дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Land Rover > Land Rover Range Rover Sport > Краток опис за моделот
Land Rover Range Rover Sport Land Rover Range Rover Sport
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 86500
веќе од 1441 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

LR Range Rover Sport: Време е “Sport” да не се употребува во автомобили кои не се спортски

Land Rover, односно неговата полуксузна дивизија Range Rover, отсекогаш биле познати по експертизата да направат теренец, кој воедно може да биде и супер луксузен. Но, дали рецептот функционира кога во целиот тој микс ќе се фрли и придавката “Sport”?


Land Rover ветува дека Range Rover Sport е поспортска верзија на класичната изведба, но дали тоа ја прави спортска? Секако дека не. Во реалноста, Sport моделот е само поевтина, помала изведба на Range Rover, која благодарение на пониската маса и помалите димензии, делува малку поспортски во возење. 

Моторите се моќни, возните својства солидни, но и натаму рафинираноста е во преден план

Ако барате спортски SUV, Range Rover Sport нема да биде најдобриот избор во оваа класа. BMW X5 и X6 и Porsche Cayenne ќе понудат поголемо уживање во кривините. Не дека Range Rover Sport не може да се вози агресивно – тој добро се лепи за подлогата, но зад воланот уживањето едноставно нема да биде исто како кај тие два модели. Ова е само малку поспортска верзија на класичниот Range Rover. Ништо спектакуларно во поглед на динамиката. Од друга страна, возните својства на терен се најдобри во класата. Ова е сепак Range Rover.

Моторите се исто така позајмени од поголемиот модел и нудат многу високи перформанси. Освен најслабиот дизел, кој не е особено импресивен, особено во модел кој се вика Sport. Кај останатите, притиснете силно со десната нога и многу брзо ќе гледате трицифрени бројки на инструмент таблата. 

Висока потрошувачка од сите мотори

Воедно, многу лесно се стигнува и до двоцифрени бројки во потрошувачката – полесно од директните конкуренти. Очекувајте преку 13 литри потрошувачка во град и од најслабиот дизел со четири цилиндри, односно преку 15 литри кај другите мотори. Бензинците избегнете ги – нудат врвни перформанси, но трошат преку 16-17 литри гориво во град и скоро двоцифрено на отворено. Range Rover Sport не е штедлив автомобил.

Забелешки на удобноста и рафинираноста сепак нема. Меѓу „поспортските“ SUV-а, ова е веројатно најудобниот автомобил. Дупките ги впива многу добро и не пренесува премногу звук од моторот, ветерот и гумите. Тука сигурно нема да имате проблем да поминете повеќе километри. Напомена: избегнете ги поголемите 21 и 22 инчни тркала – малку ја расипуваат удобноста.

Ентериерот не е простран како директните конкуренти

Range Rover Sport е голем автомобил и нормално, нуди доволно простор во кабината. Сепак, секој конкурент од оваа класа има по некој сантиметар повеќе за кралски простор. Ова особено е изразено во просторот за колена – повисоките патници ќе треба да направат малку гимнастика во Range Rover Sport.

Онаму каде што нема да има потреба да се прават гимнастики е багажникот, кој има зафатнина од 784 литри. Тука ќе можете да сместите многу товар и за среќа, задната врата е едноделна, па и товарањето е олеснето.

Ентериерот делува импресивно и технолошки напредно, но мултимедијалниот систем не е најлесен за користење

Range Rover Sport е одлично изработен автомобил, со внатрешност богата со квалитетни материјали. Како и да е, копчињата се пластични и не делуваат толку квалитетно како кај германските и јапонските премиум модели, но ова е веќе барање игла во сено. Сигурни сме дека никој нема да се пожали на неквалитетна внатрешност.

На возачот ќе му биде особено удобно – возачката позиција е висока и прегледноста е извонредна во сите правци. Седиштата се исто така многу комфорни. Како и да е, мултимедијалниот систем со два дисплеи на допир е вистинска ноќна мора за користење во движење, иако делува многу технолошки напредно оддалеку.

Поевтин од Range Rover, но поскап од директните конкуренти

Очекувано, Range Rover Sport е многу скап автомобил, со исто толку скапи опции. Доколку се заборавите со ставањето на опрема, цената може да порасне до астрономски граници. Скоро сите конкуренти во овој сегмент се поевтини, освен Porsche Cayenne. Сепак, тој според нас е целосно поимпресивен автомобил.

Воедно, Range Rover е озлогласен по тоа што многу се расипува – секој негов претходник е меѓу најмалку доверливите модели на пазарот и не веруваме дека работите се драматично подобрени тука, па може да се очекува дека со него ќе имате малку повеќе трошоци во тој дел, заедно со веќе високите трошоци за редовни сервиси и потрошувачка.

 

Всушност, цената е повторно ограничувачкиот фактор кај Range Rover Sport. Во целина, тој е импресивен автомобил, кој нуди доволно простор, голем багажник и високо ниво на луксуз, но сметаме дека многу од конкурентите ги нудат истите квалитети за помалку пари.

 

-----

НИВОA НА ОПРЕМА

 

 

1-во ниво | S

  • Автоматска трансмисија со 8 степени на пренос
  • Погон на сите тркала (AWD)
  • Eлектричен серво управувач (EPAS)
  • Динамичка контрола на стабилноста (DSC)
  • Режим ЕСО
  • Тргнување при мала тракција
  • Електронска контрола на тракцијата (ETC)
  • Контрола на стабилноста при навалување (RSC)
  • Контрола на кочење во свиоци (CBC)
  • Контрола на спуштањето по надолнина (HDC)
  • Електрична паркинг кочница (EPB)
  • Контрола за постепено забрзување (GAC)
  • Контрола на постепено ослободување на кочниците (GRC)
  • Монтажни места за багажник за покривот
  • Греење на задниот прозорец
  • Акустично ламинирано ветробранско стак ло
  • Бришачи на ветробранското стак ло со сензор за дожд
  • Интегриран издувен систем (не е применлив кај моторите Si4)
  • Автоматски фарови
  • Светла за дневно возење (DRL)
  • ЛЕД задни светла
  • Осветлување на патеката до дома
  • Високопоставено стоп светло
  • Задни светла за магла
  • Прскалки за фаровите
  • Систем за набљудување на притисокот во пневматиците (TPMS)
  • Стандард кај S+SE+SVR
  • Резервнo тркалo од лег ура со намален пресек
  • Стандард кај HSE+HSE Dyn.+Autobiography Dyn
  • Сигурносни навртки на тркалата
  • Контрола на стабилноста на приколката (TSA)
  • Подготовка на електриката за влечење
  • Предно и задно окце за оспособување на возилото
  • Мултифункционален волан
  • Штитници од сонце со огледала со осветлување
  • Електрика на прозорците со функцијата еден допир за отворање/затворање и заштита од потфаќање
  • Заклучување на горната и долната касета на инструмент таблата
  • Предни и задни држачи за чаши
  • Предни и задни ракодржачи
  • Потпирач за стопалото за возачот
  • Простор за ск ладирање во предната врата 
  • Копче, на притискање, за Start
  • Централна конзола со потпирач за рака
  • Заден централен потпирач за раце
  • Светло во багажниот простор
  • Точки за обезбедување на предмети во багажниот простор
  • Делливи седишта во вториот ред во однос 60:40
  • Touch Pro Duo
  • Интерактивен дисплеј за возачот
  • Систем за навигација Navigation Pro
  • Гласовна контрола
  • Прик лучници за напојување
  • All Terrain инфо центар (систем којшто на екранот прикажува корисни информации при теренско возење како што се геометријата на возилото, ангажираната помош при нак лон и состојбата на пневматиците)
  • Bluetooth® поврзливост
  • Итно кочење
  • Предупредување за напуштање на коловозната лента
  • Контрола на патна брзина и Ограничувач на брзината
  • Помош за паркирање напред и назад
  • Систем против блокирање на тркалата при кочење (ABS)
  • Помош при нагло кочење (EBA)
  • Сензор против натрапници
  • Конфиг урирање на автоматското заклучување по желба на к лиентот
  • Безбедносни ремени со прилагодување по висина
  • Влег ување од едно место, к лиентот го конфиг урира
  • Брави за деца, со електрична команда
  • ISOFIX на задните седишта
  • Frontalni erbegovi
  • Предни воздушни перничиња, со сензор за прису тност на седиштето за совозачот
  • Предзатегнувачи на безбедносните ремени
  • Стандардна опрема, плус
  • Трансфер к у тија со еден степен на пренос
  • Премиум ЛЕ Д фарови со препознатливо светло за дневно возење DRL 
  • Закалени стак ла на предните и задните странични прозорци
  • Греење на ретровизорите
  • Без знаци
  • Систем за поправка на пневматици 
  • 19"-ни бандажи од лег ура „Style 5001“ со 5 краци со завршна обработка во бојата Silver
  • Предни седишта со прилагодување во 8 положби Седишта за возачот и совозачот

 

 

2-во ниво | SE

  • Премиум ЛЕ Д фарови со препознатливо светло за дневно возење DRL
  • Греење на ретровизорите
  • 19"-ни бандажи од лег ура „Style 5001“ со 5 краци со завршна обработка во бојата Silver
  • Ламинирани стак ла на предните и закалени стак ла на задните странични прозорци
  • Предни светла за магла
  • Трансфер кутија со два степени на пренос (подрачје со голем/мал број на вртежи)

 

 

3-во ниво | HSE
Содржи се што има SE, плус:

  • Матрикс ЛЕД фарови со препознатливо светло за дневно возење DRL ***
  • Греење на ветробранското стакло ****
  • Ретровизори на вратите со елек тромоторно ск лопување, греење, мемориска функција и приодни светла **
  • Резервно тркало од алуминиум со намален пресек***
  • 20"-ни бандажи од лег ура „Style 5084“ со 5 краци со завршна обработка во бојата Silver
  • Предни седишта со прилагодување во 16 положби  

 

4-во ниво | HSE DYNAMIC
Содржи се што има HSE, плус:

  • Матрикс ЛЕД фарови со препознатливо светло за дневно возење DRL
  • Греење на ветробранското стакло
  • Резервно тркало од алуминиум со намален пресек
  • 20"-ни бандажи од лег ура „Style 5085“ со 5 краци со завршна обработка во бојата Silver
  • Шепи на кочниците анодирани со сива боја со натписот Land Rover (само на предните) (шестклипни предни кочници од 380mm / задни кочници од 365mm) 
  • Terrain Response

 

 

5-во ниво | AUTOBIOGRAPHY DYNAMIC
Содржи се што има HSE DYNAMIC, плус:

  • Матрикс ЛЕД фарови со препознатливо светло за дневно возење DRL ***
  • Греење на ветробранското стакло ****
  • Резервно тркало од алуминиум со намален пресек
  • Фурнир Grand Black
  • Премиум подни простирки
  • Кожен волан со хромирано лежиште
  • Лопатки за менување степени на пренос со завршна обработка Satin Chrome
  • Предни седишта со мемориска функција со прилагодување во 22 насоки со наслони за глава со крилца 
  • Седишта за возачот и совозачот  
  • прилагодување нанапред/ наназад = електромоторно во 2 режима, 
  • седишта за возачот и совозачот  прилагодување нагоре/надолу = електромоторно во 2 режима, 
  • прилагодување на навалувањето на наслонот = електромоторно во 2 режима, 
  • прилагодување на наклонот на перничето = во 2 режима,
  • прилагодување на лумбалниот дел = во 2 режима, 
  • прилагодување на страничните потпирачи = во 2 режима, 
  • издолжување на перничето = електромоторно во 2 режима, 
  • прилагодување на предните наслони за глава по висина = електромоторно во 2 режима, 
  • нанапред/наназад и крилцата = рачно прилагодување. 
  • Со системот за забава на задните седишта со екран од 8" вклучени се наслони со крилца и го нема рачното прилагодување нанапред/наназад
  • Предни седишта со греење и ладење со задни седишта со греење

 

 

6-во ниво | SVR
Содржи се што има AUTOBIOGRAPHY DYNAMIC, плус:

 

  • Црн контрастен покрив
  • Пиксел ЛЕД фарови со препознатливо светло за дневно возење DRL
  • Ламинирани стак ла на предните и закалени стак ла на задните странични прозорци
  • Систем за поправка на пневматици
  • 21"-ни бандажи од лег ура „Style 5091“ со 5 краци со завршна обработка Satin Polish
  • SVR Performance седишта 
  • Седишта за возачот и совозачот  прилагодување нанапред/ наназад = електромоторно во 2 режима, 
  • седишта за возачот и совозачот  прилагодување на навалувањето на наслонот, прилагодување на перничето по висина, 
  • прилагодување на лумбалниот дел = електромоторно во 4 режими, издолжување на перничето
  • Предни и задни седишта со греење
  • Проширена декоративна површина од полиран алуминиум со завршна обработка Satin
  • Клима уред со три зони 
  • Влег ување без к луч (стандард со P400e) 
  • Е лек тромоторно отворање/затворање на вратата на багажниот простор со функцијата ак тивирање со гестик улација (стандард со P400e) (3)
  • Аудио систем Meridian™ Signature (цена за P400e)
  • Набљудување на мртвиот агол, Надзор на состојбата на возачот
ПРЕДНОСТИ
• Мотори со високи перформанси
• Високо ниво на удобност и рафинираност
• Квалитетно изведена кабина
• Огромен багажник
• Одлична возачка позиција и извонредна прегледност во сите правци
НЕДОСТАТОЦИ
• Динамиката не е како кај конкурентите и покрај “Sport” во името
• Висока потрошувачка и трошоци за одржување
• Мултимедијалниот систем со два дисплеи на допир е тежок за користење во движење


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Land Rover Range Rover Sport  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Jaguar E-Pace - 2018
 
Jaguar E-Pace - 2018
37900 - 73400
Land Rover Range Rover Sport
 
Land Rover Range Rover Sport
86500 - 168000
Jeep Grand Cherokee
 
Jeep Grand Cherokee
51000 - 99000
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум SUV големи
 
Audi Q551622 €
Jaguar E-Pace - 201837900 €
Jeep Grand Cherokee51000 €
Lexus RX - 2016124500 €
Mercedes-Benz GLE SUV66250 €
Volkswagen Touareg - 201966647 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
 

Одберете друг автомобил
     

Land Rover

www.landrover.com.mk

Импортер за Македонија
Маккар

Тел: 02 / 3 110 - 073

Адр: ул. Илинденска бр. 9

Работно време:  09:00 - 19:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Land Rover модели
Discovery Discovery Sport
Range Rover Range Rover Evoque
Range Rover Evoque Cabriolet Range Rover Sport
Range Rover Velar





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook