Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Mini Roadster за макси уживање
 
Spodeli
24 September 2009, 16:35


Mini Roadster за макси уживање  Mini Roadster за макси уживање
На штандот на Mini, друштво на Coupe Concept му прави и Roadster Concept – атрактивен двосед со мек склоплив кров и мотор моќен 175 КС....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Mini ја потполни својата понуда со нови два атрактивни двoседи – по Coupe Concept (за кого веќе пишувавме) претставен е речиси идентичен модел, но без кров – Roadster Concept. Како и купето, се темели на модифицираната Mini hatch - платформа, при што багажниот простор му е ист како и кај купето - 250 литри кој не се менува без оглед на положбата на кровот.
 
Мекиот склоплив кров се пакува рачно и тоа за само неколку секунди. Под хаубата се наоѓа 1.6 – литарскиот турбобензинец, но не со 208 КС како во купето (дело на John Cooper Works), туку оној со 175 КС и 260 Nm познат од моделот Cooper S.
 
Една од интересните новости е мултифункционалниот дисплеј кој го заменува Openometer-от од класичниот кабриолет, а ги исчитува следните параметри карактеристични за Mini: Nature Guard (колку еколошки свесно возите), Highspeed Shifter (индикатор за промена на степенот на пренос при максимална моќност), Gravity Indicator (мерач на инерцијалната сила), Heart Beat (бројот на вртежите на моторот визуелизиран како отчукување на срцето) и Buddy Radar (со кој може да се види каде се наоѓаат другите возачи на Mini во потесната околина).
 
Двата модела, и Coupe Concept и Roadster Concept, дефинитивно тргнуваат во сериско производство, а на пазарот се очекуваат во 2011 година.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил