at DBAccess.GetGalImage(Int32 id) in c:\HostingSpaces\koli\app.koli.com.mk\wwwroot\App_Code\DBAccess.cs:line 6358 at kratok_opis.Ispolni() in c:\HostingSpaces\koli\app.koli.com.mk\wwwroot\kratok_opis.aspx.cs:line 520
дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > > > Краток опис за моделот
Jeep Compass - 2017
Spodeli
Опис на моделот
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
 
Половен автомобил
 
Ваше мислење
   

Информации за автомобилот
од 25000
веќе од 416 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
Изглед
Перформанси
Возна динамика
Зад управувачот
Удобност
Простор и практичност
Квалитет и доверливост
Цена/Опрема
Трошоци за користење
Безбедност и сигурност
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Jeep Compass: Неколку чекори зад конкуренцијата

Jeep е убедливо најпознатото име кога на ум ќе ни падне некој SUV автомобил. И со право – тие се пионери во скоро секој сегмент на овие возила и слободно може да се каже дека многу од останатите производители ги имаат „ископирано“.


Но, ние на ова би дополниле и „подобрено“. Да, концептот на SUV автомобил можеби потекнува од Jeep, но конкурентите станаа толку добри во развојот на вакви возила, што Jeep не само што ја загуби предноста, туку му е тешко да остане и релевантен, особено на европските пазари. 

 
Compass е веројатно најважниот модел на брендот, со кој тие влегуваат во најгусто населениот сегмент на компактни SUV автомобили, каде во моментов владеат автомобили од калибарот на Peugeot 3008 и Nissan Qashqai. Па, дали Compass има доволно квалитети за да конкурира на овие возила?
 
Внатрешноста има доволно простор и напред и назад, но само просечен багажник
Доколку сакате максимално голем багажник, за жал ќе мора да го прескокнете Compass. Тој има 438 литри, кои во изолација и не се малку, но Peugeot 3008 на пример има 591 литри, во не многу поголема каросерија однадвор. Практичноста делумно е подобрена благодарение на тоа што подот на багажникот е всушност полица која може да се постави на три нивоа, но тоа не го намалува фактот дека неговата големина едноставно заостанува зад другите модели во сегментот.
 
Од друга страна, немаме забелешки на просторот во кабината – тука удобно ќе може да се сместат возрасни патници и на предните и на задните седишта. Воедно, ни се допадна и високата возачка позиција со одлична прегледност надвор, како и големите централно поставени команди. Пофалба заслужува и мултимедијалниот систем, кој е брз и интуитивен, а надвор од него има и неколку кратенки за полесно користење во движење.
 
Најдобар на терен, но најслаб на асфалт
Како и секогаш, Jeep Compass е повторно најдобриот автомобил за возење на терен во оваа класа. Со него ќе може да поминете и по потешки терени, кои порано се поминуваа само со чистокрвни теренци. Навистина, ако ова ви е многу важно, одете и купете го Jeep Compass, со напомена да биде (скап) модел со погон на сите четири тркала. Некои конкуренти не само што немаат толку добри теренски возни својства, туку не се ни нудат со погон на сите четири тркала (Peugeot 3008 на пример).
 
Како и да е, онаму каде според нас е поважно, на асфалт, Compass е еден од најслабите модели во овој сегмент. Во кривините му недостасува динамика и прецизност – додека другите SUV-а возат како компактни автомобили, овој се навалува повеќе во кривините и делува повеќе како теренец. Воедно, суспензијата не ги голта дупките од патот како што се очекува од еден семеен SUV, а дизел моторите се премногу бучни – како да се работи за 10-тина години постар автомобил. Во споредба со Compass, скоро секој конкурент делува како премиум автомобил.
 
На сето ова се придружува и квалитетот во кабината, кој апсолутно не остава впечаток на автомобил кој чини толку многу пари. Ниту изборот на материјали, ниту изработката не се на нивото на кое се очекува да биде еден компактен SUV автомобил, особено еден кој се наоѓа меѓу поскапите во својата класа.
 
Цената е меѓу највисоките во класата
Цената на Compass е една од највисоките меѓу компактните SUV автомобили и ова важи особено за изведбите со погон на предните тркала, кои ги немаат ниту добрите теренски возни својства. Од достапните мотори пак сите се доволно штедливи, но трошат некој децилитар повеќе од главните конкуренти. 
 
Ние го препорачуваме 1,6 дизелот со 120 КС, бидејќи нуди добра комбинација од ниска потрошувачка и задоволителни перформанси – троши од 7-7,5 литри во град и под 6 литри на отворено. За жал, овој мотор не се нуди со погон на сите четири тркала – за него мора да го изберете поскапиот 2,0 дизел со 140 КС, кој троши до два литри повеќе гориво.
 
Како и да е, доколку се погледнат конкурентите, тешко е да се препорача кој и да било Compass модел. Американскиот SUV заостанува премногу зад конкурентите во многу важни сегменти, а особено во делот на удобноста и рафинираноста – дупките во него лесно се чувствуваат, а влегува и премногу звук од моторот, ветерот и гумите. Исто така, ентериерот едноставно не остава впечаток на толку скап автомобил – со цената Compass навлегува и во повисокиот сегмент на SUV возила, каде се добива многу повеќе простор и луксуз. 
 
Тука би можеле да надополниме и дека 4WD моделите со погон на сите четири тркала се навистина добри на терен и да ги препорачаме на оние кои се расположени за такво возење, но само ако бидете спремни да ги прифатите сите други компромиси. Jeep Compass е во моментов неколку чекори зад конкурентите.
 
 
НИВОА НА ОПРЕМА
 
 
1-во ниво | SPORT
  • ЕЛЕКТРОНСКА КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА 
  • HILL START ASSIST
  • ALL SPEED TRACTION CONTROL
  • ISOFIX Подготовка на седишта
  • Прекинувач за совозачки Air Bag
  • Странични воздушни перничиња на предни седишта
  • Воздушни завеси напред и назад
  • KEYLESS ENTRY /IMMOBILIZER
  • Адаптивни задни светла за кочење
  • TIRE PRESSURE MONITORING
  • LANE KEEP ASSIST
  • Задни светла за магла
  • FULL SPEED FWD COLLISION WARN PLUS
  • CRUISE CONTROL
  • BRAKE STABILITY CONTROL
  • ELECTRONIC ROLL MITIGATION
  • TRAILER SWAY DAMPING
  • Кочници со ABS , 4 Х диск
  • Трет наслон за глава на задно седиште
  • Електрична паркирна кочница
  • Затемнети стакла
  • LED задни светла
  • Дневни светла
  • Црни надворешни ретровизори
  • Надворешни ретровизори со вградени покажувачи на правец
  • Халогени предни светла
  • Автоматски предни светла
  • FRONT WIDE LICENSE PLATE BRACKET
  • Црни на предни фарови
  • Црни лајсни на долен дел од врати
  • Црни рачки на врати
  • Централно заклучување на капаче за гориво
  • Електрична регулација на ретровизори 
  • 60/40 Преклупување на задно седиште
  • Висинско подесување на возачко седиште
  • Активни наслони за глава на предни седишта
  • Оддлеи во багажен простор
  • Облога на багажен простор текстил
  • Куки во багажен простор
  • Заден наслон за рака со држач за чаши
  • Рачка на менувач со сребрена боја
  • Клима уред со микронски филтер
  • 12V конектор
  • Осветлен влез
  • Осветлена совозачка касета
  • Задни амбиентални светла
  • Доплнителен 12V конектор позади
  • 6 звучници
  • Аудио контроли на управувач
  • Управувач обложен со кожа
  • Аудио конектор за мобилен телефон
  • Дополнителен USB конектор 
  • DIGITAL AUDIO BROADCAST
  • UCONNECT 5.0
  • BLUETOOTH STRЕАMING AUDIO
 
 
 
2-ро ниво | LONGITUDE
Содржи се што има SPORT, плус:
  • Предни светла за магла со корнеринг функција
  • Надворешни ретровизори во боја на каросерија
  • LED Дневни светла
  • Сребрени лајсни на долен дел од врати 
  • Рачки на врати во боја на каросерија
  • Кровни носачи
  • Преклопливо совозачко седишт
  • Осветлени предни држачи за чаши
  • Осветлени огледала на сенила за сонце
  • Амбиентално LED осветлување
  • Задни паркинг сензори
 
 
 
3-то ниво | LIMITED
Содржи се што има LONGITUDE, плус:
  • TIRE PRESSURE MONITORING дисплеј 
  • Брисачи на предно стакло чуствителни на интензитет на дожд
  • SELEC-TERRAIN (TM) SYSTEM
  • Надворешни детали од светол хром
  • Хромирани украси на предни фарови
  • Хромирани лајсни
  • Кровни носачи со сребена боја
  • Хромиран издув
  • 40/20/40 Поделена задна клупа
  • Инструменти со 7" TFT колор дисплеј
  • Електрично лумбално подесувње
  • Амбиентално осветлување 
  • Електрохроматски внатрешен ретровизор
  • USB конектор
  • UCONNECT 7.0 DAB, 2 X USB
ПРЕДНОСТИ
НЕДОСТАТОЦИ




 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Jeep Compass - 2017  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА 
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
 
-
 
-
 
-
 
Најпопуларни автомобили
 
 
 
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
 

Одберете друг автомобил
     

Импортер за Македонија

Тел:

Адр:

Работно време: 
сабота: 


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Jeep модели
Cherokee Compass - 2017
Grand Cherokee Grand Cherokee SRT
Renegade Wrangler
Wrangler Unlimited





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook