дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Jeep > Jeep Patriot > Краток опис за моделот
Jeep Patriot Jeep Patriot
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 26490
веќе од 441 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
4.6
Изглед
3.5
Перформанси
5
Возна динамика
4.3
Зад управувачот
5.3
Удобност
4
Простор и практичност
4.5
Квалитет и доверливост
3
Цена/Опрема
5
Трошоци за користење
4.7
Безбедност и сигурност
6.5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Jeep што повеќе сака асфалт

Можеби го носи популарното “Jeep” не предната маска, но Patriot е далеку од стандардниот американски џип. Овој SUV повеќе сака асфалт, додека од терен признава само некој полесен.


Моторот кој е вграден во Patriot е 2,0 литарскиот дизел со 140 КС, од VW од претходната генерација (со пумпа прскалка). Добро повлекува уште од ниски вртежи и е одлична мера за компактниот теренец.
 
Солидни се и возните својства – Patriot се навалува малку повеќе во свиоците, но добро се лепи на патот дури и при повисоки брзини. Сепак, теренските возни својства се само просечни, а тешката каросерија го отежнува кочењето – Patriot има долг пат на сопирање. Како и што му прилега на американски автомобил, Patriot е доволно удобен и на подолги патувања. Успешно ги пегла малите нерамнини на патот, а не ги пренесува ниту ударите од поголемите дупки. Затоа пак стариот VW мотор добро одѕвонува во внатрешноста и е гласен при силни забрзувања. Исто така, при повисоки брзини има и звук од ветерот и гумите...
 
Во внатрешноста има многу простор и на предната и на задната клупа, но разочарува големината на багажникот, кој со 334 литри е далеку под просекот на класата. Ергономијата е солидна, благодарение на класично распоредените команди кои се секогаш на дофат на раката... Уште воланот да се подесуваше по длабочина и се ќе беше за пет.
 
Опремата е навистина богата и вклучува: ABS+EBD+BAS, ESP, ERM (контрола против превртување), Freedom-Drive 4x4 погон, 8 воздушни перничиња, темпомат, серво управувач целосна електроника, централна брава со автоматско заклучување, кодиран клуч, аларм, 17 инчни алуминиумски тркала, кровни носачи, затемнети стакла со UV филтер, радио со CD+MP3+AUX, штоф седишта отпорни на дамки, патен компјутер со компас итн...
 
Онаму каде Jeep најмногу заостанува зад конкурентите е квалитетот. Завршната обработка на целиот автомобил е далеку под просекот, а пластиката во внатрешноста не прилега ниту на најевтин градски автомобил. Jeep не стои добро ниту на испитувањата за доверливост, а и веќе добро познатиот дизел на VW е скап и незгоден за одржување. Згора на тоа, цената веќе не е ниска како во почетокот кога беше лансиран моделот, па има многу поисплатливи конкуренти.
 
Според фабричките податоци, Patriot 2.0 CRD троши 6,7 литри гориво во просек, односно 8,8 во град и 5,5 на отворено. Реално, во град троши околу 10 литри, а на отворено речиси 7. На тестот ние во просек потрошивме осум литри, што за тежок автомобил со погон на сите четири тркала е сосема солиден резултат.
 
Jeep Patriot е солиден SUV автомобил, но има недостатоци преку кои купувачите на таков модел тешко може да поминат. Првенствено мислиме на малиот багажник и на крајно неквалитетната внатрешност, недостатоци кои не постојат кај ниту еден друг конкурент... Навистина, изгледот и името  се привлечни, но помодерните конкуренти нудат навистина повеќе за вложените пари.
ПРЕДНОСТИ
• Пространа внатрешност
• Солидна удобност
• Добри возни својства (на асфалт)
• Богата опрема
НЕДОСТАТОЦИ
• Неквалитетен ентериер
• Просечни теренски возни својства
• Мал багажник
• Моторот е гласен при забрзување


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Jeep Patriot  

Jeep
Напишан од Pece Petreski  пред  околу 117 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Nissan Qashqai
 
Nissan Qashqai
21590 - 36590
Ford Kuga MCA
 
Ford Kuga MCA
23300 - 48300
Citroën C5 Aircross - 2019
 
Citroën C5 Aircross - 2019
21990 - 37390
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV Компактни
 
Citroën C5 Aircross - 201921990 €
Ford Kuga MCA23300 €
Great Wall Hover H5 12034 €
Hyundai Tucson17777 €
Hyundai Tuscon - 201818990 €
Jeep Compass - 201725000 €
Jeep Renegade23000 €
KIA Sportage - 201716950 €
Mitsubishi Eclipse Cross23980 €
Nissan Qashqai21590 €
Opel Grandland X - 201823525 €
Peugeot 300822490 €
Renault Koleos - 201734500 €
Seat Ateca - 201720041 €
Ssang Yong Korando17200 €
Volkswagen Tiguan30443 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Jeep

www.jeep.com

Импортер за Македонија
Аутомобиле СК

Тел: 02 / 3093 - 100

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 – 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Jeep модели
Cherokee Compass - 2017
Grand Cherokee Grand Cherokee SRT
Renegade Wrangler
Wrangler Unlimited





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook