Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Хибриди > Како работи најнапредниот хибриден автомобил во светот?
 
Spodeli
23 February 2011, 23:12


Како работи најнапредниот хибриден автомобил во светот?  Како работи најнапредниот хибриден автомобил во светот?
Volvo им покажа на повеќето производители на автомобили како треба да работи еден хибриден мотор...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Volvo, шведскиот производител, заедно со Geely, на саемот во Женева ќе го претстави најнапредниот хибриден автомобил во светот, V60 plug-in hybrid. Овој хибриден автомобил е комбинација на дизел и електричен мотор. Новост кај овој автомобил е и тоа што неговата батерија освен преку кочење може да се полни и преку стандарден штекер. Возачот има слобода во изборот на начинот на кој ќе вози, дали ќе го користи само дизел моторот, дали ќе го користи само електричниот мотор или пак комбинација од двата – хибриден режим.

Дизелскиот D5 мотор има моќност од 214 КС и 440 Nm од 2,4-литарскиот мотор, додека електричниот мотор располага со 70 КС и 200 Nm. Доколку се користи само електричниот мотор, V60 може да помине 50 km, но со полна батеријатој може да помине и 1,300 km со просечна потрошувачка од 1,9 l/100km.
 
Мора да се напомене дека овој хибриден автомобил не спаѓа во групата на спори економични автомобили, бидејќи во комбинација на 285 КС и 640 Nm тој забрзува од 0 до 100 km/h за 6,9 секунди.
 
Повеќе за најнапредниот хибриден автомобил ќе знаеме по неговата премиера во Женева, а до тогаш на располагање ја имаме видео презентацијата која ја објави Volvo. 
 




Стари коментари
*ни хибрид ни фулелектрик НЕ се иднина...
Напишан од Мали Џокица  пред  околу 106 месеци
Ни хибриди, ни фул електрик коли се иднина. Како второ неможе да речеш дизел плус хибрид, туку дизелски хибрид - хибрид не значи на струја, туку (просто) дека е нешто спој на две и повеќе работи. Трето не се секирајте дека у скоро време ќе снема нафта, се во светот е на фосилно гориво така да ако снема светот ќе застане (нема ни авиони да летат ни ништо), и како америка ќе ја одржи моќта? Има нафта, доволно.
Напишан од Мали Џокица  пред  околу 106 месеци
Toa e idninata za avtomobilite, diesel i plus hybrid.Kako shto odi razvojot na nastanite vo svetov litar gorivo ke ne cini 5 evra. Bravo za Vafenfal,Volvo I Geely.
Напишан од Volvo  пред  околу 106 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Хибриди



 
 
 
 






Одберете нов автомобил