дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Audi > Audi A8 > Краток опис за моделот
Audi A8 Audi A8
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 105636
веќе од 1760 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Audi A8 – чекор во вистинската насока

Непобитен факт е дека кој модел од високата класа и да го одберете, нема да згрешите. Сепак, меѓу сите тие големи лимузини, една отсекогаш се истакнуваше над другите – Mercedes S Class. И додека до пред неколку години моделот от Штутгарт беше неприкосновен, од неодамна некои работи се променија – Audi го лансираше новиот A8, кој е достоен конкурент на S Class во многу категории.


Исклучително високо ниво на удобност, рафинираност и комфор

Најважната карактеристика кај лимузините од високата класа е нивото на комфор и удобност кое го нудат. Конечно, Audi кај А8 се откажа од спортските амбиции, на кои апсолутно не им е местото во оваа класа на возила, што придонесе за возење мазно како свила. На кратко кажано, ова е еден од најудобните автомобили во кои може да се провозите, воопшто.
 
Ваквиот фокус на Audi намали на возачкото доживување и динамиката во возењето – A8 се навалува малку повеќе во кривините и е помалку динамичен од сите конкуренти во сегментот, но ние нема да се буниме. Спортско возење во високата класа не е потребно и среќни сме што Audi конечно го сфати тоа.
 
И не само што сфати дека на спорт му нема место во високата класа, туку Audi посветил и исклучително големо внимание на тишината во кабината. Механиката која се вградува во моделот е исклучително тивка, моторите работат без вибрации, додека суспензијата ги голта нерамнините без никаков звук. Во кабината на A8 ќе се чувствувате смирено како во некој храм и тука дефинитивно ќе сакате да поминете повеќе време.
 
На ова мораме да го додадеме и целосниот комфор кој го нуди внатрешноста, а особено задната клупа кај продолжениот A8 L модел. Овде може лесно да ги испружите нозете и да го спуштите задниот наслон за (долга) дремка, а доколку не ви се спие, ќе бидете опкружени со висока технологија, како дисплеј на седиштето пред вас, клима која може да се регулира само за вашето седиште, масажер, извонреден Bang&Olufsen аудио систем и дури и засебен 5,7 инчен таблет со кој ќе ги управувате сите тие системи. Вистинско патување од високата класа.
 
Ентериерот не успева да го постигне супер луксузното чувство на конкурентите
Квалитетот на материјалите и прецизната изработка се на највисоко можно ниво во секој Audi модел и тоа тука не е исклучок. Сепак, на A8 му фали посветување на ситните детали во дизајнот на ентериерот, нешто што ќе го направи посебен и различен. Вака, предната конзола и страничниот дизајн на вратите делува само како напумпана верзија на A6, со малку поквалитетна кожа и дрво, што не е за пофалба. Само погледнете ги ентериерите на Mercedes S Class и Lexus LS, кои имаат нов тип на материјали и нови начини на нивната изведба и ќе сфатите за што зборуваме. Едноставно, кај нив ќе се чувствувате како да сте во поскап автомобил.
 
Она што нема да ви недостига во A8 се дисплеи. На централната конзола има два, едниот за управување со климата и аудио уредот, другиот за навигација, додека пред возачот наместо инструменти има уште еден огромен дисплеј. Системот изгледа навистина технолошки напредно, бидејќи дисплеите имаат висока резолуција, а оперативниот систем е мазен како кај модерен смартфон, но ние не сме убедени дека дисплеј на допир е најдобро решение. На него има премногу команди кои често се ситни и се особено тешки за допирање во движење, а толку многу светлина од дисплеи е контрапродуктивна на одморот кој им треба на патниците навечер. Исто така, многу од информациите на поголемиот централен дисплеј, веќе ги има на 12,3 инчниот дисплеј пред воланот, што е апсолутно непотребно. Според нас, подобрена верзија на MMI системот со џојстик ќе беше подобар избор.
 
Највисоко можно ниво на технологија за активна и пасивна безбедност
Audi A8 е опремен со сите можни системи за активна безбедност кои веќе ги имаат и конкурентите, но негов главен адут е Traffic Jam Pilot системот за автономно возење, кој овозможува „Ниво 3“ автономија. Овој систем буквално ќе ви овозможи да ги тргнете рацете од воланот и да правите други работи на автопат и во градски гужви, иако одвреме навреме ќе побара да преземете контрола. Сепак, овој систем се уште не е достапен ниту со доплата – Audi вети дека ќе може да се порача на крајот од 2018 година. Уште еден многу интересен систем за пасивна безбедност, кој исто така е прв во светот е системот кој го подигнува автомобилот кога ќе почувствува дека судирот од страна е неизбежен, со што драматично ја намалува можноста за повреда, дури и при повисоки брзини и посилни судири.
 
Доволно „благохибридни“ мотори со одлични перформанси
Двата моментално достапни мотори за A8 се 3.0 TDI дизел со блага помош од електричен мотор кој работи на 48V и максимална сила од 286 КС и 3.0 TFSI бензинец, исто така помогнат од електричен мотор, кој развива 340 КС. Бензинецот нуди малку подобри забрзување и има подобар звук, но дизелот е поеластичен и троши помалку гориво – околу 12 литри во град, наспроти над 15 литри кај бензинецот, односно 7,5 литри на отворено, наспроти 9,5-10 литри. Потрошувачката често и не е проблем кај купувачите во оваа класа, а после скандалот со дизелите на Audi може да се очекува и дека тие ќе имаат поголемо паѓање на вредноста, па затоа наша препорака е да се одбере бензинецот.
 
A8 стана сериозен конкурент во класата, но не е без недостатоци
Во новиот A8, Audi има автомобил кој конечно е конкурентен на најдобрите во оваа класа, поточно, на S Class. Најдобриот автомобил од Инголштад нуди исклучително високо ниво на комфор во внатрешноста, што особено важи за A8 L продолжената изведба, како и удобно возење на кое скоро и да му нема рамно во класата. Исто така, внатрешноста е „накрцана“ со технологија, а A8 доаѓа и со многу системи за безбедноста кои за прв пат ги гледаме во тој автомобил. 
 
Сепак, купувачите кои бараат максимум луксуз може да бидат оттурнати од обичниот ентериер – конкурентите како Lexus LS и Mercedes S Class делуваат многу поскапо однатре, иако немаат толку многу дисплеи. Но, ако тоа не пречи, A8 е врвна лимузина од високата класа, во која патниците ќе можат да се возат скоро изолирани од надворешниот свет, што е една од најважните работи во високата класа.
ПРЕДНОСТИ
• Исклучително удобно возење – дупките скоро и да не се чувствуваат во внатрешноста
• Од моторот, суспензијата и надворешноста скоро и да не влегуваат звуци во кабината
• Многу простор во внатрешноста и на предните и на задните седишта
• Ентериерот е опремен со технологија како “Airbus” авион – патниците се опкружени со дисплеи
• Моторите нудат високи перформанси и релативно ниска потрошувачка
• Напредни системи за безбедноста и автономно возење
НЕДОСТАТОЦИ
• Ентериерот не остава посебен впечаток како Mercedes S-Class или Lexus LS
• Динамиката во возењето е послаба од сите конкуренти во класата
• Премногу дисплеи во внатрешноста и збунувачки мултимедијален систем со екрани на допир


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Audi A8  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Mercedes-Benz S-Class
 
Mercedes-Benz S-Class
105980 - 299990
Audi A8
 
Audi A8
105636 - 114878
Lexus LS
 
Lexus LS
114500 - 139500
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Луксузни лимузини
 
Lexus LS114500 €
Mercedes-Benz S-Class105980 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
СРЕДНА КЛАСА       ПРЕМИУМ - СРЕДНА КЛАСА       СРЕДНО - ВИСОКА КЛАСА       ВИСОКА КЛАСА       
 

Одберете друг автомобил
     

Audi

www.audi.com.mk

Импортер за Македонија
Порше Македонија

Тел: 02 / 2 626 - 266

Адр: бул. Босна и Херцеговина бб

Работно време:  08:00 -17:00
сабота:  09:00 -14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Audi модели
A1 A3
A3 Sedane A4
A4 Avant A5 Coupe
A5 S5 Coupe A5 Sportback
A6 A6 Allroad Quattro
A6 Avant A7 Sportback
A8 Q2
Q3 Q5
Q7 Q8
R8 TT Coupe





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook