Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Електрични автомобили > Ford ќе нуди електричен Focus со соларно полнење
 
Spodeli
12 August 2011, 10:21


Ford ќе нуди електричен Focus со соларно полнење Ford Focus Ford ќе нуди електричен Focus со соларно полнење
Иако зелениот бран во автоиндустријата треба да оди во прилог на природата, мајката природа и не е толку среќна кога електричен автомобил се полни преку 220 v...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Можеби не се загадува толку многу околината директно, но потребната електрична енергија доаѓа директно од вистинските електрани.
 
Во Ford сакаат тоа да го променат. Првиот чекор е понуда на систем за напојување преку соларни фотопанели со капацитет од 2,5 kWh кои ќе може да се сместат на кровот од својата куќа, па така сопствениците на електричниот Focus, својот автомобил ќе може да го напојуваат со сончева енергија.
 
Од ford информираат дека ваквиот систем е способен годишно да генерира околу 3.000 kWh електрична енергија, што е доволно за околу 19.000 km возење годишно, што претставува бројка од околу 50 km дневно во просек.
 
Можеби е малку збунувачки: Како би се полнел автомобилот преку ден кога има сонце, кога преку ден најмногу треба да се вози? Идејата е едноставна. во текот на денот, акумулираната енергија панелите ја испорачуваат до електричен оператор кој има функција да ја чува енергијата, и кој треба да ја испорача до автомобилот ноќе, кога и трошоците за стандардната електрична енергија се помали, бидејќи ноќе електричната енергија е поевтина.
 
За почеток, ваквиот систем ќе се нуди во САД, а потоа, секако и во Европа и се надеваме и кај нас. Ако се досега изгледаше премногу добро за да е реално, еве еден податок кој би не вратил во реалноста што не ни оди во прилог.  Цената на ваквиот систем за возење на автомобил со помош на енергија од сонцето ќе изнесува околу 10.000 долари.

Ford Focus
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Електрични автомобили



 
 
 
 






Одберете нов автомобил