Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1        WRC       MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > WRC > WRC Argentina Rally 2011: Loeb шести пат
 
Spodeli
30 May 2011, 23:36


WRC Argentina Rally 2011: Loeb шести пат  WRC Argentina Rally 2011: Loeb шести пат
Галерија од 95 неверојатни фотографии од релито...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Финалната секција на релито во Аргентина, беше еден брзински испит со должина од 48 километри и три кратки „спринтови“. 
 
Sebastien Ogier не го издржа притисокот и веќе на првиот брзински испит го сврте својот DS3 WRC на покривот. Оваа грешка, ја искористи Sebastien Loeb и шести пат победи во Аргентина.
 
Како и во Мексико, Sebastien Ogier во финалниот ден на натпреварот, го исфрли својот автомобил DS3 WRC надвор од патеката превртувајќи го на покрив. Французинот продолжи да се натпреварува во оштетениот болид, а превртувањето предизвика доцнење од 26 секунди. На брзинскиот испит долг 48 километри, Loeb стигна на втората позиција, со заостанување од само 1.6 секунди зад Hirvonen. 
 
 
До целта на релито, остануваа уште три кратки брзински испити. Првиот кратки брзински испит, го освои Jari-Matti Latvala, а второ време забележа Sebastien Loeb, а дополнителни 10 секунди на 3..9 километарскиот брзински тест, „закасни“ Ogier. На претпоследниот брзински испит, најбрз беше Petter Solberg, а уште едно второ место на брзинскиот испит забележа Loeb, кој како искусен „волк“ трчаше кон својата победа. 
Пред последниот брзински испит, Loeb зад својот тимски колега каснеше само 3.3 секунди, а интересно е што Hirvonen пред Power Stage беше само 5.7 секунди зад водечкиот!
 
Најбрзиот возач на Power Stage, беше Petter Solberg, а Ogier во однос на Loeb; изгуби дополнителни 11 секунди, па Французинот мораше да се задоволи со трето место. 
 
Победникот на релито Аргентина не Sebastien Loeb, пред Mikka Hirvonen. Четвртото место, после многу технички проблеми му припадна на Petter Solberg; а солидното петто место го забележи Mads Ostberg. Шестото место му припадна на Federicco Villagra, седми е Latvala и осми е Wilson. 
 
Во конкуренцијата на „производни модели“, единствен возач кој не направи грешка, беше Hyden Paddon. Холанѓанецот победи со предност од скоро осум минути во однос на второпласираниот Patrik Flodin. 
 
Rally Argentina 2011:
 
1. Sebastien LOEB, Citroen DS3 WRC 4:03:56,9 sat
2. Mikko Hirvonen, Ford Fiesta RS WRC +2,4 s
3. Sebastien OGIER, Citroen DS3 WRC +7,3 s
4. Petter SOLBERG, Citroen DS3 WRC +32,6 s
5. Mads ØSTBERG, Ford Fiesta RS WRC +5:16,8 min
6. Federico VILLAGRA, Ford Fiesta RS WRC +6:48,5 min
7. Jari - Matti LATVALA, Ford Fiesta RS WRC +11:34,5 min
8. Matthew WILSON, Ford Fiesta RS WRC +13:32,7 min
9. Hayden PADDON, Subaru Impreza WRX STI +25:43,8 min
10. Patrik FLODIN, Subaru Impreza WRX STi +33:34,2 min
 
Rally Argentina 2011 - PWRC:
 
1. Hayden PADDON, Subaru Impreza WRX STI 4:29:40,7 sat
2. Patrik FLODIN, Subaru Impreza WRX STi +7:50,3 min
3. Dmitrij TAGIROV, Subaru Impreza WRX STi +13:26,9 min
4. Nicolás FUCHS, Mitsubishi Lancer Evo X +18:12,4 min
5. Martin SEMERÁD, Mitsubishi Lancer Evo X +22:15,8 min




Стари коментари
trebaat poveke timovi vo wrc da bide pojako uste ali citroen e citroen :))))
Напишан од ratkapna  пред  околу 100 месеци
Loeb povtorno dokaza koj e kralot sekoja cest
Напишан од Koki  пред  околу 100 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од WRC



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил