дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Audi > Audi A1 > Краток опис за моделот
Audi A1 Audi A1
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 17362
веќе од 289 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5.4
Изглед
6.5
Перформанси
4.5
Возна динамика
6.3
Зад управувачот
6.3
Удобност
4.5
Простор и практичност
2.5
Квалитет и доверливост
6
Цена/Опрема
4
Трошоци за користење
7.3
Безбедност и сигурност
6.5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Скапо, ама задоволство

Audi, во мало, налутено пакување, базиран на Polo, 50% поскап од него. Кои се адутите на малечкиот од Инголштад и дали ги има доволно за да ја оправда цената?


Моторизацијата ја сочинуваат по два турбо бензинци (86 и 122 КС) и два турбо дизели (90 и 105 КС), од кои изборот оди интересно на бензинците. Поживо и поспремно реагираат на педалата за гас и се многу полесни, што значи дека возните својства се многу помалку нарушени.

А кога сме кај нив, А1 нуди вистински компромис меѓу удобноста и возните својства. Всушност, и покрај тврдо подесената суспензија, а благодарение на цврстата изведба на каросеријата, А1 не пренесува вибрации ниту удари од многуте скопски дупки, исклучително е тивок и рафиниран, а на кривулест пат се однесува како вистински атлета и дозволува исклучително брзи промени на правецот. По желба на возачот, задниот крај може и да се испровоцира, погодувате, чисто од забава... Како шлаг на тортата наречена силно возачко доживување, доаѓаат и супер прецизното управување и извонредно прецизниот менувач.

Внатрешноста е меч со две острици. Багажникот е одличен со 267 литри зафатнина, предните две седишта се исклучително комфорни, но задната клупа е тесна, како во хард-кор спортските автомобили. Зад управувачот, пак, поставеноста е како кај спортските автомобили, со ниско седење, а високата ергономија ја дополнуваат и одлично поставените и читливи команди команди. Одлична е и прегледноста, и напред и назад – паркирањето со А1 е вистинска песна.

Интересно, иако го носи предзнакот премиум, основната опрема кај А1 е исклучително сиромашна, дури и без клима, а доплатите се многу скапи (мануелна клима чини 1.006 евра!). Со оглед на тоа, не може да се оправда ни повисоката цена во однос на конкурентите, кои нудат повеќе опрема. Навидум високата цена во голема мера е оправдана кога ќе се види како е изведен ентериерот. Во внатрешноста апсолутно не е штедено – пластиката е фина и мека на допир и секој детаљ е изведен како во поголемите Audi модели, а карактеристично за производителот од Инголштад, завршната обработка е на највисоко ниво.

Потрошувачката кај сите мотори се исклучително ниска, па така, бензинецот со 86 КС се задоволува со 6 литри во просек, додека дизелот со 90 КС со извонредни 4,8 литри во просек. Според истражувањата за доверливост, Audi е секогаш при врвот и пред германските конкуренти, што ветува поевтино и побезгрижно одржување. Безбедноста е на највисоко ниво – пет ѕвездички по новите тестирања на EuroNCAP.

Можеби дели многу компоненти со Polo, Ibiza и Fabia, но во никој аспект, А1 не потсетува на народните браќа. Однадвор изгледа провокативно и модерно, вози исклучително забавно, има премиум квалитетна кабина, и секако носи многу повеќе стил со себе. Доколку не пречи потесната задна клупа и високата цена, А1 треба да биде во потесниот избор на премиум мал автомобил... Особено што знае да биде и штедлив...

ПРЕДНОСТИ
• Привлечен, спортски дизајн
• Голема забава во возењето
• Одлични перформанси дури и од основниот мотор
• Висока рафинираност – солидна удобност и многу тивка кабина
• Висок квалитет на материјалите во внатрешноста
• Одлично чувство зад управувачот, висока ергономија и прецизен менувач
• Солиден багажник
• Добра прегледност
• Можности за персонализирање
• Безбедност
НЕДОСТАТОЦИ
• Тесна задна клупа
• Висока цена, недоволно богата опрема
• Многу скапи доплати
• Ентериерот се чини можел да биде малку поразигран


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Audi A1  

НЕ МИ СЕ ДОПАЃА ВООПШТО
Напишан од МОЖЕБИ Е ЛУДИЛО АМА СРАМОТА Е СО ИСКОПИРАНИ ФАРОВИ МАЗДА СРАМОТА  пред  околу 55 месеци
МОЖЕБИ Е ЛУДИЛО АМА СРАМОТА Е СО ИСКОПИРАНИ ФАРОВИ МАЗДА СРАМОТА
Напишан од МОЖЕБИ Е ЛУДИЛО АМА СРАМОТА Е СО ИСКОПИРАНИ ФАРОВИ МАЗДА СРАМОТА  пред  околу 55 месеци
UBAVO KAJ SEKOE NOVO AUDI FAROVITE SE ISKOPIRANI OD NOVA MAZDA PROVERETE I SPOREDETE
Напишан од PROVERI I SPOREDI  пред  околу 59 месеци
UBAVO KAJ SEKOE NOVO AUDI FAROVITE SE ISKOPIRANI OD NOVA MAZDA PROVERETE I SPOREDETE
Напишан од PROVERI I SPOREDI  пред  околу 59 месеци
UBAVO KAJ SEKOE NOVO AUDI FAROVITE SE ISKOPIRANI OD NOVA MAZDA PROVERETE I SPOREDETE
Напишан од PROVERI I SPOREDI  пред  околу 59 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 3
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Audi A1
 
Audi A1
17362 - 23913
Fiat 500
 
Fiat 500
9950 - 15600
MINI Cooper Coupe
 
MINI Cooper Coupe
22900 - 36900
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум мали
 
Alfa Romeo Mi.To15500 €
Citroën DS315690 €
Fiat 5009950 €
Lancia Ypsilon13500 €
MINI Cooper Coupe22900 €
Opel Adam12458 €
Opel Adam Rocks *15851 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Audi

www.audi.com.mk

Импортер за Македонија
Порше Македонија

Тел: 02 / 2 626 - 266

Адр: бул. Босна и Херцеговина бб

Работно време:  08:00 -17:00
сабота:  09:00 -14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Audi модели
A1 A3
A3 Sedane A4
A4 Avant A5 Coupe
A5 S5 Coupe A5 Sportback
A6 A6 Allroad Quattro
A6 Avant A7 Sportback
A8 Q2
Q3 Q5
Q7 Q8
R8 TT Coupe





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook