дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Jaguar > Jaguar XE > Краток опис за моделот
Jaguar XE Jaguar XE
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од
веќе од € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Jaguar XE – одлични атлетски способности, но од луксуз нема ниту „Л“

Последниве 10-тина години, од производител кој не беше премногу присутен на нашите простори, Jaguar прерасна во бренд кој е изборот на оние кои сакаат нешто малку поразлично во премиум сегментот. XE е носителот на гамата на производителот и сигурно најважниот модел, но дали тој има вистински адути за да се спротивстави на германската и јапонската конкуренција?


Ако го цениме само по изгледот, секако дека има. Да, во оваа класа во моментов скоро и да нема автомобил кој изгледа „бесно“ (освен претерано пензионерскиот Audi A4), но XE зрачи со посебна британска класика и елеганција, со голема доза на агресија, особено во предниот дел. Но, дизајнот на XE е само најава – најважно е она што се крие под него.
 
Тука, Jaguar разви целосно нова платформа, изработена скоро целосно од алуминиум. Резултатот е автомобил кој вози апсолутно најдобро во својата класа, со супер прецизно управување и извонреден баланс дури и кога се вози на границата на контакт со подлогата. Во класа каде скоро секој автомобил вози добро, XE се истакнува со својата хируршка прецизност и леснотија во совладувањето на кривините. Сево ова не зема данок на удобноста – суспензијата не е мека, но одлично се справува со ситните нерамнини и длабоките дупки. Дефинитивно Германците можат да научат по некоја лекција за тоа како се подесува суспензија.
 
Апетитите на поагресивните возачи сепак нема да бидат задоволени со основните дизел мотори со 163 и 180 КС, кои имаат премногу долги преносни односи во менувачите и се дефинитивно наменети само за крстарење на автопат. Дизелот со 240 КС е многу подобар и прилично експлозивен, но за највисоко возачко доживување, наша препорака е одличниот 2.0 турбо бензинец со 200 КС или пак верзијата со 250 КС доколку имате некој денар плус во џебот. 3.0 V6 моторот со компресор и 380 КС е вистинска ракета, но е премногу скап.
 
Од друга страна, дизелите лесно победуваат кога во равенката ќе се стави потрошувачката. Тие трошат околу 2-3 литри помалку во однос на бензинците (иако реалната потрошувачка е двојно поголема од декларираната од 4,2 литри просек) и доколку поминувате повеќе километри, на пример над 15.000 километри годишно, препорака е дизелот со 180 КС, кој нуди најдобар сооднос на перформанси со потрошувачка. Исто така, доколку не се проблем средствата, препорака е да доплатите за солидниот 8-степен автоматик.
 
Досега, XE помина со многу добри оценки и доколку не беше премиум возило, лесно ќе ни беше да кажеме и дека е најдобар во класата. Сепак, ентериерот на овој Jaguar е километри далеку од конкуренцијата во однос на квалитетот на материјалите и изработката – секој конкурент во премиум класата делува полуксузно. Всушност, ќе се дрзнеме да кажеме – многу модели од „непремиум“ сегментот, како на пример Passat, имаат повисок квалитет на ентериерот. Да, можеби се „фаќаме за сламка“ тука, но Jaguar XE чини повеќе од конкуренцијата, која делува значително полуксузно во внатрешноста, каде купувачите и најчесто ќе го поминуваат своето време.
 
Исто така, иако комфорна за четири патници, кабината заостанува зад најдобрите во сегментот кога е просторот во прашање, додека багажникот брои смешни 455 литри, кои апсолутно не се конкурентни на ниту еден модел во класата, па дури и во премиум сегментот. За среќа, седиштата во внатрешноста се одлични и возачот лесно може да ја најде идеалната позиција, со сите команди близу на дофатот на раката, иако повторно имаме забелешки на прегледноста, која е најслаба во класата поради широките столбови. Од друга страна, не може да се пожалиме на звучната изолација на повисоки брзини, иако дизелите се малку побучни од очекуваното во премиум возило (на ниво се на оние од BMW).
 
Како и сите модели во класата и XE е опремен со голем број на напредни системи за надгледување на возењето, како систем кој ги чита знаците и кој го држи возилото во лента и радар кој ја одржува брзината според останатите возила напред или целосно го забавува автомобилот. Jaguar XE може да се пофали и со прилично технолошки напредна кабина – најдобриот модел добива дисплеј со големина од 12,3 инчи на допир (најслабиот има 8 инчен дисплеј, средниот 10,2 инчен), но самото тоа што дисплејот на допир одзема премногу внимание од патот, иако вградениот софтвер е брз и флуиден. Сепак, недостасуваат карактеристични технологии кои ќе го одделат од конкуренцијата, како на пример LED предни светла и сл.
 
Најголем проблем за Jaguar XE, ако може да се каже нешто такво во оваа класа, е цената. Да, Jaguar како бренд е навистина силен и кој и да ве види во XE сигурно ќе помисли дека имате вистински вкус, но ентериерот на британскиот спортски седан апсолутно не оддава чувство на толку скап автомобил. На ова мора да се надоврзе и проблемот со доверливоста – на сите истражувања, Jaguar се расипува повеќе од конкурентите и тоа не е променето веќе со години.
 
Со оглед на сето тоа, Jaguar XE би го препорачале на оние возачи кои секојдневно сакаат да се чувствуваат како во спортски автомобил, кој воедно нема биде неудобен и да имаат практичност која ја нудат седан автомобилите во каросерија која измамува воздишки кај секој кој ќе ја види. Сепак, британскиот седан е послаб во многу други важни сегменти, а тука особено мислиме на понудениот квалитет и луксуз, што е навистина тешко да се препорача меѓу исклучително силната конкуренција. Штета, зошто платформата на која лежи е веројатно најдобра во средната премиум класа...
ПРЕДНОСТИ
• Најдинамичен модел во класата
• Хируршки прецизно управување
• Солидна удобност и на пониски и на повисоки брзини
• Високи перформанси од сите мотори и ниска потрошувачка кај дизелите
• Солидна опрема и во основниот модел
• Добра звучна изолација
• Топ дизајн
НЕДОСТАТОЦИ
• Кабината не оддава луксузно, премиум чувство и заостанува во квалитетот зад конкурентите
• Багажникот е мал со оглед на димензиите
• Долги односи во менувачите кај дизелите
• Се расипува повеќе од останатите во класата


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Jaguar XE  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Audi A4
 
Audi A4
31660 - 57921
BMW Серија 3
 
BMW Серија 3
31170 - 53160
Audi A5 Sportback
 
Audi A5 Sportback
38777 - 71417
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум седани
 
Alfa Romeo Giulia 201938800 €
Audi A431660 €
Audi A5 Sportback38777 €
BMW Серија 331170 €
Citroën DS529900 €
Lexus IS 38500 €
Mercedes-Benz C-Class33990 €
Peugeot 508 - 201933620 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
СРЕДНА КЛАСА       ПРЕМИУМ - СРЕДНА КЛАСА       СРЕДНО - ВИСОКА КЛАСА       ВИСОКА КЛАСА       
 

Одберете друг автомобил
     

Jaguar

Импортер за Македонија

Тел:

Адр:

Работно време: 
сабота: 


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Jaguar модели
E-Pace - 2018 F-Pace - 2018
F-Pace SVR F-Type
I-Pace - 2018 XE
XE S XF
XJ





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook