Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Robert Kubica успешно опериран!
 
Spodeli
08 February 2011, 12:00


Robert Kubica успешно опериран!  Robert Kubica успешно опериран!
Пред нас се првите официјални извештаи за здравствената состојба на Rober Kubica. Полскиот возач зад себе има операција која траеше седум часа. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Најголемата непозната беше дали на Kubica ќе му биде ампутирана раката, но можеме сите да воздивнеме – операцијата е успешна, раката е сочувана, а Полјакот го чека најмалку едногодишна рехабилитација...
 
Rober Kubica (26) го оперирале двајца специјалисти. Едниот тим бил задолжен за десната рака, а другиот за ногата. Лидерот на хируршкиот тим, Mario Igor Rossello, изјави: „Пациентот имаше две многу сериозни повреди, но за среќа успеавме да ја сочуваме неговата рака. Сега можеме само да чекаме, пациентот е хоспитализиран на одделението за интензивна нега и таму ќе биде најмалку пет дена. Во овој момент, не можеме да ги исклучиме компликациите или нови хируршки зафати. По мое лично мислење, го чека минимално рехабилитација во траење од една година.“


 
Rosselo истакна, дека ампутација на раката била како опција: „Ситуацијата беше многу озбилна, раката речиси само што не беше ампутирана. Најпрвин моравме да ги составиме коските, а потоа работевме на комбинација на мускулите и нервите. Операцијата можеме да ја оцениме како успешна. Во овој момент не можеме да ја предвидиме иднината, но јас сум оптимист. Пациентот би можел да ја поврати функционалноста на целата дланка и целата рака. Можеби ќе биде во ситуација да продолжи да се натпревариува, но тоа ќе бара долг период на рехабилитација. Лечењето ќе трае сигурно една година. Но, се помина добро.“
 
Да потсетиме, Kubica е официјален возач на Lotus Renault тимот, кој пред само неколку дена учествуваше на зимските тестови во Валенсија, каде покажа завиден потенцијал пред новата сезона на Формула 1. После завршените тестови, тој отпатува за Италија, каде во автомобилот Skoda Fabia S2000 стастуваше на релито Rally Ronde di Andora. После поминати 4.5 километри, Полјакот ја загуби контролата над автомобилот и удари во ѕид на локалната црка во селото Testico, а потоа во „заштитната“ банкина. Според неофицијалните информации, врвот на „банкината“ поминал низ моторскиот простор во кокпитот на автомобилот и му задал на Kubica тешки телесни повреди на десната рака и нога. Токму таа метална бариера го комплицирала и неговото извлекување од кршот, кое траело околу еден саат. Полјакот е извлечен од автомобилот и со хеликоптер транспортиран до болница во Ѓенова, каде е и опериран. 
 
Mario Igor Rossello е директор на Регионалниот центар за хирургија на рака во болницата Сао Паоло во Савона и важи за светски признат хирург во таа област. 

 
Релито е неговата страст, но сега Robert Kubica ги преживува можеби најтешките моменти од својот живот. Полскиот Ф1 пилот доживеа тешка несреќа на Rally Ronde di Andora, кога во својот премиерен настап во болидот Skoda Fabia S2000, удати во ѕидот на локалната црква во селото Testico. Kubica мораа да го вадат од автомобилот, и да го транспортираат со хеликоптер до болницата.  
 
Несреќата се случила на првиот брзински испит, после само 4.6 километри возење. Автомобилот удрил во ивицата на ѕидот од локалната црква. За време на спасувањето, Полјакот бил во свесна состојба, и комуницирал со лекарите. Малку подоцна е пренесен во болницата Pietra Ligure, недалеку од Џенова во Италија. 

 
На својот Facebook профил, неговиот совозач, Jakub Gerber, објавил дека не е повреден и дека добро се чувствува. Според последните неофицијални информации, полскиот пилот има преломи на горните и долните екстремитети, вклучувајќи и прелом на бутната коска. Теката после хаваријата е приканата, а останатите преминувања на брзинскиот испит се скратени за 4 километри. Откако го обновил својот статус совозачот Kubica, Jakub Gerber, се огласи и полскиот рели возач Leszek Kizaj. Тој истакнал дека информациите за можната ампутација на раката на Robert Kubica не сака да ги коментира и дека тие се најобични дезинформации. 
 




Стари коментари
sreka so e skoda inaku nemase da bide zif momentalno ceska go ima najkvalitetniot celik
Напишан од razor  пред  околу 102 месеци
Da se nadevame deka golemiot majsor ke se vrati uspesno so sto ke gi izraduva site iskreni ljubiteli na F-1. Kubica bil i ke bide vrven F-1 vozac, a toa i ke go dokaze koga ke se vrati ziv i zdrav. Napred majstore
Напишан од winter wolf  пред  околу 102 месеци
Kade vi e covecnosta be lugje, se raspravate za koli a ne vi teknuva da dadete podrska ili bar edno URAAA za covekov koj 7 casovi se borel za zivot. Napred Kubica pobrzo da ozdravis!!!
Напишан од Kubica  пред  околу 102 месеци
Ne samo sto kasnite tuku ne ste se potrudile ni da gi koregirate greskite sto ste gi napravile pri kucanje na tekstot, mislam deka e mnogu neprofesionalno od vasa strana, pa blog da bese na nekoj amater ke se potrudese da nema tolku mnogu greski. (primete go ova dobronamerno)
Напишан од revpermin  пред  околу 102 месеци
Skoda koga pravese vozila, VW ne postoese. Ne komentirajte se i sesto.
Напишан од .  пред  околу 102 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил