дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Peugeot > Peugeot 5008 - 2018 > Краток опис за моделот
Peugeot 5008 - 2018 Peugeot 5008 - 2018
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 25490
веќе од 424 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Peugeot 5008: Скоро перфектен семеен SUV

Peugeot има вистински хит со 3008, компактниот SUV кој според нас владее во својата класа, бидејќи нуди високи нивоа на комфор, удобност, рафинираност и луксуз, по ниска цена.


Поголемиот 5008 наследува многу од тие квалитети, но нуди уште повеќе простор во внатрешноста и трет ред на седишта.

 
Иако кај нас ретко на кој му треба трет ред на седишта, ваквиот концепт е доста баран на европскиот пазар. И не само тоа – покрај третиот ред на седишта, во 5008 кабината ќе понуди многу повеќе флексибилност во внесувањето на товар, како и повеќе простор на задната клупа. Па, дали како и неговиот помал брат и 5008-ката е најдобар модел во класата?
 
Најпрактична кабина од сите SUV со седум седишта
Сакате да пренесувате 4 патници и многу долг товар? Peugeot 5008 е единствениот во класата кој може да го направи тоа. Тука не само што лесно се спуштаат вториот и третиот ред на седишта, туку се затвора и совозачкото седиште, што отвора простор за товарање долги предмети од почетокот на багажникот до предната конзола. И воедно, на вториот и третиот ред ќе можат да се сместат уште три патници. Импресивно.
 
Покрај тоа, задната клупа се дели во сооднос 40:20:40, додека третата клупа многу лесно се спушта за да се ослободат масивни 780 литри простор. Толку нема ниту еден друг конкурент во класата. Воедно, 5008 има најмногу простор на третата клупа и тука на пократки релации ќе можат да се возат и возрасни патници – Skoda Kodiaq и Nissan X-Trail имаат видливо помалку простор.
 
Многу простор во сите правци има и на предните седишта и на втората клупа. Особено ни се допаѓа што на втората клупа има три засебни седишта, што ја прави вистински комфорна за три патници (нема ниту централен тунел), нешто што исто така го немаат конкурентите, а истите имаат и наслон кој се навалува за максимален кофмор на подолги патувања. Сепак, за оние кои сакаат максимум простор за главата (над 1,8 метри високи), препорака е да го избегнат панорамскиот покрив, бидејќи „јаде“ од простор за главата на втората клупа.
 
На крај, не помалку важно за ваков автомобил, низ кабината има многу места за одлагање ситници. Под централниот потпирач на пример има многу простор, кој е ладен од климата и каде ќе може да чувате и поголемо шише вода или сок.
 
Одлична комбинација од удобност и динамичност, но фали 4х4 погон
Peugeot го има опремено 5008 со специјален преден диференцијал кој ги подобрува возните својства на терен и на лизгава површина, но тој не е замена за вистински 4х4 погон. Затоа, доколку сакате SUV кој ќе врши и теренски задачи, подобар избор би бил Nissan X-Trail. 
 
Од друга страна, Peugeot има одлична комбинација на комфор, удобност и рафинираност. Суспензијата одлично ги впива нерамнините од патот и е комфорна и на поголеми дупки, без да се расипе динамиката во возењето – во класата на SUV со 7 седишта, овој е меѓу најдобрите за возење по кривините.
 
Сето ова е зачинето со исклучително добра звучна изолација и рафинираност, дури и на повисоки брзини. Додека во конкурентите како Kodiaq и X-Trail ќе се чувствувате како во теренци, овде ќе се чувствувате како лимузина. Тука и моторите се тивки и нема многу звук од ветерот и гумите на повисоки брзини.
 
Премиум кабина за каква може конкурентите само да сонуваат
Ако високо поставената инструмент табла кај 208, 2008 и 308 подигна прашалници, таа тука го исполнува целиот нејзин капацитет. Да, на прв поглед делува чудно инструмент таблата да е толку високо поставена и воланот толку мал, но после само неколку километри, 5008 скоро и да делува органски во начинот на кој се поврзува во возачот. Воланот е секогаш на дофат на раката, дури и неговиот горен дел, додека инструмент таблата е многу поблиску до вашите очи кога тие гледаат на патот. Единствено, прегледноста во задниот дел е послаба, но така е со сите модели со 7 седишта.
 
