Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Интервју > Интервју со тркачкиот директор на Citroen, Olivier Quesnel:
 
Spodeli
02 February 2011, 01:19


Интервју со тркачкиот директор на Citroen, Olivier Quesnel:  Интервју со  тркачкиот директор на Citroen, Olivier Quesnel:
Како продолжение на најавите за новата сезона во WRC и претставувањето на Citroen Racing за 2011, ќе објавиме серија на интервјуа со претставници од француската екипа која годинава ќе настапи со WRC верзијата на DS3....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Какво е севкупното чувство пред почетокот на сезоната? Дали сте нестрплив, релаксиран или загрижен?
„Ќе речам дека се чувствувам во основа релаксиран! Вистина е дека со нетрпение ја очекувам Шведска за да најдам одговори на прашањата кои си ги поставуваме во овој момент. Дали направивме добра работа? Дали нешто пропуштивме? Ќе знаеме дел од одговорите на финалната цел на првата патека, но треба да се знае дека патеката во Шведска не е одраз на целиот шампионат. Треба да ги држиме главите ладни. Citroen Racing докажал дека е победничка машинерија, и нема причина зошто да се плашиме во успехот кој сме го заслужиле. Ја имам сета доверба во тимската работа, но искрено во основа сум нестрплив да почне релито.“
 
Мислите ли дека можете да се справите со ривалството на Sebastien Loeb и Sebastien Ogier?
„Ќе биде лесно во Шведска! И двата возачи тргнуваа со нула поени. Како што секогаш било случај во минатотот, Citroen им дава апсолутно идентични автомобили. 
Ако едниот постави побрзо време од другиот, тоа е едноставно бидејќи е побрз. Не сум таков човек кој непотребно се става под притсок? Немам намера да се занимавам со некое потенцијално ривалство во моментот. Во моментот можам да ви кажам дека сите припаѓаме на исто семејство. Иако титулата за најдобар возач е попрестижна и поинтересна за медиумите сепак поголема важност има титулата за конструктори. Нашите возачи се интелигентни  момци и тие се целосно свесни што му е важно на Citroen.“
 

Citroën Racing Technologies дава три DS3 WRC болиди на други приватни тимови, Што е целта на тоа?
„Додека го очекуваме почетокот на новите производители во WRC, должност на Citroen е да помогне во одржувањето на маѓијата на шампионатот. Затоа сме среќни со договорите кои ги постигнавме со Petter Solberg, Kimi Räikkönen и Peter van Merksteijn.
Ултимативната цел на Citroen Racing е не да ги изнајмување нашите автомобили, туку да ги сметаме овие возачи како дел од нашето семејство.“
 
Активностите на Citroen Racing не се лимитирани само на WRC. 2010 година беше обележана со претставувањето на DS3 R3 и DS3 Racing. Што заклучовци извадивте од овие премиери?
„DS3 R3 е продолжение на долга линија на автомобили планирани за други тимови. Во само неколку месеци стана своевиден стандард во својата категорија. Од продажна гледна точка тоа резултираше со многу поголем број на порачани автомобили од тоа што очекувавме. 
Восхитени сме со успехот на DS3 R3 што го покажавме со промотивни турнеи организирани од Citroen Racing Trophies низ цела Европа. DS3 Racing исто така е успех. 2000-те автомобили направени беа продадени за само неколку дена, и сега размислува за зголемување на годишното производство.“
 

 
Кои се перспективите во овие два сегмента?
„Дизајнерските серии на спортски модели претставуваат нова активност на Citroen Racing, и ни носи нови перспективи во сосема нови пазари. Понесени од успехот на DS3 Racing, размислуваме да ги адаптираме и другите модели од DS класата. 
Што се однесува до конкуренција/клиент делот заинтересирани за можен „FIA R4з“ сетот на правила, кои ќе ни помогнат да развиеме R3-тип на автомобили со погон на 4 тркала. Тоа ќе биде фантастична алатка за тренинг на младите возачи“. 
 
„FFSA Rallye Jeunes“ операцијата за детектирање и тренинг на нови надежи често се става како одредница за овој вид на иницијатива. Денес, Citroen објавува партнерство со French Motor Sport федерацијата за да обнови оваа шема. Зошто?
„Мислам дека тоа е тотално логична асоцијација. Со влегувањето на Sebastien Loeb и Sebastien Ogier во WRC, Citroen им овозможува на младите луѓе можност да го остварат својот сон. Со „Rallye Jeunes“, концепт развиен од FFSA, ние ќе им овозможиме шанса да го допрат сонот со своите прсти така што ќе им дадеме можност да се докажат зад воланот на DS3. 
 
За најталентираните од нив патот е трасиран и тој води на врвот. Исто така би додал дека „Rallye Jeunes“ е фантастична маркетиншка операција, и ќе овозможи ијадници млади луѓе да дојдат во дилерските салони на Citroen да се обидат да го фатат врвот на светот трасиран од Citroen.“
 
Дали можете да ни дадете малку повеќе информации за условите?
Процесот креиран од FFSA е: учесниците мора да бидат постари од 18 а помлади од 25 години. Шест регионални натпревари во Франција ќе одлучат за најдобрите возачи кои ќе се пласираат во националното финале. Официјалниот старт на операцијата треба да почне со Француското рели во 2011, и двата победници ќе бидат наградени со програма од 6 трки на French Rally шампионатот.“




Стари коментари
(Иако титулата за најдобар возач е попрестижна и поинтересна за медиумите сепак поголема важност има титулата за конструктори.) Ова ми се допадна !!!
Напишан од Автомобил  пред  околу 104 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Интервју



 
 
 
 






Одберете нов автомобил