Новиот Civic повторно има поларизирачки дизајн, кој дефинитивно ќе има и вљубеници и оние кои го мразат. Агресивниот дизајн настрана, Honda отвори нова тетратка со овој модел – подвозјето е конечно со напредна „мултилинк“ задна оска, која ја подобрува динамиката и удобноста, а моторите сега добија турбо полначи за подобрување на перформансите и намалување на потрошувачката.
Кабината и багажникот се едни од најголемите во класата
Новиот Civic, со должина од 4.518 mm е еден навистина голем автомобил, кој со димензиите ѕирка и во средната класа. Благодарение на тоа, внатрешноста нуди многу простор и на предните и на задните седишта, особено во делот за колената. Кабината има и многу места за одлагање ситници – нас особено ни се допадна оној во средната конзола, каде може да ставите неколку смартфони. Исто така, багажникот има неверојатни 478 литри, што го прави апсолутен рекордер во класата на компакти, а со спуштањето на задните седишта може да се добие и рамен под и простор од 1.267 литри. Импресивно за компактен хечбек.
Воедно, возачката позиција е исто така одлична. Се седи ниско, како во некој спортски автомобил, со одлично поставени команди. Мултимедијалниот систем е исто така лесен за користење, со функционален и брз кориснички интерфејс, иако не сме убедени дека дисплеј на допир е најдобро решение во движење. Како и да е, во Civic барем може да ја менувате температурата надвор од дисплејот, за разлика од некои конкуренти, каде се е на допир. Исто така, кај поскапите модели се достапни Apple CarPlay и Android Auto, за лесно поврзување со вашиот смартфон.
Во поглед на квалитетот на кабината пак немаме никакви забелешки. Материјалите се меки на допир, додека изработката е супер прецизна. Дефинитивно голем скок во однос на претходникот.
Брз во кривините, удобен по дупките, но и малку бучен
Тука Honda ја има употребено цела експертиза за подесување на суспензијата. Civic има цврста суспензија, која во ниту еден момент не е неудобна. Се чини дека е точно погодена за да овозможи пријатно возење за патниците во сите услови, а притоа да овозможи и високо ниво на стабилност.
Всушност, зад воланот ова е компактот со најспортски филинг во моментот. Дури и мало вртење на воланот го внесува носот во кривината – толку директно управување нема ниту еден друг автомобил во класата. Воедно, менувачите се исто така супер директни и прецизни – како и секоја Honda во минатото. Заедно со ниската поставеност за воланот, за расположените возачи, ние сметаме дека ова е најдобриот автомобил во моментов.
Онаму каде Honda сепак може да се поправи е во рафинираноста и звучната изолација. Civic не е премногу бучен, да не бидеме разбрани погрешно, но моторите се малку побучни на високи вртежи, а на повисоки брзини се слуша малку повеќе звук од ветерот и гумите – Golf и Focus се на пример подобри тука.
Конечно турбо бензинци од Honda, кои имаат високи перформанси и ниска потрошувачка
Во моментов Civic се нуди со два турбо бензинци: 1,0 со три цилиндри и 129 КС и 1,5 со четири цилиндри и 182 КС. Очекувано, вториот мотор овозможува многу подобри перформанси (спринт до стотка за 8,2 секунди), но сметаме дека купувачите ќе бидат перфектно задоволни и со помалиот 1,0 мотор, кој овозможува респектабилни перформанси и е многу поевтин. Единствено, помалиот агрегат има малку позабележителна турбо дупка, но после 2.500 врт/мин спремно повлекува напред.
Во поглед на потрошувачката, и двата мотори се одлични. Помалиот може да помине со околу 8 литри во град и 5,5-6 литри на отворено, додека поголемиот троши два литри повеќе во град и околу еден литар на отворен пат. Со оглед на перформансите кои ги нудат двата мотори, ова се одлични бројки, но факт е дека најавениот 1,6 турбо дизел ќе има уште пониска потрошувачка. За жал, тој не е достапен во моментов.
Civic е поскап дури и од некои модели од средната класа
Погоре имавме (скоро) само пофални зборови за Civic, но ништо не е совршено, нели? Цената на овој јапонски компакт е премногу висока, дури и ако се гледа од призма на средната класа. Да, опремата е богата и вклучува многу активни системи за безбедноста уште во стартниот модел, како систем за автоматско кочење во град, систем за задржување во коловозната лента и активен темпомат, но преку 20.000 евра за компактен модел се чини се премногу.
Како и да е, новиот Civic е едно навистина извонредно постигнување. Тој е еден од најпространите модели во класата, има огромен багажник, вози спортски, а не е премногу тврд, има брзи бензински мотори кои не трошат премногу гориво и е одлично изработен во ентериерот. Во оваа класа ретко се појавуваат автомобили кои толку добро ќе ги задоволат сите потреби на купувачите и ако не се гледа цената, ова е дефинитивно најдобриот модел во класата во моментов.
Според тоа, за просечниот македонски купувач би рекле дека ќе бидат супер задоволни и од некој друг компактен модел – многу од нив чинат 4-5.000 евра помалку, а можат да се купат поевтино и со дизел мотор. Сепак, доколку цената не е пречка, препорачуваме да го погледнете Civic – ова е еден навистина добар компактен автомобил.
НИВОА НА ОПРЕМА
1-во ниво | COMFORT
- Возачкo воздушно перниче со i-SRS (две нивоа на дување)
- Совозачко воздушно перниче со можност за исклучување
- Странични воздушни перничиња (напред)
- Воздушни завеси за предните и за задните странични стакла
- Активни наслони за глава (напред)
- ABS (систем против блокирање на кочниците при кочење)
- Eлектронски пренос на силата на кочење на сите тркала (EBD)
- Дополнителна серво асистенција при нагло кочење (BA)
- Систем за пролизгување (VSA)
- Помош при тргнување на нагорнина (HSА)
- Предни безбедносни каиши со две нивоа за итно затегнување (ELR)
- Задни безбедносни каиши со ниво за итно затегнување (ELR)
- ISOFIX подготовка за детско седиште
- Стоп сигнал (идикатор)
- Сензор за притисок во пневматиците (DWS)
- Активен систем за кочење при мали брзини (CMBS)
- Систем за предупредување пред потенцијален судир (FCW)
- Aсистенција при одржување на возилото во коловозната лента (LKAS)
- Капацитет на багажниот простор - Од задно седиште до прозорец (литри, методот VDA)
- Капацитет на багажниот простор - Задно седиште спуштено до прозорец (литри, методот VDA)
- Капацитет на багажниот простор - Од задно седиште до покрив (литри, методот VDA)
- Капацитет на багажниот простор - Задно седиште спуштено, до покрив (литри, методот VDA)
- Систем за надгледување на коловозната лента (LDW)
- Интелигентен ограничувач на брзината
- Интелигентен адаптивен темпомат (i-ACC)
- Систем за предупредување и асистенција при ненамерно излетување од патот (RDM)
- Систем за препознавање на сообраќајните знаци (TSR)
- Имобилизатор
- Алермен систем
- Селективно отворање на вратите
- Далечинско централно заклучување со два клуча на преклопување
- Поклопец на багажниот простор
- Седишта од ткаенина
- ФУНКЦИОНАЛНОСТ И ТЕХНОЛОГИИ
- ECON копче- асистенција за поекономично возење
- Индикатор за промена на брзина (SIL)
- Електрoпрогресивен серво управувач (EPS)
- Прилагодлив на брзина EPS
- Електронска рачна кочница
- Старт-стоп систем
- Заден брисач со можност за наизменично вклучување и вклучување при од наназад
- Автоматска клима
- Сензор за автоматско палење на светлата
- Електрика на прозорци (предни и задни)
- Целосно отворање/затворање на предните прозорци со еден допир
- Целосно отворање/затворање на задните прозорци со еден допир
- Далечинско отворање/затворање на прозорците (опција на клучот)
- Волан подеслив по висиночина и длабочана
- Електрично подесување на ретровизорите со грејачи
- Осветлување на огледалата на штитниците за сонце
- Фиока за додатоци (напред)
- Совозачко седиште со место за документи позади
- Греачи на седишта (напред)
- Греачи на седишта (назад)
- Борд комјутер во боја
- Освелување на брзинометарот во сина боја
- Светло за читање
- Светло во багажниот простор
- Светло во дел за патници
- 5" Аудио монитор (AM/FM/)
- USB
- 8 звучници
- High Power Audio - 11 звучници
- Аудио команди на воланот
- BluetoothTM Hands Free Telephone (HFT)
- Надворешна Shark антена
- Рачки во боја на каросерија
- Ретровизори во боја на каросерија
- Лајсна во црна боја
- Хромирани оквири на прозорците
- Халогени светла
- Автоматско регулирање на долгите светла (High Beam Support System)
- Уред за миење на светла
- Дневни LED светла
- Трето штоп светло
- 16" Алуминиумски бандажи
- Гуми 215/55 R16
- Кит за репарација
2-ро ниво | ELEGANCE
Содржи се што има COMFORT, плус:
- Кожен волан
- Кожен менувач
- Алуминиумски педали
- Паркинг сензори (предни и задни)
- Сензор за дожд
- Електрично преклопување на ретровизорите
- Електрично подесување на лумбалната поддрша на возачко седиште
- Возачко седиште со место за документи позади
- Осветлена совозачка фиока
- Амбиентално светло
- Хромирани надворешни рачки
- Затемнети стакла
- Предни магленки
- LED svetla
- 17" Алуминиумски бандажи
- Гуми 235/45R17
3-ро ниво | EXECUTIVE
Содржи се што има ELEGANCE, плус:
- Систем за надгледување на мртов агол (BSI) вклучуваќи и Систем за
- надгледување на вкрстен сообраќај (CTM)
- Самозатемнувачки внатрешен ретровизор
- Електрично подесување на лумбалната поддрша на совозачко седиште
- Возачко седиште со место за документи позади
- (7" touchscreen, AM/FM/DAB, Apple CarPlay TM / Android Auto TM,
- internet radio, Aha TM app integration, internet browsing)
- (7" touchscreen, AM/FM/DAB, Apple CarPlay TM / Android Auto TM,
- internet radio, Aha TM app integration, internet browsing)
- High Power Audio - 11 звучници
- Панорамски покрив на отварање
4-ро ниво | SPORT
Содржи се што има EXECUTIVE, плус:
- Освелување на брзинометарот во црвена боја
- 8 звучници
- Спортски лајсни ( Напредt / Назад /Странично)
- Двоен издув
5-ро ниво | SPORT PLUS
Содржи се што има Sport, плус: