дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Fiat > Fiat Tipo - 2017 > Краток опис за моделот
Fiat Tipo - 2017 Fiat Tipo - 2017
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 13000
веќе од 216 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Fiat Tipo Hatchback – автомобил за оние кои бараат максимум простор во мало пакување

Tipo со пет врати беше еден од најпопуларните автомобили на овие простори во почетокот на 90-тите години од минатиот век. Причината за ова беше едноставна – Tipo беше мал однадвор, но исклучително простран и функционален однатре.


Новиот модел презема многу од овие карактеристики и става поголем акцент на стилот и високата технологија и затоа е препорачлив за сите кои сакаат функционален компактен автомобил.

Всушност, и самиот начин на кој вози Tipo кажува дека тој е наменет пред се за фамилијарните купувачи. Динамиката во возењето не му е најсилна страна, а и управувањето не е доволно директно, иако одлично за во градски услови и на паркинзи. Не дека треба да се грижите за стабилноста – Tipo ги има сите системи за контрола на стабилноста уште во основниот модел и е целосно безбеден автомобил, но му фали спортската жичка која ја имаат конкурентите. Од друга страна, меко подесеното подвозје овозможува тој буквално да плови по нашите нерамни патишта и на патниците да им овозможи пријатно возење и на подолгите патувања.

Fiat посветил внимание и на звучната изолација – моторите се добро придушени, иако за оние кои сакаат максимум тишина и рафинираност, препорачуваме да ги избегнат дизелите. На повисоки брзини пак сите модели се подеднакво тивки и иако има малку повеќе звук од ветерот кој доаѓа од ретровизорите, тоа е во рамките на компактната класа.

На сето ова се придружува импресивно комфорната внатрешност. Во Tipo има доволно простор и на предните и на задните седишта и за патници високи 1,85 метри, со особено многу простор за колената, а низ кабината има и многу места за одлагање ситници, со вкупен волумен од 12 литри. Кога на ова ќе се додаде багажникот со капацитет од 440 литри, кој е рекордер меѓу хечбек моделите во класата, станува јасно дека Tipo е наменет за оние кои често патуваат далеку со својата фамилија. Да, додека во Golf или Focus еден куфер ќе треба да се префрли на задните седишта, во Tipo истиот ќе може да се смести во багажникот. Ова може да биде и одлучувачко за многу купувачи!

За оние кои патуваат пак далеку, иако малку побучен, го препорачуваме 1,3 Multijet турбо дизелот со 95 КС. Иако мал, овој автомобил одлично повлекува уште од пониските вртежи и благодарение на високиот вртежен момент од 200 Nm, овозможува лесно престигнување и на отворен пат. Најдобро од се, тој троши само 5,5-6 литри дизел гориво во град, односно околу 4,5 литри на отворено. Импресивно. Основниот бензинец со 95 КС пак е потивок и поевтин и овозможува солидни перформанси во градски услови (со потрошувачка под 9 литри на 100 km), но наша препорака е турбо бензинецот со 120 КС, кој овозможува спортски перформанси за расположените возачи, а троши околу 9,5 литри во град и 6 литри на отворено.

Покрај високата понуда на простор, ентериерот на Tipo може да се пофали со прилично квалитетно изведен ентериер, иако мора да се признае дека чувството не е „премиум“ како кај некои од поскапите конкуренти. Подобро опремените модели на Tipo пак доаѓаат со дисплеј на допир во средината, кој делумно ја освежува кабината, но тој има големина од само 5 инчи и следствено, малку помали икони кои се тешки за погодување во возење. Среќа што поголемиот дел од важните команди се надвор од дисплејот и е се лесни за користење во возење, нешто што не може да се каже за поголем број на модели во класата.

Покрај малиот мултимедијален систем, Tipo може да се пофали со одлична ергономија зад воланот – командите се близу на дофат на раката, инструментите се лесно читливи, седиштата удобни и лесно се наоѓа идеалната позиција зад воланот. Радува и што воланот има голем број на големи и јасно означени копчиња, со кои може да се контролираат најразлични команди во автомобилот. Прегледноста пак е солидна во предниот дел, но задниот дел има неколку „мртви точки“, па затоа препорачуваме паркинг сензори.

Во поглед на цената и опремата, иако еден од најновите модели во класата, Tipo е меѓу најисплатливите. И основниот модел е добро опремен, но ние го препорачуваме моделот Lounge, кој има исклучително богата опрема, на која не и недостасува скоро ништо, по цена многу пониска од еквивалентно опремените конкуренти.

 

Што не носи до многу јасен заклучок – Fiat Tipo е одличен избор за сите кои бараат максимум комфор и удобност, во мало и евтино пакување. За максимална заштеда, Fiat го нуди и најекономичниот дизел во класата, кој во град троши под 6 литри и нуди задоволителни перформанси. Одлично обмислен автомобил, особено за македонскиот купувач!

 

НИВОА НА ОПРЕМА

 

1-ниво | POP

  • ABS + EBD
  • VDC со Hill Holder (MSR + ASR + Brake Assistant)
  • Систем за контрoла на притисок во пневматици
  • Воздушно перниче за возач
  • Воздушно перниче за совозачот
  • Странични воздушни перничиња
  • Воздушни завеси 
  • Start&Stop (важи само за 1.3 МЈТ и 1.6 МЈТ )
  • Браници во боја на каросерија 
  • Надворешни ретровизори во боја на каросерија 
  • Челични тркала 15
  • Мануелен клима-уред 
  • Централна брава
  • Далечинска команда отворање затворање 
  • Електрична регулација на предни прозори 
  • Греење на задно стакло 
  • Висинско прилагодување на светлосниот сноп
  • Електричнa регулација а надворешни ретровизори(само за POP)
  • Серво управувач 
  • висинско и длабочинско прилагодување на управувач 
  • Висинска регулација на возачко седиште
  • Деллив наслон на задни седишта 
  • Предни светла за магла (доплата за Easy)
  • 12V Приклучок
  • Сензор за надворешна температура
  • Стандардно резервно тркало 
  • Радио MP3 player со USB VP1(само за POP)
  • Радио команди на управувач за VP1
  • Бела боја (Пастелна)




2-ро ниво | EASY

Содржи се што има POP, плус:

  • ЛЕД дневни светла
  • Челични тркала 16" (205/55R16)
  • Тркала од лесна легура 16''( 205/55R16) 
  • Електричнa регулација и греење на надворешни ретровизори (задолжително со 023)
  • Задни паркинг сензори
  • Аудио, телематика и сигурност
  • Радио UCONNECT 5" Touchscreen, Bluetooth, Mp3, USB, VP2
  • Радио команди на управувач за VP2 Bluetooth


 


3-то ниво | MIRROR

Содржи се што има EASY, плус:

  • Капаци на надворешни ретровизори - MIRROR 
  • 4MQ Хромиран кит (линија под прозори)
  • 4UV Хромиран кит (линија под предна маска) 
  • Шепи на кочници во жолта боја ( кај модели со 120 Кс
  • Тркала од лесна легура 16''( 205/55R16) MIRROR 
  • Аудио, телематика и сигурност 
  • CARPLAY/ANDROID AUTO Smartphone mirroring




4-то ниво | LOUNGE

Содржи се што и MIRROR, плус:

  • Темпомат (заедно со 245 или 5BH или 4WE)
  • Камера за возење назад
 
ПРЕДНОСТИ
• Исклучително многу простор и на предните и на задните седишта
• Огромен багажник од 440 литри
• Голем број на добро распределени места за одлагање ситници во внатрешноста
• Меко подесената суспензија овозможува удобно возење
• Одлична ергономија зад воланот, со јасно означени команди
• Супер економичен 1,3 турбо дизел мотор, со солидни перформанси
НЕДОСТАТОЦИ
• Возните својства не се на нивото на најдобрите во класата
• Централно поставениот дисплеј е мал (5 инчи)
• Дизел моторите се малку побучни при забрзување
• Ентериерот е малку застарен, класично, фиатовски


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Fiat Tipo - 2017  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Ford Focus - 2018
 
Ford Focus - 2018
18400 - 39000
Renault Megane
 
Renault Megane
16990 - 37990
Ford Focus
 
Ford Focus
13990 - 24400
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Компакти
 
Citroën C413990 €
Ford Focus13990 €
Ford Focus - 201818400 €
Honda Civic - 201723990 €
Hyundai i30 - 201814500 €
KIA Ceed - 201813990 €
Mazda 316980 €
Mazda 3 - 2019 *16980 €
Opel Astra17413 €
Peugeot 30817020 €
Renault Megane16990 €
Seat Leon18080 €
Toyota Auris17050 €
Toyota Corolla Hatchback - 201917990 €
Volkswagen Golf VII19996 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КОМПАКТИ       КОМПАКТНИ СЕДАНИ       ПРЕМИУМ - КОМПАКТИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Fiat

www.fiat.com.mk

Импортер за Македонија
Аутомобиле СК

Тел: 02 / 3093 - 100

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 – 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Fiat модели
500 500L
500L Cross - 2017 500X CityLook
500X Off Road Look Doblo
Doblo Cargo Ducato Conversion
Ducato Goods Transport Ducato Passenger Transport
Panda Panda 4x4
Punto Tipo - 2017
Tipo Sedan Tipo Station Wagon - 2017





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook