Американскиот натпреварувач, ќе настапи со нов 1,6 литарски турбо Eco-Boost агрегат, кој, како што кажува името, ќе биде и понежен кон природата. Овој маркетиншки потег, веројатно нема да засмета Ford да ги продолжи успешните настапи во првенството, пред се благодарение на избалансираната шасија на Fiesta и унапредениот погон на сите четири тркала. Судејќи по изгледот, ова треба да биде една од најголемите ѕверки на првенството и да влезе директно во клинч со бранителот на трофејот, Citroen, кој ќе настапи со моделот DS3.
.jpg)
Британскиот ретро бренд, интересно, не настапува со обичниот Mini, туку со поголемиот Countryman, кој благодарение на преправките на надворешноста, изгледа како рели возилата од пред 30-тина години, повторно нагласувајќи го ретро изгледот. И овој модел ќе има 1,6 литарски турбо мотор, односно погон на сите четири тркала. Засега не се јасни очекувањата од тимот на Mini, кој ќе биде воден од Prodrive, но тешко дека од првата сезона ќе се бори за титулата, пред се бидејќи наредната сезона ќе настапи во само половина од трките.
.jpg)
Секако, многу важен кај овие возила е и оној кој седи зад управувачот. Loeb и натаму ќе си остане во Citroen, во Ford ќе возат Hirvonen и Latvala, додека за Prodrive Mini, нормално ќе вози Британецот, Kris Meeke.
Колку новите промени во WRC Првенството ќе придонесат за зголемување на гледаноста останува да дознаеме наредната година. Оваа, се е јасно – Loeb веќе ја осигури титулата кај возачите, а Citroen кај конструкторите.
|