Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Расте Prius фамилијата – еден семеен и еден градски хибрид од Toyota
 
Spodeli
12 January 2011, 03:47


Расте Prius фамилијата – еден семеен и еден градски хибрид од Toyota Toyota Prius V Расте Prius фамилијата – еден семеен и еден градски хибрид од Toyota
Енормниот успех на Prius низ целиот свет, ја натера Toyota да лансира уште модели со истото име, во различни каросериски изведби...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Премиера на саемот во Детроит, имаа Prius V, моноволуменска изведба на популарниот хибрид и Prius C Concept, помала, поевтина и поекономична варијанта, наменета за помладите луѓе. Моноволуменот уште веднаш ќе биде лансиран на пазарот во САД, а наскоро се очекува да пристигне и во Европа.



Именувањето на моделите со Prius не е случајно – ова име стана синоним за хибриден, односно чист и економичен автомобил. Моделот V, ознаката ја носи од зборовите Versatility и Volume, односно функционалност и волумен. Овој модел е наменет за семејствата, на кои кабината на оригиналниот Prius не им е доволно пространа и функционална, а истите и натаму сакаат економичен автомобил кој е пријател на околината. Впрочем, покрај поголемиот простор на предните и задните седишта, Prius V нуди и 50% поголем багажен простор, што е секако добредојдено за фамилиите.

Погонот со кој ќе се движи Prius V е оној истиот од Prius, односно 1,8 литарски бензинец комбиниран со електричен мотор, за заедничка сила од 134 КС. Перформансите секако се очекува да бидат послаби, исто како и потрошувачката, која би изнесувала околу литар повеќе, во превод 4,8 литри на 100 km. Но, не е лошо за еден фамилијарен моноволумен, нели? Ваквите резултати, и покрај зголемувањето на димензиите и масата во однос на Prius, се постигнати пред се благодарение на извонредната аеродинамика од 0,29 cW, што е најдобар резултат за еден моноволумен.



Другиот новитет на Toyota на саемот во Детроит, Prius C Concept, пак зазема друг правец. Овој модел е помал од оригиналниот Prius, а следствено на тоа и ќе биде поевтин и многу поекономичен. Очекувајте под 20.000 евра стартна цена и потрошувачка под 3,5 литри на 100 km во просек. Моделот, и покрај тоа што ќе има пет врати и целосно функционална внатрешност, ќе биде наменет за младата динамична популација, која би ја привлекол поевтиниот, почист и технолошки напреден транспорт. Моделот C (Compact) во сериската изведба треба да пристигне наредната година, кога ќе се знаат и повеќе информации околу погонот, кој би можел да има дури и посилна изведба и да се спротивстави на Honda CR-Z.

Покрај овие два модели, внатрешни извори од Toyota најавуваат и хибридно купе, кое веројатно ќе го носи името Prius, па дури и пик-ап модел за американскиот пазар! Иако ќе се лансираат повеќе модели со истото име, Prius веројатно нема да биде лансиран како посебен бренд, како што е случајот со Lexus или Scion на американскиот пазар.





Стари коментари
Izgleda kako 2010god taka i vo 2011 godina markive ke isfrlaat na pazarot sve pogrdi i pogrdi avtomobili vklucuvajki gi i honda-acord, mercedes E, i taka natamu
Напишан од soundfree  пред  околу 106 месеци
the future... today. toyota. tolku, se e kazano.
Напишан од toyota fan  пред  околу 106 месеци
kolite se kako zenite.ako e ubava togas mnogu trosi.ubava e dodeka i priogas...no koga ke vlezes vo nea(legnes)ocekuvas da zapali da ne te izneveri da e idrzliva i dolgo da trae i malku da trosi(pari)platon--ubavinata(dizajnot)e nesto zivotinsko ako ne e povzano so pametot i dusata(motorot--dolgotrajnosta.pozdrav do site
Напишан од goran-honda  пред  околу 106 месеци
leksus,neznaes sto sakas.vsusnost toa e i najd.avtomob,na site vreminja vo svojot segment.tocno e deka italij.i germansk.dizajn e poubav. no japoncite se asovi vo tehnika motor izdrzlivost itn.primer honda 160ks od 1600cm3 i toa atmosverski motor.Denes se uste nikoj go nema postiganto toa.
Напишан од goran-honda  пред  околу 106 месеци
leksus,neznaes sto sakas.vsusnost toa e i najd.avtomob,na site vreminja vo svojot segment.tocno e deka italij.i germansk.dizajn e poubav. no japoncite se asovi vo tehnika motor izdrzlivost itn.primer honda 160ks od 1600cm3 i toa atmosverski motor.Denes se uste nikoj go nema postiganto toa.
Напишан од goran-honda  пред  околу 106 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 3
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил