дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Jaguar > Jaguar E-Pace - 2018 > Краток опис за моделот
Jaguar E-Pace - 2018 Jaguar E-Pace - 2018
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 37900
веќе од 631 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Jaguar E-Pace: Пакување со дузина компромиси

Британскиот премиум бренд последниве 10-тина години значително ја зголеми својата гама на автомобили, лансирајќи дури и SUV модели, кои претходно беа наменети само за сестринската фирма Land Rover.


Но, дали нивните SUV-а се доволно добри? Или, уште поважно, дали ги следат традиционалните квалитети на Jaguar, како динамиката во возењето и чувството зад воланот? E-Pace се обидува да го постигне тоа, но дали е тоа важно во еден ваков тип на автомобил е дебата, особено не ако е на сметка на пониско ниво на удобност за патниците...
 
Внатрешноста не е особено пространа
Ако планирате да пренесувате возрасни патници на задната клупа, E-Pace нема да биде најдобриот избор за вас. На задните седишта има само доволно простор, што значи дека нема многу „мрдање“. Конкурентите нудат повеќе простор, како на пример BMW X1.
 
Воедно, задната клупа не е воопшто флексибилна, односно наслоните не се спуштаат за зголемен комфор, а се дели само во сооднос 60:40 – конкуренцијата нуди и 40:20:40, што овозможува подобра организација на долги предмети. Воедно, со спуштање на задните седишта не се добива целосно рамен под. За среќа, багажникот има 577 литри, што е повеќе од доволно за една фамилија.
 
Ентериерот не делува толку луксузно, но контролите се лесни за користење
Моделите од поновата генерација на Jaguar не се најдобриот избор ако сакате ентериер кој ќе остави максимален луксузен впечаток. Материјалите во горниот дел на кабината се солидни – на некои места има и кожа, но голем дел од пластиката во долниот дел изгледа евтино. Тука, германските компактни SUV модели и Volvo XC40 се подобри.
 
За среќа, возачот лесно ќе се снајде зад воланот. Седењето е повисоко во однос на директните конкуренти, што овозможува подобар поглед напред и што е еднакво на зголемена безбедност (иако прегледноста напред е послаба, но така е кај сите SUV модели). Воедно, централната конзола е читлива, со големи копчиња за најважните команди, додека дисплејот на допир е на дофат на раката и е лесен за користење, респонзивен и со добра графика. За жал, тој нема Android Auto и Apple CarPlay, па поврзувањето со вашиот телефон е надвор од игра.
 
Моторите не даваат задоволителни перформанси – E-Pace е едноставно претежок
Во делот на перформансите и потрошувачката најдобро се гледа колку E-Pace е „вистински“ Jaguar. Додека сите други модели на брендот се базираат на алуминиумска шасија, E-Pace се потпира на платформата од Land Rover Discovery Sport. Резултатот? 85 килограми повисока тежина во просек од поголемиот F-Pace! Да, помалиот SUV на Jaguar е потежок од поголемиот.
 
Ова значи дека ниту еден мотор не влече како што влече во F-Pace. На пример, дизелот со 180 КС има доволно добри перформанси, но не повлекува добро како конкурентите. Исто така, поради ова страда динамиката во кривините – тешката каросерија секогаш бега надвор од свиокот порано од очекуваното. Суспензијата од друга страна не е претерано тврда, но не би можеле да кажеме ниту дека E-Pace е удобен автомобил.
 
Поради повисоката тежина, страда и потрошувачката. Дизелот со 180 КС, кој е наш избор од гамата, троши и преку 10 литри во град, односно над 7 литри на отворено. Премногу за компактен SUV кој треба да го замени вашиот премиум компакт.
 
E-Pace е и премногу бучен за наш вкус, особено со дизел моторите, кои добро одѕвонуваат во кабината и работат со повеќе вибрации. Ова е сепак скап, премиум автомобил и тука очекувавме многу повеќе.
 
Цената е конкурентна, но конкурентите се подобри
Jaguar E-Pace има солидно ниво на опременост во старт, со тоа што купувачот ќе мора да одбере меѓу обичната и R-Dynamic верзијата, која се доплаќа неколку илјади евра и која му дава подобар изглед на британскиот компактен SUV. Секоја друга опрема се доплаќа и е скапа, но не повеќе од германските конкуренти.
 
