Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА       ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Возевме > Тест - Oulander со нов 2.2 дизел мотор, со 177 КС
 
Spodeli
16 December 2010, 13:20


Тест - Oulander со нов 2.2 дизел мотор, со 177 КС Mitsubishi Outlander - old Тест - Oulander со нов 2.2 дизел мотор, со 177 КС
Ако има едно нешто без што не смее да биде еден компактен SUV, тоа сигурно е силен мотор. 2.2 DI-D MiVEC е вистинско надополнување на се она што Mitsubishi Outlander може да го понуди. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Кога се најавуваше новиот Outlander (пред околу 2 години), со дизел мотор од VW (со зафатнивна 2.0 ццм3), секако дека очекувањата беа големи. Но, ниту првичниот 2.0 дизел мотор мотор, ниту пак оној 2.2 со 156 КС (развиен од PSA групацијата) не беа вистинскиот погодок за Outlander, како што е новиот 2.2 мотор со 178 КС и максимален вртежен момент од 380 NM при ниски 2.000 вртежи во минута, развиен од матичната компанија (се работи за MiVEC технологија, неодамна претставена преку ASX).
 
Имавме можност за неколкудневна дружба со Outlander 2.2 DI-D, со Intense+ нивото на опрема. Бидејќи веќе имаме објавевно класичен Тест за Mitsubishi Outlander, ќе се задржиме на промените кои ги носи новиот мотор. 
 
Фантастичен мотор

Главно, подобрувањата се во неговата сила и добрата распределба низ 6-те степени на пренос, што резултира со задоволително забрзување и агилност, и секако одлична потрошувачка. Особено не интересираа бројките за потрошувачка. Како што ние од Koli.com.mk имаме практика да мериме потрошувачка, при разни брзини и начини на возење (според она што го покажува патниот компјутер), 178-те коњи во Outlander го заслужуваат секое Евро вложено во нив, особено што во првиот пакет на опрема (Invite), овој мотор е достапен за 25.980 Евра.
 
Вистински комплетен урбан SUV – Се во едно

Ако во многу наврати досега критикувавме тест возила кои имаат слаб основен мотор, (иронично, заради ниската цена, слабите мотори се многу популарни на нашиот пазар), случајот со овој Outlander, со ваков мотор, е токму она спротивното. Автомобилот е вистински комплетен пакет, вистински ја задоволувата потребата од еден SUV - просторен, силен, со ниска потрошувачка и многу тивок. Поентира токму по оние критериуми кои се значајни за еден SUV.
 
 
Значајно е тоа што моторот има сила во секој режим на работа, дури и во 6-ти степен на пренос, при помали брзини. Забрзувањето до стотка е за респектабилни 9,8 секунди, а фабриката ветува максимални 200 km/h. Некаде до кај 140 Km/h, Outlander, во однос на комфорот и буката што се јавува, работи во некој оптимален режим на работа,. Веќе над 150 Km/h се забележуваат и вибрации, и бука од моторот, но и од патот. 
 
Ниска потрошувачка
 
За точна пресметка колку би ве чинел секој километар поминат со вашиот нов Outlander, на фабрички предефинираните  (7,9 литри во град, 5,4 на отворено и 6,3 комбинирано ) еве ги нашите бројки на потрошувачка:
 
80 km/h – 5,5 литри /100 km
100 km/h – 6,0 л.
120 km/h – 6,1 л.
Град - дефанзивно возење - 7,5 л
Град - динамично возење - 9,0 л
 
Бидејќи царот интензивно собира данок, од страв од казни, не ни беше баш до возење 200. Секако, за задоволување на спортски апетити, има други автомобили (читај други класи на автомобили).  Outlander 2.2 DI-D е вистински рационален и семеен автомобил, сега достапен и по поповолни услови, благодарение на новата лизинг услуга од МакАутоСтар, Мастер Лизинг, преку која и финансирањето за еден Mitusibhi е поповолно.
 
 
Просторен, и премногу масивен

Забелешките кои ги имавме за Outlander и претходно, секако, се уште се тука. Како што е факт дека недостасува динамика на возење по кривулести патишта и не може да се претерува заради самиот габарит на автомобилот (1.655 kg), така е факт и дека од еден ваков SUV и не треба да се очекува некоја претерана спортска динамика на возење.
 
Опрема

Invite пакетот (25.980 Евра) има речиси се што е потребно за секојдневно и безбеднно возење (ABS, ASC, TCS, клима уред, серво управувач, електрика на сите прозорци, електрика на ретровизори со греење, 6 воздушни перничиња, патен компјутер, сензори за светла, кодиран клуч...), и во град, и на отворено, и на терен секако. Кога теренските возни својства се на тeма, секако дека Outlander има 4WD, кој ја дава очекуванта агресивност и сигурност, но повторно напомена дека Outlander e типичен модерен урбан SUV – повеќе го сака асфалтот. А, и прилично е убав за да го носите во кал.

Освен за возење во услови надвор од урбани средини, уште една придобивака од користењето на 4WD е подобрата контрола на предните тркала, кога автомобилот истовремено силно забрзува и го променува правецот – со погон на само 2-те предни тркала, Outlander во одредени моменти, кога моторот има најмногу сила, покажува знаци на послаба управливост.

Пакетот Intense+, како што конкретно беше и тест моделот, дополнително имаше и BiXenon фарови, 18 инчни алу-фелни, AFS систем нс предните фарови за следње на свиоци, K.O.систем за работа на моторот без клуч (клучот седи во џеб, или во средната конзола), паркинг сензори, високо квалитетен аудио систем од 710 W со 9 звучници и вуфер и со магацин за 6 CD-иња.
 
Подобри материјали во внатрешноста

Со делови од кожа насекаде, дури и преку централната конзола во цела ширина, и со солидна звучна изолација, чувството во внатрешноста на Outlander е прилично префинето. Иако наизглед сличен на Lancer, Outlander во многу го поправа лошиот имиџ што го има Lancer заради пластиката во ентериерот.  Во однос на надворешниот изглед, доминира Jet-Figher предната маска, како кај другите модели кај марката.
 
 
Outlander секако отскокува во однос на корејската конкуренција – новите Sportage или ix35, кои во моментов се многу популарни и кои поентираат со добра цена, но кај кај кои недостасува рафинираност и добра потрошувачка – она што ние од koli.com.mk особено го цениме. Новиот 2.2 мотор кај Mitsubishi поентира и со неговата тивка и префинета работа, налик на Common Rail дизелите.
 
Се на се, уште еднаш: Outlander  е силен таму каде што треба - вистински ја задоволувата потребата од еден SUV – истовремено е просторен и напред и позади, има силен и тивок мотор, ниска потрошувачка, и во стартната поволна цена доаѓа со задоволително ниво на опрема. Поентира токму по оние критериуми кои се значајни за еден урбан и семеен SUV.

Mitsubishi Outlander - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
CRDI e najgolemo sranje. Ova e zakon,
Напишан од der`  пред  околу 106 месеци
za srekja so ne e koreec...... bas super.... korejcite se trudat da vadat max od motorot, kako primer ceed i i30 so 1.4 i 109 koja so e samo rekamacija i nisto drugo,,, ako e ovie modeli se pobrzi od civic 1.4l so 100ks ja secam glava JAPANAC JE JAPANAC
Напишан од HC  пред  околу 106 месеци
Tenekija! Plus servis do 100.000 km okolu 6.000 eur. Za sto? Za plasticna tarabuka sto lici na sandak!? Nov motor imal!!! Sije mi ga djuro!
Напишан од Crn Bumbar  пред  околу 106 месеци
Кога веќе ги спомнавте корејските возила ix35 кај нив потрошувачката е пониска од outlander-от и секако моторот е далеку помоќен односно 2.0 CRDi VGT со 184ks а за оваа цена имате уште подобар кореец новиот Santa Fe со 2.2 мотор и 197ks. Е тоа е веќе снажен 2.2 мотор :)
Напишан од Паметен  пред  околу 106 месеци
Sporedbava ti e ista kako A4 i Lancer.
Напишан од abe stefance  пред  околу 106 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Возевме



 
 
 
 






Одберете нов автомобил