дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Hyundai > Hyundai Kona - 2018 > Краток опис за моделот
Hyundai Kona - 2018 Hyundai Kona - 2018
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 18416
веќе од 306 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Hyundai Kona: Тренди, нефункционален и скап мини SUV

Со Kona, Hyundai ја оформи една од најбогатите гами на SUV возила. Моделот од ниската класа изгледа супер привлечно однадвор и не би било чудно да ги привлече срцата на многу млади купувачи, но дали е тоа доволно во овој густо населен сегмент?


Надворешната привлечност се чини е една од главните карактеристики на сите конкуренти, па според тоа Kona и нема да може да помине само на дизајн. Тој треба да е и доволно простран и практичен, лесен и забавен за управување и да биде економичен. 

Кабината е една од најтесните во класата

Додека на предните седишта во Kona има доволно простор и за повисоки патници и доволно места за одлагање ситници, задните седишта се едни од најограничените во класата, особено во делот за колената. Со 361 литар, ова е и еден од најмалите багажници во класата и е доволен веројатно само за пократки патувања. Воедно, задната клупа се спушта во сооднос 60:40 за скоро рамен под, но не се лизга напред-назад како некои од конкурентите.

Работите се подобруваат зад воланот – тука возачот лесно ќе ја најде идеалната позиција, а сите команди се читливи и достапни на дофат на раката. Истото важи и за мултимедијалниот систем, кој има големи, јасно означени икони на дисплејот на допир и е еден од полесните за користење во движење. Пофалба заслужува и изборот на материјали и завршната обработка – внатре дефинитивно не се чувствува ниската цена на Kona.

Моторите не се големи потрошувачи, а нудат и солидни перформанси

Кој мотор во Kona и да го одберете, нема да можете да се пожалите дека е бавен. Ова важи и за основниот 1,0 литарски турбо бензинец, кој солидно потегнува уште од пониските вртежи и овозможува задоволително забрзување. Помоќниот 1,6 турбо бензинец е сепак многу побрз – овозможува скоро спортски перформанси. Сепак, поради доста помалата потрошувачка, наша препорака е помалиот агрегат, кој троши околу 8-8,5 литри во град и 6 литри на отворено. 

Живите бензинци се придружени и од динамично подесено подвозје – Kona вози скоро како компактен автомобил и прилично добро се справува на кривулести патишта. За жал, поради тоа корејскиот мини SUV и не е баш удобен автомобил – и ситните и поголемите нерамнини добро се чувствуваат во внатрешноста, а како шлаг на тортата, звучната изолација не е како кај најдобрите во класата – на повисоки брзини очекувајте надвикување во кабината.

Премногу висока цена – Kona е меѓу најскапите модели во класата

Иако очекувано беше дека Kona ќе биде еден од најдостапните автомобили во својата класа, неговата стартна цена навлегува скоро и во две класи повисоко. За истите пари може да се купи Toyota C-HR хибрид, кој е целосно подобар и поголем автомобил или пак може да се купи Suzuki Vitara или Kia Stonic и да се заштедат неколку илјади евра.

На опремата нема забелешки – таа е богата уште во основниот модел и радува тоа што уште во старт се добиваат многу системи за безбедност, но тоа не го ублажува фактот дека Kona е скап автомобил. Воедно, според нас високата цена не е оправдана со вистински квалитети. Не се сомневаме дека на многумина ќе им се допадне однадвор (ни се допаѓа и нам), но Kona едноставно не е доволно функционална, комфорна и удобна за да се препорача во класата на мали SUV, каде има и подобри и поевтини автомобили. Бидете сигурни дека добро ќе ги разгледате сите конкуренти пред да купите!

 

 

НИВОА НА ОПРЕМА 

 

1-во ниво | BASIC

  • Предни дискови 15”
  • Задни дискови 14”
  • ABS + ESC + DBC + HAC
  • Дополнително затемнети стакла (соларна контрола)
  • Греење на задно стакло
  • Магленки (напред)
  • Радио +RDS +MP3 +AUX +USB +Bluetooth
  • Воздушни перничиња x 4 + воздушни завеси
  • Електрично подесиви ретровизори со греење
  • Страничен праг во црна боја
  • Детали на врата во црна боја
  • Заден бришач
  • 16” алуминиумски фелни
  • Кодиран клуч
  • Подесиви предни светла
  • Тонирани стакла
  • Деллива задна клупа
  • Подесиво седиште по висина (возач)
  • Далечински клуч
  • Централна брава
  • Серво управувач подесив по висина и длабина
  • Систем за следење притисок во пневматици (TPMS)
  • Електрика на стакла (напред и позади)
  • Мрежа во багажен простор
  • Ролетна за багажен простор
  • Мануелен клима уред
  • Мануелно склопливи ретровизори Контролна табла + 3.5” екран
  • Компас и автоматско затемнување на внатрешен ретровизор
  • Трепкачи во ретровизори

 

2-ро ниво | PURE
Содржи се што има BASIC, плус:

  • Предни дискови 16”
  • Задни дискови 15”
  • 17” алуминиумски фелни
  • Хромирана предна маска со црн отсјај
  • Лумбална поддршка на возачко седиште
  • Предупредување за ниско ниво на течност за брисачи
  • Паркинг сензори (напред и позади)
  • Сензор за дожд

 

 

3-то ниво | STYLE
Содржи се што има PURE, плус:

  • Електрично склопливи ретровизори
  • Греење на предни седишта
  • Греење на управувач
  • Контролна табла + 4.2” LCD екран
  • Систем за детектирање на мртов агол
  • Камера за паркирање
  • WIRELESS полнач
  • Радиo + 7” екран
  • BLUETOOTH + VOICE RECOGNITION
  • Smart key
  • Мала резервна гума

 

4-то ниво | PREMIUM
Содржи се што има STYLE, плус:

  • Систем за автономно сопирање (AEB)
  • Предни LED светла со систем за закосување во кривини (STATIC BENDING)
  • LED светла позади
  • Сончев кров
  • 18” алуминиумски фелни
  • Електрика на предни седишта (возач и совозач)
  • Кожни седишта
  • Вентилација на предни седишта
  • “Џеб” позади на возачко и совозачко седиште
  • HEAD-UP DISPLAY
  • Систем за следење на сообраќајна лента (LKAS)
  • Навигација + 8” + DAB + SD CARD
  • Радио + RDS (заедно со системот за навигација) со премиум озвучување “KRELL”
 
 
ПРЕДНОСТИ
• Привлечен, тренди дизајн
• Моќни и штедливи мотори
• Одлична динамика во возењето
• Добра возачка позиција и добар мултимедијален систем
• Квалитетни материјали во ентериерот и можности за персонализација
НЕДОСТАТОЦИ
• Тесна задна клупа за повисоки патници
• Еден од најмалите багажници во класата
• Генерално недоволно удобно возење
• Повисока бучава во кабината во однос на конкурентите
• Превисока цена


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Hyundai Kona - 2018  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Mitsubishi ASX
 
Mitsubishi ASX
13980 - 23980
Dacia Duster - 2018
 
Dacia Duster - 2018
12840 - 18650
Suzuki Vitara
 
Suzuki Vitara
14980 - 25970
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV мали
 
Citroën C3 Aircross13490 €
Citroën C4 Cactus13590 €
Dacia Duster - 201812840 €
Fiat 500X CityLook15980 €
KIA Stonic - 201812990 €
Mitsubishi ASX13980 €
Nissan Juke16500 €
Opel Crossland X - 201816642 €
Opel Mokka X18438 €
Peugeot 200816290 €
Renault Captur15850 €
Seat Arona - 201815804 €
Škoda Karoq - 201818120 €
Suzuki S-Cross15900 €
Suzuki Vitara14980 €
Volkswagen T-Roc - 201820242 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Hyundai

www.hyundai.com.mk

Импортер за Македонија
Кореа Ауто Трејд

Тел: 02 / 3095 - 525

Адр: ул. Скупи 3а

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Hyundai модели
Elantra Grand Santa Fe
i10 i20 - 2018
i30 - 2018 i30 N - 2018
i30 Tourer - 2018 i40
i40 Estate Ioniq
ix20 Kona - 2018
Santa Fe - 2018 Tucson
Tuscon - 2018





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook