дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Hyundai > Hyundai Ioniq > Краток опис за моделот
Hyundai Ioniq Hyundai Ioniq
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 23900
веќе од 398 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Hyundai Ioniq: Солидно пионерско постигнување, но се уште не е на нивото на Prius

Еден од најпопуларните автомобили во минатата деценија, Toyota Prius, во минатото веќе имаше еден конкурент кој го ископира истиот концепт на возило (хибриден погон и аеродинамична форма на каросеријата), Honda Insight, но тој модел беше далеку од квалитетите на моделот на Toyota.


Сега и Hyundai ќе се обиде да го симне од тронот името кое асоцира на хибрид, со три модели: нормален хибрид, хибрид кој може да се полни преку струја (и да вози само на струја) и целосно електричен модел. Кај нас е достапен само првиот и со него Hyundai се надева дека ќе украде дел од купувачите на Prius, но според нас овој модел има многу повеќе конкуренција во Auris Hybrid, модел кој моментално се нуди и по многу пониска цена.
 
Погонот нуди задоволителни перформанси, но троши малку повеќе од хибридите на Toyota
Доколку сакате супер ниска потрошувачка, особено во градски услови, хибрид е најдобро решение. Како и да е, оние на Toyota се малку поштедливи – Ioniq троши околу 5 литри во град, додека Prius троши околу половина литар до литар помалку, што и не е мала разлика, а и Auris Hybrid ќе потроши по некој децилитар гориво помалку во град. Воедно, перформансите се скоро подеднакви меѓу двата модели, иако Ioniq има автоматски менувач со 6 брзини, кој нуди малку подобра конекција со погонот отколку CVT менувачот кај Prius.
 
Во возење, Ioniq исто така заостанува зад својот лут конкурент – ние би рекле дека Prius има подобра комбинација од удобно возење и динамика во кривините. За наш вкус, а веруваме и за голем број на купувачи на Ioniq, тој има претврдо возење во град и добро ги пренесува сите дупки во внатрешноста, а не нуди особено добра динамика. Исто така, во некои (ситни) детали се гледа дека Hyundai е се уште пионер кај хибридните возила – кочницата, која прво користи кочење со електричниот мотор за да ги наполни батериите, како да има само две лица – благо кочење или супер агресивно кочење. Toyota овој проблем го има решено веќе одамна. 
 
Од друга страна, Ioniq може да се пофали со одлична рафинираност на погонот – звук од него скоро и да не се слуша при нормално возење, а добрата звучна изолација и аеродинамичната каросерија овозможуваат тивка кабина и на повисоки брзини.
 
Пространа кабина и изненадувачки голем багажник
Еден дел каде Ioniq е подобар од својот лут конкурент е во големината на багажникот – корејскиот модел нуди 100 литри повеќе од Prius (443 литри). Ова е и очекувано, бидејќи тој однадвор е поголем автомобил. Во кабината исто така има доволно простор за возрасни патници и напред и назад, но оние повисоките ќе бидат многу близу до покривот ако седат на задната клупа, поради аеродинамичната форма на каросеријата.
 
Зад воланот Ioniq не делува толку напредно колку што навестува неговиот погон – тука ќе се чувствувате како во i30, што и не е пофалба за модел кој чини 10.000 евра повеќе. Како и да е, барем погодена е ергономијата и сите команди се лесни за користење, а и мултимедијалниот систем е со брз и едноставен кориснички интерфејс, иако ќе бевме посреќни да не беше на допир.
 
Цената е прилично висока и во моментов недоволно конкурентна на понудата на конкуренцијата
Најголем проблем за Ioniq во моментов не претставува тоа што троши малку повеќе во однос на хибридите на Toyota или пак дека има малку потврдо возење, туку цената. Да, кога ќе се изедначи со опремата на Prius таа е пониска, но за многу помалку пари Toyota ги нуди Auris Hybrid и Auris Hybrid Touring Sports караванот, кои нудат подеднакви перформанси и потрошувачка. Воедно, хибридниот погон на Toyota е веќе докажан, а истото не може да се каже за оној на Hyundai, и покрај тоа што нивните модели важат за генерално доверливи автомобили.
 
Што не значи дека Ioniq е лошо остварување. Како за прв ваков модел на компанијата, се работи за одличен автомобил кој ќе ги задоволи потребите на голем број на фамилии кои сакаат супер економично градско возило, со доволно простор и доволно голем багажник. Како и да е, цената е премногу висока и според нас треба добро да се размисли пред да се одбере Ioniq, особено што за истите пари не само што може да се купи друг хибрид, туку и многу поголемо SUV возило или пак модел од средната класа.
 
 
 
 
 
НИВОA НА ОПРЕМА
 
 
 
1-во ниво | PURE
  • Серво управувач подесив по висина и длабина
  • Предни воздушни перничиња
  • Воздушни завеси
  • Воздушни перничиња за колена
  • ABS+ ESC+ HAC
  • MICHELIN гуми
  • XENON предни светла
  • Позициони светла
  • Подесиви предни светла
  • Дневни LED светла
  • Задни светла за магла
  • Трепкачи во ретровизори
  • Ретровизори во боја на каросерија
  • Подесиви ретровизори и греење на ретровизори
  • Кваки во боја на каросерија
  • Тонирани соларни стакла
  • Сјајна предна маска (црна боја)
  • Подесив потпирач за глава (возач/ совозач)
  • Подесиво седиште (возач/совозач)
  • Деллива задна клупа
  • Електрика на стакла (напред и позади)
  • Централно заклучување со далечинско
  • ТWEETER и AUX & USB
  • Аудио команди на волан
  • 4,2 “ LCD инструментална табла
  • Aвтоматско затемнување на внатрешен ретровизор
  • Кваки во боја на каросерија
  • Тонирани соларни стакла
  • Сјајна предна маска (црна боја)
  • Подесив потпирач за глава (возач/ совозач)
  • Подесиво седиште (возач/совозач)
  • Деллива задна клупа
  • Електрика на стакла (напред и позади)
  • Централно заклучување со далечинско
  • TWEETER и AUX & USB
  • Аудио команди на волан
  • 4,2 “ LCD инструментална табла
  • Aвтоматско затемнување на внатрешен ретровизор
 
 
 
 
2-ро ниво | STYLE
Содржи се што има Pure, плус:
  • 7” LCD инструментална табла
  • SMART KEY
  • Склопливи ретровизори
  • Стандардна резервна гума
  • Мало светло на ретровизор
  • Хромирани кваки
  • Меморија на возачко седиште
  • Греење на седишта (напред и позади)
  • Навигација со 8” екран + RDS+
  • DAB+ SD CARD + BLUETOOTH
  • INFINITY аудио систем
  • Систем за паркирање (напред и позади)
  • Безжичен полнач
 
 
 
3-то ниво | PREMIUM
Содржи се што има STYLE, плус:
  • 17” алуминиумски фелни
  • Хромирана предна маска
  • Сончев кров
  • Кожни седишта
  • Вентилација на предни седишта
  • Светло во кабина (LED)
  • Греење на управувач
  • Систем за детекција на мртов агол
  • Систем за автономно кочење
  • Контрола на автопилот и систем за следење на сообраќајни ленти
ПРЕДНОСТИ
• Ниска потрошувачка во град и задоволителни перформанси од погонот
• Простор и на предната и на задната клупа
• Багажникот е поголем од директниот конкурент Prius
• Тивка кабина и на повисоки брзини
• Солидна ергономија и удобна возачка позиција
НЕДОСТАТОЦИ
• Тврдо возење во град
• Превисока цена
• Кабината не остава впечаток на толку скап автомобил


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Hyundai Ioniq  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Toyota Corolla Hatchback Hybrid - 2019
 
Toyota Corolla Hatchback Hybrid - 2019
20990 - 32490
Toyota RAV4 Hybrid - 2019
 
Toyota RAV4 Hybrid - 2019
31990 - 46990
Toyota Corolla Sedan Hybrid - 2019
 
Toyota Corolla Sedan Hybrid - 2019
20990 - 24190
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Хибриди
 
Mitsubishi Outlander PHEV42980 €
Toyota Corolla Hatchback Hybrid - 201920990 €
Toyota Corolla Sedan Hybrid - 201920990 €
Toyota Prius Hybrid26990 €
Toyota RAV4 Hybrid - 201931990 €
Toyota Yaris Hybrid17290 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
ХИБРИДИ       ПРЕМИУМ - ХИБРИДИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Hyundai

www.hyundai.com.mk

Импортер за Македонија
Кореа Ауто Трејд

Тел: 02 / 3095 - 525

Адр: ул. Скупи 3а

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Hyundai модели
Elantra Grand Santa Fe
i10 i20 - 2018
i30 - 2018 i30 N - 2018
i30 Tourer - 2018 i40
i40 Estate Ioniq
ix20 Kona - 2018
Santa Fe - 2018 Tucson
Tuscon - 2018





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook