Корпорацијата Volvo Car прави нов чекор напред на подрачјето на активна сигурност со развој на систем кој го предупредува возачот и автоматски го запира автомобилот во случај на наидување на диво животно на патот. Новиот систем ќе биде лансиран на пазарот во следните неколку години. Проектот на развој на сигурносен систем кој го намалува ризикот од контакт со диви животни е дел од визијата Volvo 2020 според која никој не би требало да доживее поозбилни повреди во автомобилите на овој произведувач. Новиот систем се базира на технологија која го користи Системот за откривање на пешаци со функција на автоматско кочење, претставен 2010 година. Системот се состои од два дела: радарски сензор и инфрацрвена камера која ја надгледува ситуацијата во сообраќајот. Исклучително е важно системот да функционира и ноќе кога се случуваат поголемиот дел од незгодите со дивите животни. Камерата го надгледува патот пред возилото и доколку детектира животно, системот го предупредува возачот со звучен сигнал. Доколку возачот не реагира на време системот автоматски ги вклучува кочниците и самостојно го застанува автомобилот.
Целосна архива на текстови од Технологија