Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Red Bull и Mercedes ги претставија болидите за наредната F1 сезона
 
Spodeli
03 February 2011, 02:13


Red Bull и Mercedes ги претставија болидите за наредната F1 сезона  Red Bull и Mercedes ги претставија болидите за наредната  F1 сезона
Шампионскиот Red Bull Racing, под ознака RB7 го откри платното на болидот кој ќе се натпреварува во 2011-та. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Болидот беше претставен во Валенсија, а има препознатливо висок нос, а во однос на својот претходник (RB6) има повисок поклопец на моторот и друг прилично различен концепт на изведба на задното крило. 
 
Минатогодишниот било Red Bull RB6 доминираше во сезоната 2010, победи на девет натпреварувања, а освои и 15 пол позиции. Sebastien Vettel  ја освои шампионската титула, а Mark Webber заврши како терт во генералниот пласман. За изгледот на овој болид, првиот коментар го даде коментаторот на станицата F1 Technical: „Успеавме уште повеќе да го намалиме задниот дел на автомобилот. Само ме интересира каде го сместиле менувачот“. 
 
 
Шефот на тимот, Christian Horner изјави: „ Во текот на овие шест години, Red Bull стана етаблиран тим со освоени пакет шампионски титули. Тоа е јасен знак за посветеноста и напорната работа на сите вработени. Добар пример е одлучноста и работата, а во 2010 година беа и нашите застанувања во боксот. 
 
Момците направија добра работа, а на поголемиот дел од напреварувањата бевме најбрзи од сите. Нашата цел е јасно: сакаме да ги одбраниме нашите шампионски титули.“ А, своја изјава имаше и, F1 шампионот Sebastien Vettel: „Ќе биде тешка сезона, можеби и потешка од минатата. За целите отворено зборуваме: ОК, одиме по титулата! Сакаме да ги одбраниме и двете титули.“
 
 
Слична изјава имаше  неговиот тимски колега Mark Webber: „Имам голема прилика и одличен тим околу мене. Ќе се обидам да ја завршам работа која ја почнав претходната година. Многу сме оптимисти. Веруваме дека болидот е добар, многу добар. Момците за време на зимата направија одлична работа. Минатата година, 80% од сезоната бевме водечки. Нашата цел е оваа година да бидеме уште подобри.
 
 
Друг од интересните болиди кои беа претставени е и болидот на Mercedes за сезоната 2011. Новиот болид ја носи ознаката W02, а пилотите за 2011 година се истите од лани - Michael Schumacher и Nico Rosberg. На чело на тимот е Ross Brawn кој заедно со тимот има високи цели, а планот е „напад“ на шампионската титула. 
 
Болидот има потполно нови отвори за ладење, односно аеродинамика, а унапреден е и носот на болидот, кој е повишен, што дефинитивно станува тренд во Формула 1. Унапредено е „лакирањето“ на болидот, а заради главниот спонзор на екипата, компанијатас Petronas, доминантна е зелената боја, во пакет со препознатливата сребрена од минатата сезона. 
 
 
Ross Brawn изјави: „Секогаш е возбудливо да се види нов болид, кој прв пат ќе се движи по патеката. После нашата прва година во позицијата на фабричкиот тим на Mercedes-Benz, полека почнуваат да се откриваат резултатите на соработката на нашите одделенија за шасија и мотори. Со добра техничка структура и засилена натпреварувачко-инженерска организација, како во фабриката така и на патеката, верувам дека во сите клучни области направивме добра работа. Со нетрпение ја очекувам новата сезона.“
 
 
Легендарниот Michael Schumacher, кој од 2007 до 2009 година направи пауза, а минатата година се врати во мизерна форма изјави: „ Се радувам на новата сезона. Веруваме дека во новата сезона ќе бидеме на подиумот, а идеално на највисокото место“ – истакна седмократниот Ф1 шампион, алудирајќи на нешто што можеби реално и не треба да се очекува од него. Повеќе би се реклмо дека помладиот и многу талентриан Nico Rosberg би можел да се бори за титула, секако во случај доколку тимот навистина направил конкурентен автомобил.
 




Стари коментари
Ferarri ke gi ostavi site pozadi ovaa godina
Напишан од martin  пред  околу 104 месеци
mclaren немаат висок нос туку напротив низок мислам на нивниот најнов болид mp4-26 кој го презентираа во германија пред 2 дена на 4ти фебруари.
Напишан од славчо  пред  околу 104 месеци
Вика горе „препознатливиот висок нос“ ама нешто оваа сезона сите што ги презентираа до сега се со високи носови. Сигурно има нешто у тоа.
Напишан од Мали Џокица  пред  околу 104 месеци
Napred Ferarri ;))))
Напишан од Borche  пред  околу 104 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил