Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Неговото величество - BMW Серија 3!
 
Spodeli
07 December 2010, 10:01


Неговото величество - BMW Серија 3! BMW Серија 3 - old Неговото величество - BMW Серија 3!
Вака ќе изгледа новата серија 3 на BMW. Како и секое ново BMW, прилично различно од претходно, но и тоа како фантстично! ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Ќе почекаме уште дванаесет месеци за официјално да го видиме култниот и сигурно најпопуларниот модел  на BMW.  Новата серија 3 која има многу храбар изглед, полесни и подобри мотори и како што најавија од BMW, многу поостри возни својства.
 
Најавите од BMW се дека ова ќе биде најпосакуваната серија 3 досега, не само заради проширената понуда на мотори и Gran Tourismo моделот, туку заради дизајнот кој во многу наликува на оној од неодамна претставената Серија 5.
 
Шпионските фотографии биле сликани за време на тестирање во Германија и целосно го покажуваат автомобилот, и однадвор и однатре. Од фотографиите може да се забележи дека оваа серија 3 е бебето на серијата 5 - поисправената предница и проширените отвори за воздух го покажуваат тоа. Кај 3-ката забележлива е поагресивната предна маска, подлабоките предни светла, како и поголемите странични крила.
 
 
Adrian Van Hoydoonk е дизајнерот на новата серија 3. Може да с каже дека неговиот пристап кон дизајнот е далеку помалку контроверзен од оној на Chris Bangle, неговиот претходник. Дизајнот е многу флуиден со што е драстично намален отпорот на воздух.
 
Платформата ќе биде со погон на задните тркала, онаа платформа која ќе ја носи и идната генерација на серија 1. Суспензијата напред ќе биде MacPherson, а позади four-link сузпензија. Новата серија 3 ќе има и нов електричен систем за управување. Инженерите на BMW ќе се обидат да го направат овој модел забавен но и комфорен за возење.
 
Бидејќи шестата генерација на автомобилот е малку поширока и подолга, се очекува зголемен простор во внатрешноста, но икористење на поквалитетни но полесни материјали. И Внатрешноста малку потсетува на серијата 5, со гаџети како што се Wi-Fi интернет, нов систем за предупредување, инфра-црвен систем за ноќно возење, систем кој ќе го сопре возачот да заспие зад воланот и темпомат кој е базиран на радар.
 
 
Серија 3 ќе добие 1.6 и 2.0 литарски бензинци како и турбодизел мотори. Овие ќе имаат варијабилен вбризгувачки систем како и тајминг на издувниот систем. Директното вбризгување треба да ги подобри перформансите и потрошувачката на автомобилот. Шест-степениот рачен менувач ќе биде стандарден, додека во понуда ќе биде и осум-степениот автоматски менувач.
 
Се очекува овој автомобил да биде голем пријател со природата, најмногу благодарение на последните ЕfficientDynamics иновации на BMW, , кои содржат stop-start како и враќање на енергијата која се создава при кочење.
 
Но тоа не е се. Веројатно најинтересен податок е најавата од BMW дека работат на трицилиндичен мотор кој ќе има неверојатно ниска потрошувачка на гориво, како и ниски емисии на CO2. Во опција е и шестцилиндричниот 3.0 турбо мотор кој ќе биде користен во M3.
 
За овој модел ќе почекаме некаде до крајот на 2011-та година, додека за купе и кабриолетската промоцијата е најавена за 2012 година.

BMW Серија 3 - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
spored mene najubava kola 3 serija
Напишан од bmw  пред  околу 97 месеци
Tie se samo pretpostavki kako bi izgledalo novoto 3seria BMW. Ako dobro poglednete i trite koli se razlicno edna od druga. Oste ne e pretstavena novata trojka vo javnosta .. pzdrav
Напишан од dob  пред  околу 100 месеци
OVA VOOPSTO NE SE DOPAGA.
Напишан од MRAZAM BMW  пред  околу 102 месеци
Купи си BMW со X-drive систем и немаш гајле за било какви услови ;)
Напишан од Viksa  пред  околу 103 месеци
e ova ke bide primer za dr vozila, a za zima ne berete gajle so zimski gumi i eden kup elektronski pomagala ke odi kakoi predna vleca , samo koj sto probal znae, starite modeli ne gi spomenuvajte zatoa sto stvarno se nestabilni na sneg bidejki imam vozeno i star i nov model vo zimski uslovi navistina nema sporedba pozz
Напишан од bmw  пред  околу 103 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 11
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил