Јапонскиот производител уште повеќе ја намали потрошувачката ан 1.6 литарскиот дизел мотор. Моторот кој имаше моќност од 109 КС сега има 115 КС, додека вртежниот момент од 240 Nm сега е 270 Nm достапни од 1.700 до 2.700 вртежи во минута. Усовршувањето на овој мотор опфати усовршување на директното вбризгување на системот на common-rail со нови Piezo вбризгувачи и турбополнач со варијабилна геометрија.
Тоа значи дека Mazda 3 сега забрзува од 0 до 100 km/h за 11 секунди и постигнува максимална брзина од 186 km/h што значи дека перформансите останаа непроменети но потрошувачката изнесува само 4,4 l/100km. Со новиот мотор, во пакет доаѓа и шест-степен мануелен менувач.
Овој мотор ги исполнува Euro 5 стандардите, а новина се и новите филтри за честички кои не бараат одржување или додавање некои адитиви. Сепак, од Mazda се уште нема информација кога овој нов мотор може и официјално да се појави на пазарот.
|