дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Land Rover > Land Rover Range Rover Velar > Краток опис за моделот
Land Rover Range Rover Velar Land Rover Range Rover Velar
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 74500
веќе од 1241 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Range Rover Velar – Луксуз на претек, синоним за престиж

Со лансирањето на моделот Velar, Land Rover најави дека ова ќе биде првиот модел на компанијата која ќе биде пред се насочен кон подобрите возни својства на асфалт и да бидеме искрени, во очи на тоа како корисниците ги користат своите SUV автомобили, тоа е добра работа.


Velar дојде и по малку неочекувано на пазарот. Всушност, тој како да отвора нов сегмент – ценовно е позициониран меѓу моделите од компактниот сегмент на премиум SUV купе возила (BMW X4 и Mercedes GLC Coupe) и големите SUV купе возила (BMW X6 и Mercedes GLE Coupe). Но, да го тргнеме на страна тоа што нема вистински, директен конкурент и да го поставиме вечното прашање – дали е доволно добар?
 
Кабината не нуди простор колку што ветуваат надворешните димензии
Една од најважните работи, поради која купувачите се одлучуваат на SUV возила е што овој тип на автомобили е понудата на простор во внатрешноста. За жал, во овој дел Velar не поминува со највисоки оценки, поради тоа што не нуди доволно простор за колена за возрасни патници на задната клупа. Кај многу од конкурентите ќе можете и да ги прекрстите нозете, но тука ќе треба да седите малку позгужвано. 
 
Исто така, нервира фактот што Range Rover (Land Rover) сакал да не залаже со големината на багажникот – тие ветуваат 632 литри, што е извонредна бројка, но е мерена до покривот, а не го полицата поставена под стаклата. Мерење на волумен е прилично тешка работа, но нашето искуство вели дека Velar нема особено поголем багажник од BMW X6 на пример. 
 
Од друга страна, во делот на практичноста, Британците се потрудиле – задната клупа се спушта во сооднос 40:20:40 за целосно рамен под, а низ кабината има многу места за одлагање ситници и пијалаци. Многу конкуренти нудат и задна клупа која се лизга напред-назад, опција која ја нема во Velar, но би можеле да замислиме и дека не би била многу корисна поради ограничениот простор за нозете на задната клупа.
 
Релаксирана возачка позиција, но разочарувачки мултимедијален систем
Range Rover веќе одамна ја пронајде формулата за добра возачка позиција. Седењето е високо, а кај поскапите модели седиштето и воланот се подесуваат во апсолутно сите насоки, за максимално удобно седење, иако ќе бевме среќни ако сите модели имаа лумбарна поддршка подесива по висина, која се добива само со доплата. Исто така, сите команди се на дофат на раката и се логично изведени и читливи. Долгите патувања во Velar дефинитивно нема да бидат заморни за возачот.
 
Освен ако не чепка премногу во мултимедијалниот систем со дисплеј на допир. Тука нема само еден, туку два дисплеи. Долниот на пример се користи за управување со клима уредот и аудиото и мора да признаеме изгледа посекси отколку копчиња поставени на централната конзола, но убедени сме дека во движење копчиња се бесконечно подобар избор. 
 
Двата дисплеи сепак се корисни во некои ситуации – на горниот може да гледате навигација, а долниот да го користите за останатите системи во возилото. Сепак, недостатокот на Android Auto и Apple CarPlay во толку скап автомобил за нас е уште едно разочарување за мултимедијалниот систем. Верувајте, изгледа многу подобро отколку што е навистина корисен.
 
Исто така, веројатно треба да се забележи, прегледноста и напред и назад не е најсјајна, иако седењето е повисоко. Ова особено важи за задниот дел, каде стаклото е премало и многу издигнато, па препорачуваме да се ослонувате на камерата за движење назад.
 
Добар компромис меѓу возните својства и удобноста, но избегнете го 2,0 турбо дизелот
Range Rover Velar може да се добие со неколку мотори и различни изведби на суспензијата. Ние уште одеднаш ќе пресечеме и ќе кажеме да земете еден од V6 дизелите или бензинците, бидејќи истите доаѓаат со воздушна суспензија, која драматично ја подобрува удобноста – моделите со 2,0 турбо дизелот се малку тврди за нашите патишта.
 
Покрај тоа, V6 моделите нудат и многу подобри перформанси – наш избор е дизелот со 300 КС, кој спринта до стотка за само 6,1 секунди, а притоа троши околу 10 литри во просек со посмирено возење. Ова не е рекорд во класата – далеку од тоа и помалите дизели ќе бидат поекономични, но тие се побучни и работат со повеќе вибрации и според нас, не им е местото во толку голем SUV. Како и да е, сите модели се тивки и рафинирани на повисоки брзини.
 
Во поглед на динамиката на возењето, пак, иако Range Rover вети дека ова ќе биде првиот модел кој е првенствено развиван за возење на асфалт, тој тука се уште не е на нивото на најдобрите во класата. Во портфолиото на BMW и Porsche секако дека има SUV автомобили кои возат многу подобро во кривините, што не значи дека Velar е лош – се чини дека е доволно динамичен и агилен за целната група на купувачи. Затоа пак тој е повторно на врвот во класата кога се во прашање оф-роуд способностите – конкурентите не му се ни близу.
 
Кабината остава добар впечаток на прв поглед, но квалитетот не е на нивото на конкуренцијата
Кога ќе влезете во внатрешноста на Velar, особено ако се работи за модел со повисоко ниво на опрема, лесно е да бидете зашеметени од минималистичкиот дизајн и изборот на материјали, како на пример кожа, за предната конзола. Сепак, подлабоката инспекција открива дека во долниот дел на кабината Британците ставиле премногу евтина пластика, на која местото и е дефинитивно во многу поевтин автомобил. Купувачите во оваа класа бараат апсолутно највисок можен луксуз и тука, Velar нема целосно да ги задоволи нивните побарувања, барем не како што можат некои конкуренти во класата.
 
Воедно, Land Rover и натаму е меѓу најслабите брендови кога се во прашање истражувањата за доверливост – често се случува многу нови модели да треба да имаат посериозни поправки на механиката, а и гаранцијата не остава многу простор за сигурност кај купувачите. Не помалку важно, цената на Range Rover паѓа побргу од таа на конкурентите.
 
Бидете спремни на сите компромиси пред да платите толку пари
Range Rover Velar дефинитивно е далеку од перфектен автомобил. Голем е, но не нуди доволно простор на задната клупа, изгледа фантастично однатре, но не е ни одблизу толку квалитетен... Да не бидеме разбрани погрешно, тој има многу квалитети кои ги бараат купувачите од оваа класа – моторите овозможуваат одлични перформанси, удобноста и рафинираноста се на високо ниво и однадвор мислиме дека изгледа особено добро, но сумата која треба да се плати за него често преминува и во повисоката класа на SUV возила, како Audi Q7, Lexus RX и BMW X6. Ако толку многу ви се допаѓа, ние би рекле дека не треба премногу да размислувате за да го купите, но бидете спремни на сите негови компромиси.
 
 
 
 
НИВОA НА ОПРЕМА
 
 
 
1-во ниво | S
  • Трансфер кутија со еден степен на пренос
  • Електрична паркинг кочница (EPB)
  • Автоматска трансмисија со 8 степени на пренос
  • Систем Terrain Response со програма Dynamic
  • Систем против блокирање на тркалата при кочење (ABS)
  • Прилагод лива динамика
  • Насочување на вртежниот момент
  • Контрола на спуштањето по надолнина (HDC)
  • Контрола на постепено ослободување на кочниците (GRC)  
  • Електронска контрола на тракцијата (ETC)
  • Динамичка контрола на стабилноста (DSC)
  • Контрола на кочење во свиоци (CBC)
  • Автономно итно кочење (AEB)
  • Предупредување за напуштање на коловозната лента
  • Електронска распределба на силата за кочење (EBD)
  • Контрола на стабилноста при навалување (RSC)
  • Електронски серво управувач пропорционален на брзината на движење (EPAS)
  • Тргнување при мала тракција
  • Потпирање со пружини
  • Stop/Start
  • Контрола на стабилноста на приколката (TSA)
  • Бришачи со сензор за дожд
  • Спојлер со отвори на крајната врата
  • Рамни кваки на вратите со вовлекување
  • Надворешни ретровизори со греење
  • Неметалик боја
  • Акустично ламинирано ветробранско стакло
  • Автоматски фарови
  • Осветлување на патеката до дома
  • Задни светла за магла
  • Предни и задни ЛЕД светла
  • Систем за набљудување на притисокот во пневматиците (TPMS)
  • 18"-ни тркала ‘Style 1022‘ со 15 краци
  • Челично резервно тркало
  • Пневматици за сите сезони
  • Touch Pro Duo
  • Штитници од сонце со огледала со осветлување
  • Копче, на притискање, за Start
  • Обоени завршни детали на вратите
  • Кожен волан
  • 5"-ен дисплеј со инструмент табла
  • Лопатки за менување степени на пренос во бојата Black
  • Метална плоча за прагот на багажниот простор, метални плочки за праговите на предните врати
  • Клима уред со две зони
  • Амбиентно внатрешно осветлување
  • Bluetooth® поврзливост
  • Сензор за квалитет на воздухот
  • Внатрешен ретровизор со автоматско придушување
  • Аудио систем Land Rover од 250W со 8 звучници
  • далечински управувач
  • Седишта од вештачка кожа Luxtec и антилоп материјал
  • седишта со рачно прилагодување во 8 насоки
  • Дводелен лизгачки преден централен потпирач за раце
  • Делливи задни седишта во однос 40:20:40
  • Централен наслон за глава во вториот ред
  • Влегување без к луч (систем за влег ување, зак лучување и старт ување на возилото без к луч)
  • Помош за паркирање напред и назад
  • камера за помош при паркирање наназад
  • Контрола на патна брзина со ограничувач на брзината (90mph/145km/h)
  • Крајна врата со рачно отворање и затворање
  • Покривна полица на багажниот простор
  • Гласовна контрола
  • Пакет прик лучници за напојување Power Socket 1  2 x USB, 3 x 12V
  • Зак лучување на централната конзола
  • Е лектрика на прозорците со функцијата еден допир за отворање/затворање и заштита од потфаќање
  • Периметарски аларм и имобилизатор
  • Напреден систем за помош при нагло кочење
  • Предни кочници од 325mm
  • Предни кочници од 350mm*
  • Индикатор за истрошеност на плочките на кочниците
  • 6 воздушни перничиња
  • Потстеник за безбедносниот ремен
  • ISOFIX назад
  • Брави за деца, со електрична команда
  • Помош за задржување во коловозна лентаi
  • Надзор на состојбата на возачот
  • Набљудување на мртвиот агол
  • Дополнување на стандардна опрема
  • 19"-ни бандажи од лег ура „Style 5046“ со 5 краци
  • Кога е специфициран R-Dynamic:  19"-ни бандажи од лег ура „Style 5046“ со 5 краци со завршна обработка во бојата Satin Dark Grey
  • Премиум ЛЕ Д фарови со препознатливо светло за дневно возење
  • Крајна врата со електромоторен погон со функцијата активирање со гестикулација
  • Ретровизори на вратите со автоматско придушување, со електромоторно ск лопување, греење и приодни светла
  • Седишта од перфорирана зрнеста кожа
  • Седишта со прилагодување во 10 режими со мемориска функција (вк лучени се потпирач за раце на задните седишта и електромоторно навалување)
  • Кога е специфициран R-Dynamic:  Седишта од перфорирана зрнеста кожа со странични
  • потпирачи од антилоп материјал
  • Аудио систем Meridian™ од 380W со 11 звучници
 
 
 
2-ро ниво | SE
Содржи се што има S, плус:
  • 20"-ни бандажи од легура „Style 7014“ со 7 краци
  • Кога е специфициран R-Dynamic  20"-ни бандажи од лег ура „Style 1032“ со 10 краци со завршна обработка во бојата Satin Dark Grey
  • Матрикс ЛЕ Д фарови со препознатливо светло за дневно возење
  • Крајна врата со електромоторен погон со функцијата активирање со гестикулација
  • Ретровизори на вратите со автоматско придушување, со електромоторно ск лопување, греење и приодни светла 
  • Седишта од перфорирана зрнеста кожа
  • Седишта со прилагодување во 10 режими со мемориска функција (вк лучени се потпирач за раце на задните седишта и електромоторно навалување)
  • Кога е специфициран R-Dynamic:  Седишта од перфорирана зрнеста кожа со странични
  • потпирачи од антилоп материјал
  • Аудио систем Meridian™ со опкружувачки звук од 825W со 17 звучници
  • Интерактивен дисплеј за возачот
 
 
 
3-то ниво | HSE
Содржи се што има SE, плус:
  • 21"-ни бандажи од легура „Style 5047“ со 5 краци
  • Кога е специфициран R-Dynamic:  21"-ни бандажи од лег ура „Style 1033“ со 10 краци со завршна обработка во бојата Satin Dark Grey
  • Матрикс ЛЕ Д фарови со препознатливо светло за дневно возењеКрајна врата со електромоторен погон со функцијата активирање со гестикулација
  • Ретровизори на вратите со автоматско придушување, со електромоторно ск лопување, греење и приодни светла
  • Управувачки столб со електрично прилагодување
  • Седишта од перфорирана кожа Windsor
  • Седишта со прилагодување во 20 режими со мемориска функција и масажер на седиштата за возачот/совозачот и со греење/ладење на предните седишта (вк лучени се потпирач за раце на задните седишта и електромоторно навалување)
  • Кожен волан* и капак на воздушното перниче со маска во бојата Atlas Chrome
  • Лопатки за менување степени на пренос со завршна обработка Satin Chrome
  • Пакетот Luxury вк лучува: Windsor кожа на горниот и на долниот дел од тапацирот на вратата, Windsor кожа на средното ниво на инструмент таблата
  • Аудио систем Meridian™ со опкружувачки звук од 825W со 17 звучници
  • Интерактивен дисплеј за возачот
 
 
ПРЕДНОСТИ
• Високо ниво на удобност и рафинираност
• Рафинирани и брзи V6 дизел мотори
• Солидни возни својства на асфалт и оф-роуд
• Релаксирана возачка позиција
• Практична и функционална кабина
НЕДОСТАТОЦИ
• Тесен простор за колена на задната клупа
• Долниот дел на кабината е изведен во поевтина пластика
• Мултимедијалниот систем не е добар за користење во движење, а нема ниту Apple CarPlay или Android Auto


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Land Rover Range Rover Velar  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Land Rover Range Rover Velar
 
Land Rover Range Rover Velar
74500 - 113500
BMW X5
 
BMW X5
64000 - 105000
Porsche Cayenne
 
Porsche Cayenne
76969 - 112891
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Луксузен SUV
 
Audi Q780098 €
Audi Q891094 €
BMW X564000 €
Mercedes-Benz GLS94860 €
Porsche Cayenne76969 €
Volvo XC9090000 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
 

Одберете друг автомобил
     

Land Rover

www.landrover.com.mk

Импортер за Македонија
Маккар

Тел: 02 / 3 110 - 073

Адр: ул. Илинденска бр. 9

Работно време:  09:00 - 19:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Land Rover модели
Discovery Discovery Sport
Range Rover Range Rover Evoque
Range Rover Evoque Cabriolet Range Rover Sport
Range Rover Velar





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook