Новиот кросовер на Volvo ќе треба да биде конкурент на германските Audi Q3 и BMW X1. Volvo веќе одамна го загуби чекорот со германските конкуренти, но според новите планови и зборовите на извршниот директор Stephen Jacoby нештата можат да се сменат. Како што најавија од Volvo овој модел според луксузот, возните својства и цената ќе биде сместен веднаш до Audi Q3 и BMW X1.
XC30 најверојатно ќе биде поставен на изменетата платформа од поголемиот брат XC60. XC30 ќе добие и интелегентен погон на четири тркала. Од Volvo се надеваат дека XC30 ќе успее да се приближи до успехот на поголемиот брат, XC60 кој е најпродаван модел на Volvo.
Новиот седан S60, како и V60 и XC60 треба да бидат инспирација за дизајнот на новиот модел – XC30. Шведската компанија со новиот дизајнерски правец се надева дека ќе успее да биде примамлив и за помладите купувачи.
Внатрешноста ќе биде слична на она што сме навикнати да го гледаме од Volvo, класични линии и високо ниво на квалитет.
XC30 иако нема да биде голем автомобил, сепак ќе биде од големо значење за шведската компанија. Овој модел нема да биде подолг од 4.350 mm, но тоа нема да биде пречка XC30 да понуди солиден багажен простор и комотно сместување на сите пет патници.
Исто така од Volvo најавија дека XC30 ќе се произведува и за кинескиот пазар каде меѓуоскиното растојание ќе биде поголемо.
|