Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Новиот Avensis пристигна во Македонија
 
Spodeli
29 October 2009, 03:10


Новиот Avensis пристигна во Македонија Toyota Avensis Новиот Avensis пристигна во Македонија
Знаменосецот на Toyota во Европа, моделот Avensis, ја доживеа својата трета генерација, која покрај промените во дизајнот, треба да донесе повеќе луксуз и значително пониска потрошувачка. Avensis веќе е достапен и на нашите купувачи, со цена од 22.990 евра за основниот модел со 1,6 бензински мотор...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Според Toyota, главно внимание при конструирањето на новиот модел било обрнато на перформансите и економичноста, што е парадокс во автомобилизмот. За да го постигне ова, јапонската компанија ги пласираше новите бензински мотори со Valvematic технологија за варијабилно отворање на влезните и излезните вентили на моторот, кои постигнуваат одлични перформанси и голема моќност, а потрошувачката е на многу пониско ниво.

Достапни се три бензинци – 1,6 со 132 КС и 160 Nm, 1,8 со 147 КС и 180 Nm и 2,0 со 152 КС и 196 Nm. Најдобар пример за ниската потрошувачка на гориво е 1,8 литарскиот бензинец, кој троши неверојатно ниски 6,5 литри на 100 km, резултат кој е на ниво дури и на некои дизели од таа класа на возила.

Покрај новите бензинци, обновени се и дизелите, на кои им се вградени нови Piezo прскалки кои го впрскуваат горивото на 2.000 bar, со што е постигната пониска потрошувачка и поголем вртежен момент достапен на пониски вртежи – 2,0 со 126 КС и 300 Nm, 2,2 со 150 КС и 340 Nm и 2,2 со 177 КС и 400 Nm. Сите мотори ќе се нудат со мануелни менувачи со 6 степени, додека 1,8 и 2,0 бензинците ќе можат да се купат со континуирани автоматски, а 2,2 дизелот со 150 КС со класичен 6 степен автоматски менувач.

Новиот Avensis е изграден и на нова платформа, која Toyota ветува дека ќе донесе повеќе уживање во возењето отколку претходниот модел, а намалено е и нивото на бучава во внатрешноста, односно зголемен е комфорот. Toyota се пофали и со напредок во дизајнот, кој веќе не е толку конзервативен како на претходникот, но не е ниту многу модерен како кај некои конкуренти.

Avensis на нашиот пазар ќе се нудисо четири нивоа на опременост. Најевтиниот модел ќе биде бензинецот 1,6 Valvematic со одлични 132 КС, со ниво на опрема Comfort (целосна електрика, сите контроли на тракцијата и стабилноста ABS+EBD+EPS+TRC+VSC Plus, 9 воздушни перничиња, мануелен клима уред итн.). Цената може да се искачи до вртоглави 37.490 евра, доколку се избере 2,2 литарскиот дизел со 177 КС и Luxury ниво на опрема.
 
   

 


Toyota Avensis
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил