Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Официјално: од 2013 F1 болидите ќе возат со 1,6 турбо мотори!
 
Spodeli
05 January 2011, 14:49


Официјално: од 2013 F1 болидите ќе возат со 1,6 турбо мотори!  Официјално: од 2013 F1 болидите ќе возат со 1,6 турбо мотори!
Полека можеме да се поздравиме со високо туражните V8 машини во F1 болидите – настапува новата турбо ера!...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Почнувајќи од 2013 година, болидите ќе возат нови, 1,6 литарски турбо мотори со четири цилиндари. Иако зафатнината се чини мала, овие агрегати имаат повисок потенцијал, па затоа и ќе бидат ограничени на 12.000 вртежи во минута, за разлика од V8 моторите кои се ограничени на 18.000.

Иако се уште нема некои официјални бројки за тоа колкава ќе биде силата на овие агрегати, се претпоставува дека ќе биде слична на актуелните 2,4 литарски V8 единици. Онаму каде турбо моторите ќе бидат многу подобри, е потрошувачката на гориво – ќе трошат 35% помалку! Од друга страна, се очекува за нивниот развој тимовите да потрошат многу повеќе пари, бидејќи се почнува од почеток...

Уште поинтересно е што, со почетокот на турбо ерата, се очекува да биде намален и бројот на моторите кои ќе смеат да се користат во сезоната и тоа од осум колку што се дозволени сега, на само пет, односно по еден помалку секоја наредна година...

Она што на крај нас најмногу не интересира е колку овие промени ќе придонесат за спортот да стане поинтересен за гледачите. Што мислите вие? Коментирајте подолу!





Стари коментари
ova ke bidi seto `sranje. nema da bidi f1 tuku nekoja trka na vodno. pozdrav .krusevo
Напишан од bobo  пред  околу 105 месеци
Samo da ne se so turbini so varijabilna geometrija....
Напишан од CaveMan  пред  околу 105 месеци
sigurno nema da dozvolat da bidat pospori od segasnive,pred 20 i kusur godini so1.5 l motor imaa 1200 ks denesnive ako nisto poveke ke bidat barem slicni ako ne i posilni,a za zvukot steta za oni koj ne gi obozavaat visokite noti
Напишан од fxx  пред  околу 105 месеци
moze da bidat mnogu podobri so toj motor 1.6 ako masata na bolidot se namali za 200 kg.
Напишан од dimitar  пред  околу 105 месеци
moze da bidat mnogu podobri so toj motor 1.6 ako masata na bolidot se namali za 200 kg.
Напишан од dimitar  пред  околу 105 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 5
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил