Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Воскресенито на Џулија - ова е замената за 159 - Alfa Giulia
 
Spodeli
16 December 2010, 17:09


Воскресенито на Џулија - ова е замената за 159 - Alfa Giulia Alfa Romeo Giulia 2019 Воскресенито на Џулија - ова е замената за 159 - Alfa Giulia
Ексклузивните фотографии ja откриваат замената на 159 која ветува одлична управливост и одлични перформанси со „жешката“ верзија – Cloverleaf....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Завршницата за Giulia е блиску. Alfa подготвува сериоозен напад врз нова серија 3 на BMW. Ексклузивните фотографии покажуваат Cloverleaf верзијата на Giulia со 300 КС ќе изгледа.

Наследникот на 159 ќе го има познатиот дизајн на италијанците кој најпрвин го видовме кај MiTo, а потоа и кај Giulietta. Предницата го има дизајнот на ајкула, LED дневните светла и чистите линии ја прават Giulia уште попрепознатлива на патот за разлика од германските конкуренти. Cloverleaf верзијата која е на фотографиите, вклучува поголеми 19-инчни фелни, спуштен бодикит како и карактеристичниот Quadrifoglio Verde знак на крилата.
 
Иако очекувањата беа дека Giulia ќе има погон на задните тркала, сепак сегашните информации се дека Giulia ќе ја користи платформата на Giulietta, но ќе биде малку поголема. Оваа платформа ќе треба да послужи и за SUV-от кој го припрема Alfa.
 
Од Alfa се надеваат дека токму овој автомобил ќе биде водечки во класата кога станува збор за возните својства и управувањето, а ќе има и активен систем за контрола. Овој систем ќе дојде до израз при свиоци, кога ќе ја контролира суспензијата. Alfa не застанува тука, Giulia ќе поседува и Active Dumping (Активна амортизација) како опција, со која возачот ќе може да одлучи дали ќе сака повеќе комфор или повеќе агилност од својот автомобил. На крај, Giulia ќе го поседува и DNA системот кој веќе го видовме во MiTo и Giulietta, со ова возачот има можност да ја контролира возната динамика на автомобилот, преку тежината на управувачот и на педалата за гас.
 
Моторите ќе бидат можеби и најнапредни во класата. Станува збор за MultiAir моторите на Fiat. Освен 1.4 литарскиот мотор со 118 КС или 168 КС од Giulietta, Giulia ќе ги има во понуда и 1.75 литарскиот TBi мотор со 200 КС од Brera.
 
Најпродавани се очекува да бидат JTD дизел моторите кои имаат моќност од 104 КС и 200 КС. 
 
Cloverleaf – најмоќната верзија на Giulia ќе има модифицирана верзија на 3.3 литарскиот V6 мотор на Chrysler, кој ќе ја има MutiAir технологијата како и директно вбризгување. Со ова моторот ќе добие поголема моќ, а C02 емисиите ќе бидат намалени.
 
Alfa планира да извади 300 КС преку погонот на два или четири тркала. Ова би било директна и најголема конкуренција на „жешкиот“ Audi S5. Со цел да ја истакнат важноста на овој нов автомобил, директорите на Alfa изјавија дека очекуваат Giulia да се продаде онолку колку што се продаваат MiTo и Giulietta заедно.

Alfa Romeo Giulia 2019
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
za novite alfi ne moze nikoj da kaze deka se kvalitetni, toa ke go doznaeme po 10 godini.
Напишан од zz  пред  околу 103 месеци
Un Emozzione Per Sempre ... Alfa e vozilo sto ili se zaljubuvas ili ic ne go sakas, nema izmegju... zatoa i samo najprefinetite vozaci kupuvaat Alfa, a ovoj model e prekrasen isto kako i site ostanati Alfa modeli bravo! ...a poraka do bmw i mercedes i nivnite fanovi : "Kaj sto ima zmija na hauba ne fakjajte, ke ve kasne ! " :-)))) ...pozz
Напишан од zmija  пред  околу 110 месеци
za izgledot sekoja cest no uste mnogu im treba za da alfa stane izdrzlivo i trajno vozilo i da pomine kilometri kolku vw i bmw.
Напишан од saso  пред  околу 111 месеци
Germanskite avtomobili od sekogas bile najdobri no sepak i Alfa Romeo se dobri
Напишан од Boban  пред  околу 111 месеци
BMW i MERCEDES opagaat so kvalitetot a ALFA vgraduva kvalitetni materijali i vo dogledno vreme so site inovacii vo motorite ,a koi posle od niv gi kopiraat germancite,ke im zeme dobar del od kolacot na pazarot.
Напишан од molcanov saso  пред  околу 111 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 12
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил