Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Renault под висок напон во Париз
 
Spodeli
06 October 2010, 21:15


Renault под висок напон во Париз  Renault под висок напон во Париз
Францускиот производител, на домашниот саем се претстави со цела плејада електрични возила, како спортскиот концепт Dezir, електричниот модел од ниската класа ZOE и градскиот мини автомобил Twizy...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Најинтересни за нас беа новите два електрични модели, кои во 2012 година треба да пристигнат на пазарите низ Европа. Моделот од ниската класа ZOE, покрај тоа што најавува како треба да изгледа новиот Clio, претставува најава и за моделот кој ќе пристигне на пазарот во 2012 година, како единствен од класата со електричен погон. Погонот има сила од 80 КС, доволни за максимална брзина од 135 km/h. Литиум јонските батерии, пак, ќе траат 160 km пред да треба повторно да се наполнат, што ја ограничува мобилноста на ZOE само на градските средини.



Веројатно дизајнерски поинтересен, но и помалку функционален е моделот Twizy, кој е наменет исклучиво за градските средини. Всушност, со местото за сместување за само двајца патници и со автономијата од само 100 km, овој 450 kg тежок квадрицикл, повеќе конкурира на градските скутери, отколку на автомобилите. На тоа се надополнуваат и перформансите – моделот со 9 КС ќе постигнува 45 km/h, додека оној со 20 КС, 75 km/h. Батериите ќе се полнат целосно за три и пол часа, но со брз полнач, до 80% ќе можат да се наполнат за половина час. Она што а најинтересно, е што овој модел ќе го гледаме и низ улиците во 2012 година, барем на западните пазари – кај нас нормално е потребна инфраструктура.



Најмногу погледи на штандот секако привлече концептот Dezir. Овој, за жал, нема да се најде на пазарот, иако е придвижуван од електричен погон, кој како што изгледа, е подготвен за промоција на пазарот. Храбриот дизајн, со ниска и широка каросерија и врати кои се отвораат нагоре, спротивно една на друга, секако привлекува погледи, иако перформансите не се како на Audi eTron на пример. Електричниот мотор тука има 150 КС, кои се сепак доволни за забрзување до стотка за околу 5 секунди.



Покрај овие новитети, имавме можност да се запознаеме и со моделите Fluence EV и Kangoo EV, односно електричните изведби на актуелните модели, кои веќе почнаа да се продаваат на пазарот во Франција. Ние, веројатно ќе треба да почекаме до лансирањето на барем некаква инфраструктура за полнење на автомобилите на струја.





Стари коментари
Apa ako ima serisko proizvodstvo da ne ke go kupite be klosari edni so 100denari vo dzebot:D
Напишан од Robert  пред  околу 106 месеци
Поштувам Игор. Тоа е тоа, некои работи на македончето никогаш нема да му бидат јасни. =\
Напишан од Mr.Doni  пред  околу 106 месеци
Abe klosari edni. Sto voopsto gledate vakva Avto strana. Otvorete si zazabava ill sl. Da vi ebam pedercinjata. Koncept koli se idninata na seriskite modeli. Od niv se vadat elementite koi mozat da se upotrebat vo ser. proizvodstvo.
Напишан од Igor  пред  околу 106 месеци
Ne mi e jasno zasto izlozuvaat koncepti koi nikogas nema da vlezat vo serisko proizvodstvo,samo da se pokazes deka si kreativen i nisto poveke vaka samo ne lazat vidi kolku e ubav konceptov i tolku nema serisko proizvodstvo :((((
Напишан од ma4or4e  пред  околу 106 месеци
dajte neso za stvarnostva nasa a ne ova za po sto godini dali ce sme zivi do togas srajne
Напишан од razor  пред  околу 106 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил