz во меѓувреме му дал на Sebastian Vettel највисоки оценки за доминантното возење на својот Red Bull болид на трката во Silverstone, а исто така вели дека продолжението на сезоната дури сега ќе ја покаже вистинската сила на BrownGP и Red Bull болидите. Кој на овие патеки ќе победи зависи од тоа која патека повеќе му одговара на еден од двата болида.
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил