Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА       ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Возевме > Citroen C4 – поглед одозгора
 
Spodeli
25 October 2010, 07:58


Citroen C4 – поглед одозгора Citroën C4 Citroen C4 – поглед одозгора
Како што ништо на светот не е случајно, баравме логика зошто Citroen се одлучи светската промоција на новиот C4 да биде во Малме, Шведска, градот чиј препознатлив знак е Turning Torso кулата...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

...која е моментно втора највисока во Европа, со неверојатно креативна градба (од дното до врвот се извртува за 90 степени!), и, уште повеќе, зошто официјалната прес-конференција беше закажана на 53-кат?

Да не случајно асоцијацијата е дека требаше  гледаме од високо? Или треба креативно да размислуваме? Веројатно Да.

Во премиерниот текст за C4 повеќе внимание посветивме на сите новитети кај автомобилот. Ви останавме должни за импресиите од возењето.

Генерално, заклучок е дека – како што Citroen се одлучи делумно да ја напушти екстраваганцијата, кога изгледот е во прашање, се во функција на зголемен комфор и практичност, факт е дека се враќа на своите корени и сака да понуди повеќе квалитет и најмногу од се - исклучителна удобност.

Се е во функција на максимален комфор и удобност

Можеби сите конкуренти во компактната класа сакаат да бидат целосно добри како Golf, но факт е дека ниту Golf  сега не може да биде толку многу удобен како што е новиот C4. Најважно од се, благодарение на Citroen-овата креативна технологија, тоа во никој случај не е постигнато на сметка на динамичните возните својства. C4 навистина порасна на димензии, а сепак има помала маса – резултатот на тоа е суверено однесување на пат, но и сочувана динамика при возењето.



Кај претходниот модел на C4 видлива беше амбицијата на производителот да се понудат подинамични возни својства, секако жртвувајќи дел од својата крв – удобноста. Сега, кај новиот C4, возачкото искуство е безмалку како да сте во автомобил од повисоката класа.

Впечаток е дека ништо не може да го измести од посакуваната линија на движење, а нема проблем да биде послушен во секој момент и да го промени правецот до онаа мерка до која возачот го бара тоа од автомобилот.

C4 е тотално удобен - тивок, мирен, удобен, префинет - вистински Citroen.

Рамните  патишта низ Шведска, на прв поглед,  помисливме дека не се вистински репер за тест на удобност. Но, минувајќи преку мостот кој ги поврзува Шведска и Данска (со недозволени преку 150-160 Km/h брзина!!! и со екстремно силен ветер, C4 покажа дека и тоа како може да се носи со предизвикот.  Во околина каде може да се видат само автомобили како Volvo, Audi, Mercedes или VW,  скриената асоцијација што Citroen сака да ни ја пренесе веројатно е дека треба  да размислуваме дека се работи за вистински силен и квалитетен автомобил.



Можеби само во највисоките нивоа на опрема се добива опцијата за масажа на седишта или предупредување за возачот кога ќе се премине преку линија кога не е вклучен трепкач, но и во основната верзија конструкцијата на седиштата е во насока на максимална удобност и пријатни мигови поминати во C4.



За почеток, во Франција, цените ќе се движат во интервал од 16.990 за Vti 95 Attraction, до 26.990 за HDI 150 Exclusive. А, за доплата од 500 Евра се добива и целосен стаклен кров, што дополнително го доловува моментот на високо ниво на комфор и задоволство

Секако напуштањето на идејата за фиксен централен дел на управувачот, како и поставување на главните команди централно пред возачот (наместо во средина како кај претходникот), уште еднаш потврдува дека Citroen не сака само да биде различен, туку да биде едноставно корисен и практичен.



Се разбира, споменатиот комфор и удобноста се насочени кон сите патници во автомобилот, не само кон возачот. И за патниците позади удобноста е на високо ниво, а простор има во сите правци, особено за главата и рамената.

Фантастичните HDI мотори надополнети со технолошкиот новитет e-HDI

Она што одушевува кај C4 е рафинираноста на моторите. Секако, препорака е некој од HDI изведбите (со 90, 110 и 150 кс, како и eHDI со 110 КС), кај кои, и има сила, а и распределбата на силата е во функциjа на префинети и рамномерно распределени забрзувања, а никако брутална демонстрација на моќ.  Тоа секако носи пријатно чувство на удобност и моќ, но и дополнително ја намалува потрошувачката.



Ако има нешто што навистина не ни се допадна кај C4 е роботизираниот автоматски менувач (на VTi 120), кој некако премногу долго ги менува брзините и не е баш пријатен, на што потребно е малку повеќе време на привикнување. Производителот тоа го правда со половина литар намалена потрошувачка во однос на стандардниот бензиски VTi со 120 КС.

Заклучок  - C4 навистина гледа од високо


Само наизглед е дека Citroen ја напуштил традиција. Напротив. Можеби недостасува само екстраваганцијата. C4 е вистински Citroen, и комплетен автомобил - добар за сите кои се во него. Освен докажаните HDI мотори, првите впечатоци од e-HDI моторот и потрошувачката од околу 4 литри на отворено се најава дека францускиот производител повторно поставува некои нови стандарди.


Citroën C4
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
dobra kola
Напишан од darko  пред  околу 105 месеци
Abe malecko kurence(мали џокица), jas imam fakultet kolku za tvoja informacija. Inace lici na Astra ama za sreka Astrata e daleku po ubava i po ebachka. Vozi si ti C3 bubamara takozvana spachak. :))))))
Напишан од Koki  пред  околу 109 месеци
Nemam pari za frlanje pa da testiram nekoj si C4, toa mi bese muabetot. Mozebi si e najdobra ama dzabe koga ja bie los glas.
Напишан од Kasto  пред  околу 109 месеци
I mene mi lici na Astra. Neznam zosto se raspravate koga navistina lici na Astra. Samo ke dodadam deka i jas se soglasuvam so Zoki Koki tamu pojma nemam koj deka Citroen e malku po selska kola. Ne me svajkajte pogresno ama za da si shizik vo svetov treba da imas Mece, bmw, audi golf itn itn.... Jas iskreno bi kupil Astra ili Golf. A za motor ekonomicnost i nerasiplivost bi se dvoumel pomegu Yaris. Ama iskreno Citroence ne mi padnalo na um.
Напишан од Kasto  пред  околу 109 месеци
imam c 4 predhodnata dobar auto,ova e sigurno uste podobar, se razbira deka ima i podobri,a koj e najdobar koj znae odgovorot ne e tolku ednostaven,na sajtov ima i takvi strucnjaci sto vednas ke vi kazat,ama frustriran adolescent najmalku e kompetenten za toa
Напишан од fxx  пред  околу 109 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 14
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Возевме



 
 
 
 






Одберете нов автомобил