Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Lada Granta: Ова е рускиот Logan
 
Spodeli
16 May 2011, 08:30


Lada Granta: Ова е рускиот Logan Lada Granta Lada Granta: Ова е рускиот Logan
Русија имаше голем ден. Домашната компанија AvtoVAZ, и официјално претстави нов модел. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Granta ќе биде најевтиниот автомобил во Европа, чија цена ќе изнесува околу 5000 евра. На промоцијата на новиот автомобил се појави и рускиот премиер Владимир Путин.
 
Наследник 2105
 
Новиот модел на руската компанија AvtoVAZ, во производната програма денес ќе го наследи веќе легендарното „дуо“ типовите 2105 и 2107. Класичниот тропросторен седан се произведува практично без промени веќе 30 години, од 1980 година. Lada 2105 претстана да се производи кон крајот на минатата година, а производството на полуксузната верзија 2107, направена е во IzhAvto. 
 
Идејниот наследник на моделите 2105 и 2107 стана Samara а подоцна 110/Priora, но овие модели и натаму се произведуваа по стара технологија, како евтини алтернативи. Оваа долгогодишна стратегија ја менува токму Lada Granta. 
 
Името го избрал народот
 
Интересно е дека името Granta е избрано во анкета, која на интернет е реализирана во почетокот на летото минатата година. Во анкетата учествуале 48 илјади луѓе од Русија и околните земји, кои пратиле околу 170.000 придлози. Авторот на победничкиот предлог, Pavel Zacharov, на саемот на автомобили во Москва добил јубилејна Lada Kalina, која носи сериски број 26.000.000. 
 
Позната техника во ново „одело“
 
Веќе првиот поглед на овој интересен автомобил, ни открива дека не се работи за целосно нова конструкција. Автомобилот стои на платформа на актуелната Kalina, но Русите истакнуваат дека Grantaе побезбедна, помодерна и покомфорна од Kalina. Првите фотографии ни откриваат дека со Kalina седан (тип 1118), Granta дели и некои каросериски делови, што овозможило трошоците да останат екстремно ниски. Granta за 250.000 рубљи, ќе има мотор од Renault и автоматски менувач од Nissan. 
 
Lada Granta има каросерија со димензии 4.26 х 1.7 х 1.5m, а меѓуосовинското растојание изнесува 2.47 метри. Багажникот е со волумен од 480 литри, а резервоарот може да собере 50 литри. Масата на автомобилот изнесува 1040 до 1100 килограми, во зависност од верзијата, а автомобилот ќе стои на тркала со пречник од 13 до 14 инчи. Коефициентот на аеродинамичен отпор на воздухот, во зависност од верзијата, изнесува 0.35 или 0.36. Иако можеби на некој му се чини дека автомобилот за моделската  2012 е само „куршум во празно“, новитетот не смее да се смета надвор од контекст на цената. Granta ќе чини околу 5000 евра, што е помалку пари од сумата која мора да се издвои за Dacia Logan. На нови информации ќе мора да причекаме, а AvtoVAZ истакнал дека до 2020 година, ќе претстави девет нови модели на четири различни платформи. Кон крајот на идната деценија, Lada на пазарот ќе пласира по околу 1.2 милиони возила годишно. Lada во моментот продава околу 570.000 возила годишно. 

 




Стари коментари
kopuci a da poglednevte i drugo klipce na internet nemase da treskate gluposti deka zapalila od sesti pat.putin koga ja palel pritiskal na pedalot na gas, a site sto imale 110 znaat (ili barem bi trebalo da znaat)deka se pali samo so kluc bez pritiskanje na pedalot za gas.
Напишан од lada  пред  околу 103 месеци
Sranje e Lada. Jas imav nova lada 110 KATASTROFAAA!!! ovaa ke bide ista takva. nemoj ne se lazete ka kupuvate vakvo sranje.
Напишан од PePic  пред  околу 104 месеци
Ладава да дојде кај нас сите таксисти има да ја купат
Напишан од Borsa  пред  околу 104 месеци
Лада мошне тешка кола за возење али сепак за Лада би рекол кој пробал знае
Напишан од Ѓоре  пред  околу 104 месеци
od start si napraja anti reklama so nepalenjevo na ladava.za istite pari kolku so bese edno skapano jugo sigurno ke e podobra barem bagas imat pogolem od jugo.lani lada bese najdobra kola zosto nemase nitu edna servisna intervencija za ispravanje fabricka greska;ZOSTO!!! zosto sve raboti mehanicki nemat nitu elektronika nitu senzori.
Напишан од meco  пред  околу 104 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 7
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил