Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Global Small се очекува во Женева
 
Spodeli
30 January 2011, 17:34


Global Small се очекува во Женева  Global Small се очекува во Женева
Митсубиши моторс во Женева премиерно ќе го презентира концептот на Митсубиши (Global Small), концепт на возила базирани на компактност, достапност и ниска потрошувачка на гориво....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Концептот на Mitsubishi, Global Small е концепт на патничко возило, кое според планот ќе започне да се производува од март 2012 година, во третата нова фабрика на корпорацијата Митсубиши Моторс во Тајланд.
 
Карактеристиките на концептот на Global Small се одлично маневрирање и лесно управување, својствени за еден мал компактен автомобил, доволно усовршен за во него да може комотно да седат 5 возрасни патници. 
 
Дополнително, Global Small треба да биде водач во својата класа со ниска потрошувачка и, во просек, со емисија на CO2 од 90г/км, што се должи на:
 
Употреба на механизам idling stop ( гасење на моторот во лер) 
А 1,0 – 1,2L  компактен мотор опремен со регенеративен систем за сопирање
Намалена тежина на најкомплексните делови
Намалени отпори на триење во моторот, нова генерација на CVT, сопирачки и пневматици
Ентериер или дизајн што го намалува аеродинамичниот отпор
 
На 81. Интернационален саем на автомобили, кој ќе се одржи од 1 до 13 март во Женева, корпорацијата Митсубиши Моторс ќе изложи вкупно 12 возила (6 за време на денот за новинари), вклучувајќи возила што се веќе во продажба во Европа, заедно со 100% електричниот I- Miev, од кој во последните 3 месеци веќе се продадени 2.500 возила*  во Европа. 
 
* Оваа бројка ги вклучува моделите Peugeot iOn и Citroen C-ZERO.
 




Стари коментари
Bravo...
Напишан од Mercedes  пред  околу 106 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил