Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Хибриди > Fisker Karma: Производството почна, прв купувач Leonardo di Caprio
 
Spodeli
18 July 2011, 22:33


Fisker Karma: Производството почна, прв купувач Leonardo di Caprio  Fisker Karma: Производството почна, прв купувач Leonardo di Caprio
Луксузен plug-in хибриден седан...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

После повеќегодишен развој, во Финска е покренато производството на американскиот модел Fisker Karma. Последните месеци, најголем предизвик за Fisker Automotive беше наоѓање на компетентен произведувач. Изборот паднал на финската компанија Valmet, која има искуство со малосериско производство на специфични автомобили.    

Производството на луксузниот plug-in хибриден седан Fisker Karma го почна, а првите примероци до купувачите ќе стигнат кон крајот на јули месец. Fisker Karma ќе биде најинтересен за славните и богатите, а интересно е што првиот произведен автомобил ќе биде паркиран во гаражата на Leonardo di Caprio.

Компанијата Fisker Automotive, која ја основа некогашниот конструктор на Aston Martin, Henrik Fisker; тврди дека до овој момент стигнале 3000 нарачки за моделот Karma.
Цената на автомобилот во САД изнесува околу 100.000 долари (за оние кои размислуваат во евра 71.000), а на списокот на идни сопственици, се наоѓаат и имињата на бивши американски државници, Al Gore и Colin Powell.

Седанот Fisker Karma е поставен на основа на просторен алуминиумски рам. Автомобилот го придвижуваат два електромотори со сила од 408 КС, кои енергија црпат од батерии, кои обезбедуваат автономија од 80 километри. Електромоторите ги придвижуваат задните тркала, а под предната хауба се наоѓа турбо-бензински 4-цилиндричен мотор Ecotec со запремнина од 2 литри (260 КС), кој служи како генератор на електрична енергија. Максималната брзина на автомобилот изнесува 200 km/h, а од место до 100 km/h стигнува за само 5.9 секунди.
Valmet има потенцијал да произведе 5 погонски единици седмично, а очекувањата на компанијата се до крајот на годината на го зголеми производството на погонски системи на 300 месечно.
 





Стари коментари
aj da kazam eden ubav zbor........ODLICNO SRABOTENO! i ako nemam nikakvi emocii kon ovoj maloseriski avtomobil!
Напишан од Zmija  пред  околу 100 месеци
daleku podobro od bmwz4
Напишан од PECE  пред  околу 100 месеци
eeee site proizveduvaci da obrakaa volku vnimanie na avtomobilite,ke bese ludnica,kolku samo detali.......vistinsko osvezuvanje vo vreme na konfekcisko proizvodstvo na avtomobili
Напишан од M.M.  пред  околу 100 месеци
Neverojatna kombinacija na Dizajn, Tehnologija i Performansi, ahh tie pusti pari ...
Напишан од Avtomobil  пред  околу 100 месеци
Mnogu ubava kola.
Напишан од 0.0  пред  околу 100 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Хибриди



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил