дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Ford > Ford Fiesta - 2018 > Краток опис за моделот
Ford Fiesta - 2018 Ford Fiesta - 2018
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 14000
веќе од 233 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Ford Fiesta – мал хечбек кој вози како поголем, но има простор како помал автомобил

Ford Fiesta веќе скоро три децении е најуспешната приказна во ниската класа на автомобили, од едноставна причина што таа секогаш била забавна за возење, со висок акцент на динамиката, но и доволно практична, економична и удобна. Најновиот модел од долгиот серијал наречен Fiesta повторно има акцент на сите овие карактеристики, но и на високата технологија, која стана неизоставен дел и од оваа класа на автомобили.


Всушност, во поглед на начинот на кој вози, на Fiesta и натаму и нема рамна во класата. Подвозјето е доволно удобно и лесно ги впива и поголемите дупки, притоа пренесувајќи малку удари и вибрации во ентериерот, како кај некој поголем автомобил. Сето ова не е постигнато на сметка на динамиката во возењето. Напротив, како и секој претходник и оваа Fiesta е супер забавна за возење и свиоците ги совладува како жилет. Веројатно не треба да го кажуваме ова, но еве – Fiesta повторно е најдобриот автомобил за возење во класата.

Ова за жал важи само ако ги изберете EcoBoost бензинците, кои имаат навистина солидни перформанси и добро потегнуваат и од пониски вртежи, а имаат и солидна потрошувачка доколку не се бркаат премногу. Основниот бензинец со зафатнина од 1,1 литар и 70 или 85 КС не може да се пофали со ништо од тоа, а во споредба со основните мотори на конкурентите, особено на јапонските, троши и повеќе гориво – надминува 7 литри во град. Дизелите се поштедливи (под 5 литри гориво во град), но имаат многу висока цена и во време кога производителите почнуваат да ги укинуваат, препорачливо е да се избегнат.

Новата Fiesta има постигнато голем напредок кога е во прашање рафинираноста – моторите работат без премногу вибрации и се позитивно тивки, додека во кабината влегуваат многу малку вибрации, но звучната изолација на повисоки брзини е послаба од поновите конкуренти – се слуша повеќе звук од ветерот и гумите.

И покрај високиот квалитет во возењето, поради кој Fiesta навистина оддава впечаток на поголем и полуксузен автомобил, кабината носи низа разочарувања. Прво, веројатно и најважно, простор на задните седишта има помалку од цела плејада на конкуренти во класата, особено во широчина и за колената. Предните седишта се доволно комфорни, но багажникот повторно разочарува – брои 303 литри, што во 2017 година е под стандардот во класата, особено споредено со поновите конкуренти. Исто така, со спуштањето на седиштата не се добива целосно рамен под, иако отворот е доволно голем благодарение на поделените светла.

Низ кабината има доволен број на места за одлагање ситници и возачката позиција е многу солидна, иако седењето е малку повисоко и поради формата на каросеријата, прегледноста е малку послаба. Пофалба заслужува изборот на материјалите, кои се меки на допир, но Ford и натаму не може да ги допре конкурентите кога е изработката во прашање. Затоа пак вградената технологија е на највисоко ниво – ова е првиот автомобил во класата со понуден премиум аудио систем B&O Play со 10 звучници и 675 вати, како и првиот со опционално автоматско паркирање и системи за помош на возачот со две камери и 12 сонари, кои константно ја следат околината во радиус од дури 130 метри.

Фанови сме и на мултимедијалниот систем со 8 инчен систем кој се добива со доплата, кој е лесен за користење и иако главно ќе оперирате преку дисплејот на допир, тој има доволно хардверски команди надвор од него кои се полесни за користење додека автомобилот се движи. За пофалба е и тоа што овој систем има поддршка за Android Auto и Apple CarPlay. Од друга страна, поевтините модели добиваат 6,5 инчен дисплеј и малку застарен софтвер, кој не изгледа ни од далеку толку модерно како поскапиот, а основниот модел е опремен само со 4,2 инчен дисплеј во боја, но тоа и не е толку лошо во оваа класа. Голема пофалба и за понудената опрема за безбедност – основниот модел има ABS+ESP, систем кој предупредува доколку се напушта лентата на движење, ограничувач на брзината, 6 воздушни перничиња и ISOFIX подготовка.

На крај, иако потрошивме голем број на пофални зборови за Fiesta, во моментов таа е прескап автомобил да се препорача, исто како и VW Polo. Со цена која е повисока и од некои автомобили од компактната класа, а особено со слабиот 1,1 литарски мотор, Fiesta не е автомобил кој целосно ги оправдува парите. На ова ќе додадеме и дека не е ниту доверлив како јапонската и корејската конкуренција, а нема ниту толку многу гаранција.

Да, точно е дека Fiesta повторно поставува нови стандарди во класата кога е во прашање квалитетот на возењето и рафинираноста, но некои проблеми од претходникот, како потесната задна клупа и малку помалиот багажник и натаму не се решени, што може да претставува проблем за некои купувачи. На крај би рекле – доколку сте помлад купувач, кој сака автомобил со одлични возни својства и модерна технологија и не ви е проблем да платите за тоа, да, Fiesta е веројатно најдобар избор во ниската класа. Но, доколку парите играат улога, приказната е целосно различна...

 

 

НИВОА НА ОПРЕМА

 

1-во ниво | BUSINESS

  • ABS сопирачки,
  • ESP - систем против пролизгување,
  • HLA - Помош при тргнување во нагорнина,
  • MBA - Помош при нагло сопирање,
  • Предни диск сопирачки,
  • TPMS - Сензор за следење на притисок во гумите,
  • Инструмент табла со 4.2'' TFT екран во боја,
  • Централно далечинско заклучување со 2 преклопливи клуча,
  • ISOFIX на задните седита,
  • Темпомат,
  • Задни паркинг сензори,
  • Мануелено заклучување на задните врати за заштита на деца,
  • Систем за ограничување на брзината,
  • Систем за предупредување и корекција на движење при несакано напуштање на коловозна лента,
  • Звучен сигнал за ненаместен појас на предните седишта,
  • Предни и странични воздушни перници за возач и совозач и воздушни завеси,
  • Мануелен клима уред,
  • Ел.серво управувач подесив по височина и длабочина,
  • Start Stop систем (стандард кај EcoBoost со 100КС) ,
  • Тонирани стакла,
  • Заден спојлер,
  • Кожен волан, рачка на менувач и рачна сопирачка,
  • Патен компјутер,
  • Ел. подесиви предни прозори,
  • ICE Pack 54 - (AM/FM аудио систем со 2 USB приклучоци, 
  • 8 " колор дисплеј осетлив на допир, SYNC
  • 2,5, Bluetooth & Voice control, команди на волан, 
  • 6 звучници,
  • Предни светла за магла со хромирана рамка и активни во свиоци,
  • Преден браник во боја на каросерија,
  • Предна црна решетка со хромирана рамка,
  • Заден браник делумно во боја на каросерија,
  • Ел. преклопливи, подесиви и загревани странични
  • ретровизори во боја на каросерија,
  • Халогени предни светла,
  • Дневни светла,
  • 15" челични фелни со 195/60R15 гуми,
  • Централна конзола со 3 отвора за чаши и 12V приклучок,
  • Предни и задни наслони за глава подесиви по висина,
  • Мануелно подесиво возачко седиште во 4 правци,
  • Задна делива клупа 60/40,
  • Велурни предни патосници,
  • 14'' резервно тркало со 175/65R14 гума

 

2-ро ниво | ST LINE
Содржи се што и BUSINESS, плус:

  • Задни диск сопирачки
  • Стартување на возилото без клуч
  • Спортска суспензија
  • ICE Pack 54 - (AM/FM аудио систем со 2 USB приклучоци 8 " колор дисплеј осетлив на допир
  • SYNC 25 Bluetooth & Voice control команди на волан
  • Предна црна решетка
  • Заден спортски браник
  • Хромиран издув
  • 17" алуминиумски фелни со 7 краци и 205/45R17 гуми
  • Start Stop систем
  • Прагови на предните врати со ST Line лого
  • Алуминиумска рачка на менувачот (возила со мануелен менувач)
  • Кожна рачка на менувачот (возила со автоматски менувач) 
  • Лумбална подршка на возачкото седиште
  • Спортски предни седишта
  • Предни и задни патосници со ST Line лого
  • Уникатен ST Line спортски волан
  • Црн тапацир на кровот

 

3-то ниво | ACTIVE
Содржи се што има ST LINE, плус:

  • Задни диск сопирачки (стандард само кај 1.0EcoBoost 125КС),
  • ICE Pack 54 - (AM/FM аудио систем со 2 USB приклучоци, 8 " колор дисплеј осетлив на допир,
  • SYNC 2,5, Bluetooth & Voice control, команди на волан,
  • 6 звучници,
  • Предна црна решетка со црна рамка,
  • 17" алуминиумски фелни со 205/45R17 V гуми,
  • Совозачко седиште подесиво во 4 правци,
  • Start Stop систем,
  • Спортски предни седишта,
  • Лумбарна подршка на возачкото седиште
  • Без темпомат, задни паркинг сензори и ел.преклопливи ретровизори

 

4-то ниво | VIGNALE
Содржи се што има ACTIVE, плус:

  • Задни диск сопирачки (освен кај 100КС) ,
  • Стартување на возилото без клуч,
  • Автоматски долги светла,
  • Speed sign recognition - систем за препознавање на
  • сообраќајни знаци,
  • Start Stop систем,
  • Автоматски клима уред,
  • Ел.задни прозорни со глобално отварање/затварање,
  • ICE PACK 6 - Navigation - 8'' TFT екран осетлив на
  • допир, команди за радиото на волан, Sync III, 2xUSB
  • приклучоци, 7 звучници, Систем за навигација,
  • Прикажување на дисплејот на Smartphone на екранот на радиото,
  • Сензор за дожд,
  • Електрохроматски самозатемнуван ретровизор,
  • LED предни дневни светла и задни светла,
  • 17" алуминиумски фелни со 205/45R17гуми,
  • Централна конзола со наслон за рака,
  • Совозачко седиште подесиво по висина,
  • Предни велур патосници со Vignale лого,
  • Делумно кожни седишта,

ПРЕДНОСТИ
• Најдобра динамика и возни својства во класата
• Комфорна и преку поголемите дупки
• Рафинирана механика
• Квалитетни материјали во кабината
• Одлична возачка положба и добро подредени команди
• Достапна висока технологија (со доплата)
• Брзи и штедливи EcoBoost мотори
• Богата опрема за безбедноста
НЕДОСТАТОЦИ
• Превисока цена
• Бавен 1,1 литарски бензински мотор, кој троши и повеќе гориво од очекуваното
• Тесна задна клупа, споредено со конкуренцијата
• Багажникот е помал од поновите модели во сегментот
• Изработката не е на највисоко ниво


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Ford Fiesta - 2018  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Citroën C3
 
Citroën C3
9890 - 15490
Suzuki Baleno
 
Suzuki Baleno
11490 - 16900
Dacia Sandero
 
Dacia Sandero
9550 - 14500
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Мали хечбек модели
 
Citroën C39890 €
Dacia Sandero9550 €
Dacia Sandero Stepway10450 €
Fiat Punto11350 €
KIA Rio10990 €
Lada Kalina7700 €
Mazda 211480 €
Nissan Micra11500 €
Opel Corsa10435 €
Peugeot 20812639 €
Renault Clio12190 €
Seat Ibiza - 201815370 €
Škoda Fabia9940 €
Škoda Rapid Spaceback12020 €
Suzuki Baleno11490 €
Suzuki Ignis10950 €
Suzuki Swift11290 €
Toyota Yaris11690 €
Volkswagen Polo15435 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Ford

www.ford.com.mk

Импортер за Македонија
Ми-Да Гранд Моторс

Тел: 02 / 3073 - 103

Адр: Бул. Октомвриска Револуција бб

Работно време:  08:00 - 20:00
сабота:  08:00 - 15:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Ford модели
B-MAX C-MAX
Fiesta - 2018 Fiesta ST
Fiesta Van Focus
Focus - 2018 Focus ST
Galaxy Kuga MCA
Mondeo Mustang
Ranger S-MAX
Tourneo Connect 2009 Transit Chassis Cab
Transit Connect Transit Custom
Transit Minibus Transit Van





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook