Продолжувајќи го новиот Citroen-овски визуелен израз прв пат преставен кај C4 Cactus, C3 е истовремено свој и привлечен.
Tаканаречените Airbumps - стилски дизајнирани елементи кои истовремено ја заштитуваат каросеријата и му даваат посебен карактер на автомобилот, освен заштита, нудат и уникатен изглед, а 36те комбинации со различни бои на каросерија, кров, ретровизори и други детали, само го надополнуваат моментот на персонализација што модерниот купувач го бара.
Новиот C3 на располагање има 3 PureTech бензиски од најнова генерација и 2 ефикасни и прецизни BlueHDi дизел мотори. 82, 100 и 110 КС за бензидките и 75 и 100 КС за HDI моторите, доволни за потребите на градско возење.
За градски услови, моторот со 82 КС ги задоволува потребите, но за возење на отворено, при повисоки брзини, секако препорака е посилен дизел мотор, особено тој со 6 степени на пренос
C3 уште еднаш покажува дека удобноста при возењето мора да биде приоритет. Конструиран во духот на традиционалните француски возни карактеристики, да биде мек и удобен, C3 едноставно плови по патот. Одговорот на управувачот не е така директен, што значи дека динамичките возни својства овојпат се ставени во втор план.
Главни инженерски подобрувања во однос на подвозјето се однесуваат на тоа како C3 се справува со малите нерамини. Сега, проаѓа многу подобро преку нив, онака, суверено, како да се работи за поголем и потежок автомобил.
Напредок во однос на рафинираноста е очигледен. C3 пријатно изненадува - ќе имате пријатно чувство користејќи било која команда. Во комбинација со интересниот ентериер и материјалите што се користат, постигнат е голем чекор напред, едноставно, немате чувство дека се возите во автомобил од 10-11.000 Евра.
Иако мал однадвор, во ентериерот сосема комотно ќе се чувствуаат патниците, посебно оние напред. И просторот за одлагање на ситници е интелигенто дизајниран, а за тоа од голема помош е едноставниот и рационален дизајн на ентериерот, со прави форми и линии.
Багажникот (300l) е поголем во однос на најголемите конкуренти. Ако има вистински недостаток кај C3, тоа е недостаток на простор по висина на задните седишта.
Дизајнот на кокпитот е вистинско освежување, со меки лини и ретро израз. Едноставен, модерен пристап, со малку копчиња, и многу команди на моделите си touch screen.
Дизајнирана според програмата Citroën Advanced Comfort®, едноделна и прочистена архитектура на командата табла нуди едноставен контакт до сите елементи во патничкиот простор. Командната табла се истакнува со својата ергономичност на командите и интуитивна примена на таблетот осетлив на допир, целосно интегриран во средишниот дел од таблата.
Седиштата се одлични, широки и комотни, и со доволно флексибилност во однос на подесувањата и на самите седишта, но и на управувачот, што значи дека ќе биде комотно за различни возачи, со различни предиспозиции. Новиот C3 нуди и беспрекорен комфор во потпирањето и изолација која се вбројува помеѓу најдобрите на пазарот.
Во однос на потрошувачката, веќе проверениот PureTech 82 КС во град може да вози и со реални 7 литри, додека на отворено, при помали брзини, до кај 70-80 Km/h ја задржува ниската потрошувачка очекувана за возење на отворено, но на брзини од 120-130 Km/h, потршувачката значително расте. Сепак, се работи за автомобил кој главно се вози во град, и чиј мотор има таква намена - да понуди перформанси и ниска потрошувачка онаму каде најмногу ќе се користи.
Она што веднаш се забележува во однос на најголемите конкуренти Polo, Fiesta или Corsa, е фактот дека C3 не се труди да биде како нив. Напротив, нуди свои и уникатни вредности. Освен што е многу комфорен и практичен, се чини дека патот до младите и шик купувачи е токму моментот дека е различен, и секако убав. Наликува на премиум модел од ниската класа. Дизајниран со едноставни линии, да биде сладок и модерен, но и доволно лут. Замислете го со поголеми тркала и веќе имате мал спортист. Барем однадвор. Доаѓа во каросериска изведба со 5 врати, и се уште изгледа секси како купе со 3 врати.
Новиот C3 се уште не е тестиран од EuroNCAP, безбедноста повеќе се однесува на многубројните безбедносни системи што ги има автомобилот. C3 располага со многу од нив, а особено за истакнување е пакетот за сигурност, но и ABS + REF + AFU + ESP системи за безбедно сопирање - сите уште во првото ниво на опрема.
НИВОА НА ОПРЕМА
1-во ниво | LIVE
- ABS + REF + AFU + ESP системи за безбедно сопирање,
- Помош при тргнување на нагорнина,
- Воздушни перничиња за возач и совозач,
- Странични воздушни перничиња и завеси,
- Isofix прицврстување на детско седиште,
- Централно заклучување со далечинско,
- Приклучок 12V,
- Светло во багажниот простор,
- Серво управувач,
- Куќишта на ретровизорите во црна мат боја,
- Сензор за издишани пневматици,
- Индикатор за температура на моторот,
- Делива клупа назад 2/3 со 1/3,
- Висинско прилагодување на возачко седиште,
- Резервно тркало 15″,
- Темпомат со ограничувач на брзина,
- Часовник и индикатор на надворешната температура,
- Пакет сигурност: (AFIL систем за предупредување за ненамерно преминување на коловозната линија, Coffee Break Alert, систем за препознавање на сообраќајни знаци за ограничување на брзина),
- Патен компјутер,
- Тонирани стакла,
- Индикатор за непоставен сигурносен ремен,
- Пневматици 185/65 R15T,
- Висинско и длабинско подесување на воланот,
- Раткапни 15 CLIC,
- Поставување на седиштата Myca Grey,
- Рачки на вратите во мат црна боја,
- Електрика на предни стакла,
- Бришач на задно стакло,
- Автоматско заклучување на вратите и багажникот при стартување на возилото (автоматско исклучување во случај на несреќа),
- Припрема за радио (антена + кабли за 2 звучника),
- Пиротехнички ремени со ограничување на силата,
- Прегради во предните и задните врати,
- Задни светла со 3D ефект
2-ро ниво | FEEL
Содржи се што има FEEl, плус:
- Лајсна на командната табла во црна сјајна боја,
- Клима уред,
- Ретровизори со грејачи на огледала,
- Капаци на ретровизорите во црна сјајна боја,
- Подолжна украсна лајсна под каросерија,
- Раткапни 15“ ARROW,
- Дневни светла со LED,
- Радио MP3 со Bluetooth и приклучок USB, AUX,
- Рачки на надворешните врати и капаци на ретровизорите во црна сјајна боја,
- Хром сатен лајсна на воланот,
- Пневматици 195/65 R15T
3-то ниво | SHINE
Содржи се што има FEEL, плус:
- Предни светла за магла,
- Помош при паркирање назад,
- Airbump® Black,
- CITROËN Connect Радио на 7“ екран чувствителен на допир, Mirror Screen,
- Автоматски клима уред,
- Надворешни ретровизори во црна сјајна боја,
- Надворешни украсни лајсни во црна сјајна боја,
- Раткапни 3D Steel & Style 16“,
- Електрика на стакла напред и назад со заштита од приклештување,
- Пакет Видливост: (автоматско вклучување на светла, автоматски предни бришачи на ветробранско стакло, самозатемнувачки внатрешен ретровизор),
- Битон покрив,
- Менувач во кожа,
- Волан во кожа