Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА       ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Возевме > 3008 – Првиот Cross-over на Peugeot
 
Spodeli
29 October 2009, 04:29


3008 – Првиот Cross-over на Peugeot Peugeot 3008 - old 3008 – Првиот Cross-over на Peugeot
Кога размислувавме за насловот за текстот за 3008, дојдовме до заклучокот дека и не мора да има само еден наслов. Како што самиот автомобил не мора да припаѓа само на една класа и да задоволува само одреден круг на купувачи, така и ние може да користиме повеќе наслови. За да бидеме појасни - не вел...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На тест рутите низ Дубровник со моделот 3008 поминавме околу 150 km со 1.6 бензинецот со 150 КС и, но и со 1.6 HDI со 110 КС.

Со задржан Peugeot идентитет, инжинерите и дизајнерите на Peugeot успеале целосниот квалитет на возилото да го постават на многу високо ниво. Приоритет секако е даден на комфорот на патниците, но и на возните својства, како и на неколку ситни, но и многу битни нешта, резултат на инвентивната технологија вградена во 3008. Затоа и очекувањата се големи, а првичните импресии и повеќе од солидни.

Дизајн     

На платформата на 308, со архитектура на crossover, подигнат повисоко и со должина од само 4,36 метри, првиот впечаток во однос на неговиот дизајн е дека во Peugeot апсолутно успеале да го задржат изгледот на концептниот Prologue. Сепак, приоритет сепак e даден на комфорот и на возните својства, што и не треба да биде изненадување, имајќи в предвид која е намената на автомобилот.

Секако дека е задржан Peugeot идентитетот, со извлечени предни светла нагоре и со голема маска во предниот дел, но се некако не потсетува на многу успешните германски модели низ историјата, кои ја следеа филозофијата  ‘Функцијата ја следи формата’. Таков е 3008. Тоа секако е резултат на определбата на компанијата да го понуди она што многу француски модели го немаа во минатотото - најдобри возни својства и високо ниво на функционалнист.

Ентериер     

Ентериерот на 3008 има прилично различен дизајн од она што Peugeot досега не навикна. Peugeot. Аголот на поставеност на управувачот е ист како кај 308, а не како кај некои мулти-функционални возила, што директно влијае на зголемување на уживањето при возењето, како во некое купе.

Веднаш е забележливо дека се користени многу квалитетни материјали, завршната обработка е на многу високо ниво, а многуте хромирани детали имаат функција на зголемување на чувството на премиум автомобил. Нема да згрешиме ако кажеме дека комплетно ваков ентериер може да се носи со било кој премиум модел, особени и заради креативноста благодатерение на која изгледот на ентериерот никого не остава рамнодушен. Интересно, седењето високо, погледот е како кај SUV возило, но дизајнот на инструмент таблата и целосно ентериерот е како во некое купе.

Ако на ова се надополни и перфектната звучна изолација, која се добива и благодарение на оптимизираната аеродинамика, заклучок е дека секое евро платено за 3008 вреди. Ниту звук од ветерот кој е карактеристичен за повисоките возила, ниту звук од подвозјето, па дури и минимален звук од дизел моторот. Фантастично.

Дополнително, внатрешноста е исполнета со многу простор за оставање на ситници, што само ја надополнува желбата на  производителот да направи автомобил во кој патниците возењето и патувањето е вистинско уживање. Мирно и пријатно каков што е Дубровник. Французите знаат да одберат дестинација за светска промоција. Ништо не е оставено на случајноста.

Во 3008 Нема верзија со 7 седишта, само со 5, но затоа модуларноста е на високо ниво поради леснотијата со која се спуштаат задните седишта. Багажникот собира 512 литри и дури 1241 л. со спуштени задни седишта.

Новитети / технологија

Од компанијата најавуваа и имплементираа многу нова технологија во 3008. Grip Control системот кој има функција на 4x4, за подобрување на возните својства на разни подлоги (трева, дожд, снег, песок...). Новитет е и Dynamic Roll Control системот, за подобрување на стабилноста, а со тоа и зголемување на безбедноста на возилото.

Како технолошките новитети  во 3008 се електронскиот покажувач на брзината на движење на предното ветробранско стакло, наречен Head up Displey, кој има функција за преглед на брзината на движење без да се тргаат очите од патот, како и индикаторот за временска дистанца во однос на возилото напред (Distance Alert System). За да биде значењето на овој систем потенцирано, еден статистички податок: Дури 50% од сите сообраќајни незгодни се случуваат заради недоволно растојание со возилото напред.

Возни својства 

Особени бевме изненадени од начинот на кој 3008 се однесува при различни услови на возење, на различна подлога. Во кривина и при нагло притискање на педалата за кочници секако дека се чувствува тежината на возилото , но 3008 е изненадувачки стабилен и сигурен. При завртување на управувачот се чувствува дека намерата на Peugeot е да овозможи елеганција и уживање, а за поздравување е количината на повратна информација од патот, некарактеристично за возило со вакви димензии.

Одлуката на производителот за верзија само со 5 седишта е причина и за помалата должина на автомобилот, што директно влијае на подобрување на возните својства. Ништо не може да го помрдне 3008 од зададениот правец. Оценка е дека како никогаш претходно во Peugeot е постигнат толку бараниот баланс помеѓу удобно возење, но и уживање при возењето заради спортската нота што купе-ориентираниот ентриер ја овозможува.

Возевме 1.6 HDI со 110 KС, како и  1.6 бензинец со 150 КС, произведен во соработка со BMW. Зборови не се потребни, моторите кои се вградуваат во 3008 се добро познати. И за HDI моторите, и за 1.6 бензинците на BMW досега е кажано премногу.  1425 kg тешкото возило може да троши и само 7 литри дизел гориво при нормални услови на возење, додека бензинецот може да се спушти и на потрошувачка под  8 литри.

Безбедност     

Peugeot е лидер кога е во прашање безбедноста. Многуте технолошки новитети се во функција на подобрување на возните својства, но и на подигнување на безбедноста на повисоко ниво, а во прилог на безбедноста, уште во основниот модел доаѓаат 6 воздушни перничиња.

За кого е овој автомобил 

Од Peugeot најавуваат купувачи кои сакаат да платат за технологија и премиум чувство. 3008 е модел кој соединува карактеристики на SUV и компактен моноволумец. Наменет е првично за оние кои сакаат SUV возило, но не многу големо, за да биде функционално за во град. Имајќи в предвид дека новиот адут на Peugeot нуди многу простор во внатрешноста – изглед како на crossover, инструмент табла и целосен кокпит ориентиран кон возачот, и предно ветробранско стакло и целосен сончев кров како во MPV што овозможува исклучително високо ниво на светлина во возилото, таргетот на купувачи на 3008 ќе биде широк. Сето тоа јасно праќа една порака. Јас сум направен да ви служам вам.

Трошоци    

Едноставно, многу функционалности во едно возило. И тоа, според првичните информации, за цена од нешто блиску над 22.000 Евра за нашиот пазар. Цена која сигурно ќе биде прифатлива особено заради фактот што нема да има релокација на производството заради кризата, како што прават некои други производители, со што ќе биде гарантиран целосниот квалитет на возилото.

Што да очекуваме 


Тоа е сегашноста. Дневно, предвидено е производство на 250 возила, што би резултирало со вкупно 90.000 произведени возила до крајот на 2010-та. За 2011-та најавен е и мотор со 200 КС, како и хибридна верзија, на дизел мотор  кој треба да троши 4,1 литри гориво на 100 километри, со дури 35% намалена емисија на штетни гасови. 2011-та ќе биде година и која ќе биде понудена изведна со погон на сите четири тркала.

3008 e нов концепт, модел кој основа на една нова класа. Според она што го нуди 3008, апсолутно е за очекуваме и конкурентите во блиска иднина да почнат да развиваат слични модели.




 


Peugeot 3008 - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
modelo e mozebi interesen ama za negovata golemina taa cena e previsoka za tolku pari ima mnogu pogolemi suv modeli so istata oprema.dobar e samo ako ti go poklonat
Напишан од otepan  пред  околу 113 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Возевме



 
 
 
 






Одберете нов автомобил