Како и да е, во моментов се чини во премиум класата на компактни SUV автомобили, има подобри модели од Jaguar E-Pace, кои на купувачот ќе му дадат повеќе слобода во ентериерот, ќе возат подобро, ќе бидат побрзи и поекономични, а тука пред се мислиме на BMW X1 и Volvo CX40. За вистинско Jaguar доживување зад воланот, купете XE за истите пари. Нема да загубите ниту на практичноста, ниту на теренските возни својства.
 
 
 
НИВОА НА ОПРЕМА
 
 
1-во ниво | S
  • Хромирани отвори
  • Порабување на прозорците во бојата Satin Black
  • Греење на ретровизорите
  • Бришачи со сензори за дожд
  • Две издувни цевки со завршни елементи
  • Спојлер на крајната врата
  • Греење на страничните ретровизори
  • ЛЕД фарови
  • ЛЕД задни светла
  • Задни светла за магла
  • Автоматски фарови
  • Трикратен сигнал за промена на коловозна лента
  • Приодно осветлување (преку далечински управувач) и осветлување на патеката до дома
  • 17"-ни бандажи од легура „Style 1005“ со 10 краци
  • Челично резервно тркало
  • Систем за набљудување на притисокот во пневматиците (TPMS)
  • Клима уред со две зони
  • Преграда за одложување предмети во централната конзола
  • Два држачи за чаши напред со капак
  • Централна конзола со потпирач за рака
  • Штитници од сонце со огледала со осветлување
  • Отвори за воздух во вториот ред
  • Таванска конзола со осветлување
  • Седишта од мебел штоф
  • Предни седишта со рачно прилагодување во 8 положби
  • Кожен волан
  • Тапацир на таванот во бојата Morzine
  • Тапацир на таванот во бојата Light Oyster
  • Метални плочки на праговите со натписот Jaguar
  • Делливи задни седишта, во однос 60:40
  • Контрола на движењето по секаква површина (ASPC)2
  • Помош при тргнување на нагорнина)
  • Електричен серво управувач (EPAS)
  • Насочување на вртежниот момент преку кочење3 (TVbB)
  • Динамичка контрола на стабилноста (DSC) и
  • Контрола на тракцијата
  • Електрична паркинг кочница (EPB)
  • Тргнување при мала тракција
  • Stop/Start
  • 10"-ен Touch Pro
  • 5"-ен дисплеј со инструмент табла
  • Аудио систем Jaguar – 125W
  • AM/FM радио уред
  • Динамичка контрола на јачината на звукот
  • Bluetooth® поврзливост
  • Гласовна контрола
  • Приклучници за напојување – 4 x 12V струјни и 2 x
  • USB податочни и за полнење
  • Помошник за ЕКО стил на возење
  • Патен компјутер
  • Итно кочење
  • Контрола на патна брзина и Ограничувач на брзината
  • Надзор на состојбата на возачот
  • Помош за задржување во коловозна лента
  • Елементи за помош при паркирање напред и назад
  • Камера за поглед наназад
  • Копче, на притискање, за Start
  • Систем против блокирање на тркалата при кочење (ABS)
  • Систем воздушно перниче за пешак
  • Електронска распределба на силата за кочење (EBD)
  • Систем за помош при нагло кочење (EBA)
  • Предни воздушни перничиња со сензор за присутност на седиштето за совозачот
  • Предни воздушни перничиња
  • Воздушна завеса по целата должина на страничните прозорци
  • Периметарски аларм и имобилизатор
  • Конфигурирање на автоматското заклучување по желба на клиентот
  • Задни ISOFIX точки
  • Команди за електрично заклучување на седиштата за деца
  • Потсетник за безбедносен ремен
  • Електрично заклучување на детските седишта
  • Покривна полица за багажниот простор
  • Еластични странични ленти во багажниот простор
  • Светло во багажниот простор
  • Точки за врзување предмети во багажниот простор
  • Куки во багажниот простор
  • Мрежа за складирање предмети во багажниот простор
  • Крајна врата со рачно отворање/затворање
  • Надворешно осветлување
  • ЛЕД фарови со препознатливо светло за дневно возење DRL 
  • 18"-ни бандажи од легура „Style 9008“ со 9 краци
  • Кога е специфициран R-Dynamic: 18"-ни бандажи од легура „Style 5048“ со 5 краци
  • Внатрешен ретровизор во автоматско придушување
  • Ретровизори на вратите со електромоторно склопување, автоматско придушување, греење и приодни светла
  • Седишта од зрнеста кожа
  • Предни седишта со елекромоторно прилагодување во 10 режими
  • Кога е специфициран R-Dynamic: Седишта од зрнеста кожа со контрастно порабување
  • Систем за навигација Navigation Pro
 
 
 
2-ро ниво | SE
Содржи се што и S, плус:
  • ЛЕД фарови со препознатливо светло за дневно возење DRL
  • Систем за автоматска помош за долги светла (AHBA)
  • 19"-ни бандажи од легура „Style 1039“ со 10 краци
  • Кога е специфициран R-Dynamic:
  • 19"-ни бандажи од легура „Style 5049“ со 5 краци
  • Внатрешен ретровизор во автоматско придушување
  • Ретровизори на вратите со електромоторно склопување,
  • автоматско придушување, греење, мемориска функција и приодни светла
  • Крајна врата/капак на багажниот простор со електромоторно отворање/затворање
  • Седишта од зрнеста кожа
  • Предни седишта со елекромоторно прилагодување во 14 режими со мемориска функција
  • Кога е специфициран R-Dynamic:
  • Седишта од зрнеста кожа со контрастно порабување
  • Систем за навигација Navigation Pro
  • Аудио систем Meridian™ со моќност од 380W
  • Пакет Park којшто се состои од системите 360° Помош при паркирање,
  • Набљудување на сообраќајот зад вас и Помош при паркирање 
 
 
 
3-то ниво | HSE
Содржи се што и SE, плус:
  • ЛЕД фарови со препознатливо светло за дневно возење DRL
  • Систем за автоматска помош за долги светла (AHBA)
  • 20"-ни бандажи од легура „Style 5054“ со 5 краци
  • Кога е специфициран R-Dynamic:
  • 20”-ни бандажи од легура „Style 5051“ со двојни краци во бојата
  • Satin Grey
  • Внатрешен ретровизор во автоматско придушување
  • Ретровизори на вратите со електромоторно склопување,
  • автоматско придушување, греење, мемориска функција и приодни
  • светла
  • Крајна врата/капак на багажниот простор со електромоторно
  • отворање/затворање
  • Влегување без клуч
  • Седишта од перфорирана кожа Windsor
  • Предни седишта со елекромоторно прилагодување во 18 режими
  • со мемориска функција
  • Кога е специфициран R-Dynamic:
  • Седишта од кожата Windsor со контрастно порабување
  • Систем за навигација Navigation Pro
  • Аудио систем Meridian™ со моќност од 380W
  • 12.3"-ен интерактивен дисплеј за возачот
  • Пакет Park којшто се состои од системите 360° Помош при паркирање, 
  • Набљудување на сообраќајот зад вас и Помош при паркирање
  • Пакет Drive којшто се состои од системите Прилагодлива
  • контрола на патна брзина со Помош при возење во колона, 
  • Итно кочење при голема брзина и Помош за мртов агол
ПРЕДНОСТИ
• Одлична возачка позиција
• Одлично поставени и лесни за користење команди
• Голем багажник од 577 литри
• Високо ниво на опрема во старт
• Фантастичен дизајн
НЕДОСТАТОЦИ
• Повисока потрошувачка однос на директните конкуренти
• Послаби перформанси – E-Pace е претерано тежок
• Внатрешноста не е особено пространа
• Задните седишта не се доволно флексибилни
• Не е ниту динамичен ниту удобен
• Бучни и нерафинирани дизели


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Jaguar E-Pace - 2018  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Jaguar E-Pace - 2018
 
Jaguar E-Pace - 2018
37900 - 73400
Land Rover Range Rover Sport
 
Land Rover Range Rover Sport
86500 - 168000
Jeep Grand Cherokee
 
Jeep Grand Cherokee
51000 - 99000
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум SUV големи
 
Audi Q551622 €
Jeep Grand Cherokee51000 €
Land Rover Range Rover Sport86500 €
Lexus RX - 2016124500 €
Mercedes-Benz GLE SUV66250 €
Volkswagen Touareg - 201966647 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
 

Одберете друг автомобил
     

Jaguar

Импортер за Македонија

Тел:

Адр:

Работно време: 
сабота: 


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Jaguar модели
E-Pace - 2018 F-Pace - 2018
F-Pace SVR F-Type
I-Pace - 2018 XE
XE S XF
XJ





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook