Добивките од новата, многу полесна платформа, ќе бидат подобрени перформанси и намалена потрошувачка. За таа цел, ќе се вградуваат исклучиво турбо бензински мотори од новата генерација, и Common Rail дизели со најнов систем на впрскување. Планиран е и хибриден модел, во комбинација со дизел мотор.
Во внатрешноста се очекува малку повеќе простор на задната клупа, уште поквалитетни материјали и подобра завршна обработка. Се чини дека VW ќе обрне и поголемо внимание на удобноста, па новиот Golf се очекува да биде пред се тивок и удобен.
Спортските модели, повторно ќе бидат застапени до GTI и R изведбите, кои овој пат ќе имаат повисока сила за околу 10%, но и драстично намалена потрошувачка.
На платформата на новиот Golf ќе лежат цела плејада автомобили од концернот, почнувајќи од новиот Seat Leon, преку Skoda Octavia, па до Audi A3. Продажбата на Golf VII треба да започне кон крајот на 2012 година, нормално, засега по непозната цена.
|