Новата Fiesta е помеѓу најстабилните автомобили во класата, едноставно како да вози по шини, дозволувајќи многу енергично возење. Надополнето тоа со прецизниот менувач и одличното управување – едноставно, уживањето на возачот е загарантирано. Добра е и удобноста на лоши патишта, како и рафинираноста на моторите.
Сепак, Fiesta целосно паѓа во поглед на просторот и практичноста на ентериерот. Внатре има квалитетни материјали, но просторот на задната клупа е многу ограничен, а ниту багажникот нема доволно простор. Fiesta паѓа и кога се анализира нејзината практичност, бидејќи задните седишта не се лизгаат ниту пак подот е рамен кога ќе се спуштат. Чудна е и дизајнот на средната конзола, која личи на тастатура од мобилен телефон и веројатнo им се допаѓа на оние кои немаат автомобилско срце. Заради 'Kinetic' дизајнот, Fiesta е еден од најмалку прегледните автомобили во класата.
Сите достапни мотори задоволуваат со перформансите, а вистинско уживање овозможува 1,6 литарскиот бензинец со 120 КС, но во споредба со конкурентите, Fiesta сепак троши прилично повеќе гориво – факт кој важи за сите мотори. Интересно, иако наизглед многу аеродинамична, Fiesta нема најнизок отпор на воздухот, се разбира во рамките на својата класа.
Бидејќи е меѓу поскапите во класата, благодарение на одличните возни својства, Fiesta би ја препорачале пред се на помладите, заради возењето, но и изгледот. Од моторите, подобро и одговараат бензинците, па препорака се основниот 1,25 литарски или 1,4 литарскиот.