Ова не е прв пат каде кинеските производители ги копираат европските конкуренти, но е прв случај во партнерските односи.
BAIC успешно го ископирале надворешниот дизајн на B-класата , а, интересно, и внатрешниот изглед е огледало на автомобилот од Европа.
Единствено нешто различно е моторот, каде тенологијата на Mercedes се покажала сепак како преголем залак за кинескиот производител. Кинезите тука ги вградуваат 1.3 и 1.5 литарските бензински мотори на Mitsubishi, кои доаѓаат заедно со шест-степениот менувач или CVT менувач.
Од Mercedes засега нема реакција, а Кинезите освен пет-вратната изведба најавија и караванска и лимузинска изведба од истиот автомобил.
|