Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Во прашање е автомобилот но исто така и талентот
 
Spodeli
01 November 2009, 17:09


Во прашање е автомобилот но исто така и талентот  Во прашање е автомобилот но исто така и талентот
Jenson Button се одбрани од нападите дека за се е заслужен неговиот автомобил, но а не и талентот, впрочем заради кој се наоѓа на пат да ја освои првата титула во кариерата....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Шест победи од осум трки од стартот на сезоната го катапултираа 29-годишниот Британец на 26 поени предност во генералниот пласман на возачите во однос на второпласираниот, ша таа разлика во бодовите, поранешната легенда Nigel Mansell, ја гледа како непремостива.

Mansell го опишува болидот BronGP на Button како „магичен автомобил“, како потполна спротивност на минатогодишната Honda, меѓутоа, шампионот од 1992 година истакнал дека Button моментално вози најдобро од било кога во неговата деветгодишна кариера.

Прашањето кое се поставува пред следната трка е токму: колку е во автомобилот, а колку во возачот?

„Тоа е тешко да се одговори, бидејќи секогаш ќе има такви прашања. Кога играте во фудбалски тим, никогаш не се прашувате колку е заслужен голманот, колку одбраната, колку напаѓачите. Се гледа заложбата на целиот тим и токму тоа е Формула 1“, одговорил на ова Jenson.

„Значи во прашање е целиот пакет, и кога сте во еден автомобил и со еден тим толку долго, се чувствувате како едно. Не извојувате поединци. Исто така е и со возачот, кој е битен фактот во автомобилот како и секој друг учесник во тимот“, додава Button.

Шест месеци порано, со Honda која се одлучи да се повлече од овој спорт, судбината на Button и тимот не беше во завидна положба. Тогаш беше незамисливо некој да му рече дека до Силверстон ќе има 26 поени предност.

„Очигледно знаеме колку имавме среќа да дојдеме во оваа позиција, но тоа сепак не ни е дадено на чинија. Работевме напорно за да стигнеме до тука. Сите би требало да бидеме горди на она што го остваривме, и да успееме не само благодарение на брзиот автомобил, туку исто така и со заслуга на целиот тим кој не направи ниедна грешка досега“, заврши Британецот.

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил