Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА       ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Возевме > Возевме – Citroen C4
 
Spodeli
08 October 2010, 14:43


Возевме – Citroen C4 Citroën C4 Возевме – Citroen C4
Бргу после C3 и DS3, Citroen официјално лансира уште еден мега-популарен автомобил на нашиот пазар. И новиот C4 го дочека светлото на денот....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Фантастичните предели на Шведска и Данска и рута од околу 200km беа прилика дел од Koli.com.mk одблиску да види до која мера Citroen успеал да подготви вистински конкурент во компактната класа.
 
Иако вообичаено, ние од Koli.com.mk сакаме повеќе да пишуваме за тоа како автомобилот се однесува на пат, многуте иновации кај C4 тоа не го дозволуваат. Едноставно, приморани сме повеќе простор да потрошиме  за да ви ги претставиме сите новитети кај автомобилот.
 
Генерално, првичните импресии се дека се работи за удобен, многу квалитетен и многу префинет автомобил, како да се работи за некој премиум модел. Хромираните детали наведуваат дека C4 сака да биде елегантен автомобил, но со компактни димензии. Новиот C4 e малку поголем од претходникот - подолг е за 5 cm, поширок 2 и повисок 3 cm, но благодарение на користерните материјали и инвентивна технологија при изработка, сега е и 100 килограми полесен, што овозможува повеќе динамика во возењето и секако заштеда на гориво и емисија на штетни издувни гасови.  
 
 
 "За новиот CITROËN C4 креиравме интуитивни технологии, навистина корисни во секојдневието, се со цел поедноставување на животот. Особено  се посветивме на  животот зад управувачот, удобноста и релаксираноста. Впрочем, денес од возилото се очекува пред сè уживање во времето поминато во него".
 
Ова го кажа шефот на проектот CITROËN C4 (Jérémie Maestracci). Наш заклучок е дека, освен што автомобилот ја задоволува неговата основана функција да биде превозно средство, алатка за работа или за некого и скапо парче моден додаток, новиот C4 e токму она што од матичната компанија најавуваат – вистински практичен и функционален семеен автомобил. 
 
Не е ништо чудно од Citroen да нуди комфор, но малку чудна е идејата за поконзервативен дизајн од претходно. Лут од напред, но кога се гледа одстрана, првата мисла е слична како и при секое запознавање со секој нов Golf.  Многу класично и неинвентивно дизајниран, но...
 
 
Силата на Citroen лежи во неговиот стил. Можеби не е екстравагантен, но C4 има, особено внатре. Складноста на надворешните линии се забележува веднаш, а на тоа се надоврзува и оптималната аеродинамика. Добра аеродинамика значи и повеќе удобност и помала потрошувачка. Забележливо е и дека многу е работено на крајната, завршна обработка - бидејќи сите споеви се многу прецизни.
 
Вистински квалитетен и практичен автомобил.
 
Само неколку минути во новиот C4 и веќе јасна е поентата. Тука се е максимално подредено на уживањето и комфорот на патниците, како и задоволство при седење зад управувачот. Освен допадливиот дизајн и префинетост, во ентериерот нагласени се квалитетот на материјалите и нивната изработка. Користен е материјал мек на допир, слично како во C5. Citroen C4 е дизајниран да биде максимално корисен и практичен автомобил - со многу понуден простор, со максимално удобни седишта, со солидна звучна изолација, но и со со ниско поставена каросерија за задоволување на динамичните возачки апетити.
 
 
Докажани HDI мотори
 
Моторизацијата ќе биде составена од Euro V, еколошки и економични мотори: дизели со сила од 90-150 КС (HDi 90 FAP, HDi 110 FAP, e-HDi 110 FAP и HDi 150 FAP) и 3 бензински мотори со сила од 95 до 155 КС (VTi 95, VTi 120 и THP 155). Моторите THP 155 и e-HDi 110 FAP се поврзани со мануелно управуван 6-степен менувач. Моторите HDi 110 FAP и HDi 150 FAP се поврзани со мануелен менувач со 6 степени. Моторот VTi 120 е понуден со мануелен 5 –степен менувач и автоматски менувач со 4 степени.
 
e-HDi микро хибрид технологија
 
Технологијата e-HDI се нуди во неколку изведби на C4. Се работи за нова генерација на Start & Stop систем кој содржи реверзибилен алтернатор и овозможува гаснење и инстанстно стартување на моторот во мирување или во фаза на успорување до 8 km/h кај изведбите со мануелен менувач со 6 степени. Оваа иновација ја намалува потрошувачката на гориво и до 15%.
 
За очекување е дека новата технологија микро хибрид e-HDi многу брзо ќе се наметне како репер на пазарот, како што беше случај со HDi мотор, и ќе постане една од најважните конкурентски предности на PSA групацијата. e-HDi моторите нудат најдобри перформанси во однос на потрошувачка и емисија на CO2, но и во смисла на удобност за патниците, без никакви вибрации и звуци при моментално стартување на моторот.
 
Нивото на емисија на CO2 кај новиот CITROËN C4 се наоѓа под 130 g/km CO2 кај дизел моторите и е помеѓу 140 и 162 g/km CO2 кај бензинските понуди.
  
Инструмент табла - спој на аналогни и дигитални информации кои даваат ефект на длабочина,  контраст и одлична читливост
 
Особено е впечатлива новата инструмент табла, со кружни инструменти, поставена пред управувачот (а не во средина, како што беше кај претходникот), како и новиот управувач со централизирани команди (кој сега се врти во целост, нема фиксен дел како кај претходниот C4). Новиот дисплеј е спој на аналогни и дигитални информации кои даваат ефект на длабочина,  контраст и одлична читливост, а командната табла, поставена хоризонтално, истовремено лукзузна и разумна, потсетува на автомобил од повисока класа, со комплетно нови команди за аудио системот, за климатизацијата... 
 
 
Репер во класата според просторна понуда
 
Простор во сите правци, речиси како кај C5, големи стаклени површини и целосно стаклен кров за влез на многу светлина во кабината, максимално квалитетни материјали во внатрешноста и рекорден багажник во класата, дури 30% поголем отколку кај претходникот. Едноставно, C4 е границата на тоа што му е потребно на едно семејство, и за во град, и за на пат.  
 
CITROËN C4 со сигурност ќе биде репер во класата во смисла на простор за практичноста на ентериерот и чување на предмети. Тие се многубројни големи и генијални : пространа и осветлена фиока спроти совозачот, прегради на вратите каде може да се чува и шише до 1,5 литри, фиока под седиштата напред, преграда на фасадата напред.
 
 
Голем новитет е високата централна конзола, широка, поделена во 4 посебни зони. Најиновативната зона, поставена во централниот дел е повеќефункционална, разладувачка и осветлена во предниот дел, и затворена со лизгачка завеса. Нуди простор за 4 амбалажи од 50 dl и фиока идеално поставена пред приклучоците за конектирање. Втората главна преграда на оваа конзола се наоѓа под наслонот за рака напред. Внатре можат да се чуваат CD-иња,  а токму тука се наоѓа и приклучокот од 230 V, за кој најавите се дека нема да има никакво влијание на перформансите или потрошувачката, а преку кој секако ќе може да се полни лап-топ, фото апарат, мобилen телефон...
 
Опрема до небо и назад
 
Новиот C4 располага со возачко место кое е инкаранција на креативноста на CITROËN.  Особено удобните седишта, со лумбарно електрично подесување и масирање на патниците напред, но и со персонализација на амбиентот зад управувачот, која подразбира избор на 5 бои на дисплеј (од бела до сина), полифонични звуци (за аларм, клуч, инфо сигнал кога некој не е врзан со појас...), јасно покажува дека прилагодувањето според лични потреби се повеќе зема замав и во оваа класа. За да биде максимално практичен автомобилот, во понуда е и приклучок од 230 V, кој доаѓа веќе во второто ниво на опрема.
 
Во сериска опрема има 6 воздушни перничиња. А, се нуди цела низа на додатоци со кои се зголемува удобноста и сигурноста во возењето, како што е AFIL системот за предупредување при ненамерно преминување преку лента, потоа електрична паркинг кочница, како можност за мерење на расположивиот паркинг простор.
 
 
Систем за надгледување на мртвиот агол
 
Новиот C4 нуди систем за надгледување на мртвиот агол, ограничувач и регулатор на брзината со пет различни мемории, како и иновативна услуга CITROËN eTouch, која подразбира систем за повикување на помош и асистенција за поголема ефикасност и поголема безбедност. 
 
За уживањето да биде целосно, тука е високо-квалитетниот hi-fi систем кој е надополнет со максимална звучна изолација. C4 нема кров како кај C3, но има сончев кров преку целата површина над главите над патниците, доловувајќи фантастично чувство. Ќе се нудат 10 бои на каросерија и тркала со дијаметар од 15‘’ до 18’’.  
 
Специјално дизајнирани MICHELIN пневматици, за заштеда на гориво
 
А, за постигнување на уште помала потрошувачка и емисија на штетни издувни гасови, CITROËN и Michelin ги обединија своите капацитети за иновација и создадоа пневматиците 16’’ MICHELIN ENERGY™ Saver од најновата генерација кои се дел од верзиите e HDi кај новиот CITROËN C4.
 
Овој пневматик MICHELIN ENERGY™ придонесува за намалување на потрошувачка на гориво и подобрување на сигурноста, а гарантира долговечност во изминати километри. Перформанси кои соодветствуваат на дефиницијата на новиот CITROËN C4 : спој на ефикасноста во секој поглед преточено во динамичните квалитети.
 
Главните импресии од однесувањето на патот доловуваат чувство како да се возите во автомобил од класа повисоко, C4 освен што е удобен, истовремено е и сигурен и стабилен. Намалувањето на масата позитивно влијае на возната динамика, па заклучок е дека уште еднаш французите потврдуваат дека автомобилите од PSA групацијата се со неверојатно универзални карактеристики. C4 е добар од секој аспект. Новиот C4 ќе биде вистински конкурент на Golf!
 
 
Дека е полн со опрема се уверивме, но се уште немаме инфромација за цените. Интересно, најавите се дека нема да има купе изведба, но секако, со нетпрение се очекува премиум моделот - DS4.
 
Следно на Koli.com.mk - први импресии од возењето на Citroen C-Zero, со кој поминавме 50-тина километри низ Малме, автомобил кој вози само на струја, и вистински се полни на штекер! 

 


Citroën C4
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
ova ne mi se dopaga ne sum fun-fan na citroen
Напишан од ne sum fun-fan na citroen  пред  околу 100 месеци
TAKA E ZZ TOP PA TOA E ONA STO SAKAM JAS DA GO KAZAM SEGA BILO KOJA KOLA DA JA KUPIS VO MEHANIKATA SE SKORO ISTI MENUVAAT SAMO VOZNITE OSOBINI TO E TO SO SAKAV DA GO KAZAM POENTATA E DA NE SE FRLAAT MNOGU PARI SAMO ZA ZNAKOT STO GO NOSI KOLATA A VSUSNOST JA IMAS ISTATA KOLA SO NEKOJ DRUG POEVTIN ZNAK SO MALA RAZLIKA SE RAZBIRA NA DENESNO VREME SITE SE KOPIRAAT I MONTIRAAT SKORO ISTO TO E POENTATA
Напишан од TONI  пред  околу 109 месеци
HDI motorite se razvieni zaednicki megu FORD i PSA grupacijata sto znaci deka nikoj nikomu ne prodal nisto, toa e zaednicka investicija, istite dizel motori se vgarduvaat vo Citroen, Ford i Pezo, no so razlicni oznaki - kratenki. Mnogu luge komentiraat nesto a nemaat pojma, prvo informiraj se, imas se na internet, a potoa komentiraj. 100 km/h ne znacat isto koga vleguvas vo krivina (ili naiduvas na neramnini na patot koi mozat da te isfrlat od pravecot) so Fokus ili C4. Zboruvam za segasnive mod
Напишан од ZZ TOP  пред  околу 109 месеци
ne znaci deka ako na ispituvanjeto za kvalitet deka bea na 17 18 19 mesto se skapi za oddrzuvanje zosto ne svakate deka kolku tehnoloski se ponapredni kolive tolku se poskapi za oddrzuvanje zaboravete vie vo minatoto sto bilo pomina toj mit za preskapite rezverni delovi za francuskite vozila sega se site so soleni ceni eve golf ili vw na taa lista bea 13 ili 14 a skoda i seat pred i podobri li se od vw vo prasanje be procent pomalce za raspilivost na 10 francuzi 1ili 2 germanci
Напишан од ratkapna  пред  околу 109 месеци
KAKO MOZI FOKUS DA E PODOBAR OD CITROEN KOGA CITROEN I PEZO MU GO PRODADOJA NA FORD MOTOROT 1.6 HDI SO 110 KONJA FORD GO MONTIRA MOTOROT OD CITROEN ZNACI NE MOZE NA E PODOBAR NIKOGAS SPORED MENE A ZA GERMANSKITE KOLI JAS NE VELAM DEKA NE SE DOBRI SAMO VIKAM DEKA NE MUDET NISTO POVEKE OD FRANCUSKITE KOLI A SE OGAN SKAPI NE SE REALNI CENITE ZA DENESNICAVA I TO SO GO NUDET KAKO OPREME I KONFORD LUDNICA SKAPI I STARI I NOVI NE E REALNO SPORED MENE PRECENETI SE
Напишан од TONI  пред  околу 109 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 35
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Возевме



 
 
 
 






Одберете нов автомобил