Воедно, i-Cockpit инструмент таблата покажува многу повеќе информации од стандардните (и изгледа покул), додека централно поставениот дисплеј на допир е лесен и интуитивен за користење, со многу важно, надворешно поставени хардверски копчиња за побрзо стигнување до саканите контроли (клима, аудио и сл.). Овој мултимедијален систем е исто така целосно компатибилен со Android Auto и Apple CarPlay, што е за поздрав.
 
Уште на прв поглед, па би рекле и „мирис“, кабината на 3008 остава премиум впечаток на кој апсолутно не може да му се доближи ниту еден модел во сегментот. Грижливо избраните квалитетни материјали, како ткаенина на која не сме наишле ниту кај луксузните автомобили, придружени од високото ниво на завршна обработка, не оставаат воопшто простор за забелешки. Peugeot 5008 едноставно делува како автомобил од класата погоре и во поглед на перцептивниот квалитет, му нема рамен.
 
1,6 дизелот најдобро прилега на 5008 – нуди задоволителни перформанси, ниска потрошувачка и не е многу скап
Peugeot 5008 е малку повисоко поставен кога е цената во прашање, но реално во внатрешноста и делува побогато, како премиум автомобил. Таквите конкуренти пак се уште поскапи. Од богатата моторизација, нашиот избор паѓа на 1,6 BlueHDi дизел моторот, кој е доволно еластичен и влече од пониски вртежи, а троши само 6,5-7 литри во градски услови, односно 5 литри на отворен пат и скоро 6 на автопат. 
 
Поголемиот 2,0 дизел е поенергичен, но е многу поскап и троши повеќе гориво. 1,2 бензинецот со 130 КС пак одлично се снаоѓа со тешката каросерија и е поевтин во старт од дизелот, но со оглед на тоа што 5008 веројатно ќе го користите за долги патувања (ќе поминувате повеќе километри), препорака е дизелот.
 
Според сето изнесено погоре, лесно е да се препорача 5008, особено за фамилијарните купувачи кои сакаат максимум простор и флексибилност во кабината. На францускиот SUV му нема рамен во оваа класа ниту во просторот кој го нуди, ниту во удобноста при патување, ниту во рафинираноста на механиката. Воедно, ентериерот е убедливо најдобар во сегментот, конкурентен дури и на премиум автомобилите, а моторите се еластични и не трошат премногу гориво. Доколку 4х4 погон не ви врши многу работа, односно не планирате да го возите автомобилот на терен, Peugeot 5008 е во моментов веројатно најдобриот избор во класата.
 
 
 
НИВОА НА ОПРЕМА
 
 
 
1-во ниво | ACCESS
  • ABS - Систем против пролизгување
  • CDS - Динамична контрола на стабилност
  • ASR – Електронска контрола против пролизгување
  • AFU - Помош при нагло сопирање
  • REF - Електронска распределба на силата на сопирање
  • Предупредување за предолго возење
  • Индиректно следење на притисок во пневматици
  • Препознавање на сообраќајна сигнализација
  • 2 предни воздушни перници, 2 странични воздушни перници и 2 завеси напред и назад
  • Електрична паркинг сопирачка со помош при нагорнина
  • LED дневни светла
  • 3 независни седишта во втор ред со isofix прицврстувачи за деца
  • Електрични подигнивачи на предни и задни стакла
  • Електрика на надворешни ретровизори со греење и интегриран LED
  • Возачко седиште подесиво по висина
  • Хромиран завршеток на предната маска
  • Наслон за раце помеѓу предните седишта со ладилна касета
  • Темпомат / ограничувач на брзина
  • Управувач преслечен во TEP кожа
  • Карбонски облоги во внатрешниот дел на вратите
  • Нов Peugeot i-Cockpit со дигитален 12,3” TFT возачки екран
  • LCD екран на патниот компјутер во бела боја
  • Варијабилен серво управувач подесив по висина и длабочина
  • Мануелен клима уред со дополнителни команди за задните седишта
  • Челични бандажи “MIAMI” 17” со украсни раткапни, 215/65R17
  • Хромирана украсна лајсна на заден браник
  • Рачки и ретровизори во боја на каросерија
  • Централно заклучување со далечинско управување
  • Радио уред RD6 со 6 звучника, MP3, USB, Bluetooth handsfree функција и мултифункционален управувач
  • 3 приклучока 12V
 
 
 
2-ро ниво | ACTIVE 
Содржи се што има ACCESS, плус:
  • Предни светла за магла, хромирани детали во ниво на светлата за магла
  • Задни сензори за помош при паркирање
  • Надолжни алуминиумски кровни носачи
  • Предупредување за ненамерно напуштање на правец (LDW)
  • Алуминиумски наплатки “CHICAGO” 17”, пневматик 215/65R17
  • Управувач преслечен со кожа
  • Автоматски клима уред во две зони
  • LED осветлување во возачкиот простор
  • Подесување на совозачко седиште по висина
  • Мултифункционален екран на допир од 8” со “пиано” типки, двоен радио тунер RCC
 
 
 
3-то ниво | ALLURE
Содржи се што има ACTIVE, плус:
  • Предни сензори за помош при паркирање
  • Алуминиумски наплатки “DETROIT” 18”, пневматик 225/55R18
  • Украсна страничка лајсна на вратите од нерѓосувачки челик
  • Металик-сива украсна лајсна на дното на предниот браник
  • LED амбиентално осветлување во кабинскиот простор
  • Дополнително затемнети странични стакла и задно стакло
  • Електрично преклопливи надворешни ретровизори
  • LED осветлување на надворешни ретровизори за лесен пристап
  • Седиште во комбинација TEP кожа/ткаенина
  • Подесување на лумбалниот дел на возачкото седиште
  • Склопливо совозачко седиште во форма “flat folding”
  • MirrorScreen функција
  • WI-FI поврзување
  • Облоги на инструментната табла и врата од ткаенина “Piedimonte”
 
 
 
4-то ниво | GT
Содржи се што има ALLURE, плус:
  • Камера за помош при паркирање назад, со поглед 180°
  • Алуминиумски наплатки “BOSTON” 19” (двобојни) 235/50R19
  • GT изглед на преден браник со хромирана предна маска
  • Сјајно-црн оквир на предната решетка
  • Хромирана маска на надворешните ретровизори “perla nera”
  • Хромирани украси на издувните цевки
  • Надолжни кровни носачи од алуминиум 
  • Хромирани лајсни на надворешните стакла
  • Обматско вклучување/исклучување на долги светла (HBA)
  • LED ологи на инструментната табла и облоги на вратите од дрво
  • Кров во сјајно црна боја – “Black Diamond”
  • Спортски алуминиумски педали, одмарач за нога од алуминиум
  • Зашиени рабници од инструментната табла
  • Предни и задни текстилни патосници
  • Активен систем за помош за задржување на возилото во лента (LKA)
  • Систем за следење на мртов агол (ABSD)
  • Автосветлување на надворешните ретровизори, со лесен пристап и со проекција на Peugeot лого
  • Систем за безконтактно отварање, Peugeot Open&Go
  • Прагови на вратите од нерѓосувачки челик
  • Седишта во комбинација ТЕР кожа/Алкантара
  • Внатрешен кров во црна Mistral боја
  • Спортски управувач пресвлечен со перфорирана кожа и GT лого
  • Осветлување за лесен пристап со проекција амблем Peugeot
  • Peugeot i-Cockpit amplify**
  • Full LED Предни светла
  • Full LED Светла за магла со функција дополнително осветлување
  • Driver Sport Pack - спортски и звук на моторот, проактивна педала за гас, спортски серво управувач, спортска промена на степен на пренос
  • 3D Навигација, WI-FI поврзување
 
ПРЕДНОСТИ
• Многу простор во внатрешноста
• Најпространа трета клупа во класата
• Огромен багажник со капацитет од 780 литри
• Флексибилна кабина – може да смести многу патници, многу товар, долг товар инт.
• Удобно, тивко и рафинирано возење
• Ниска потрошувачка од сите мотори
• Кабината остава премиум, луксузен впечаток
НЕДОСТАТОЦИ
• Нема 4х4 погон во понудата – го прави бескорисен на малку потежок терен
• Моделот со панорамски покрив значително крати на простор за главата на втората клупа


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Peugeot 5008 - 2018  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Nissan X-Trail
 
Nissan X-Trail
29990 - 47300
Škoda Kodiaq - 2018
 
Škoda Kodiaq - 2018
24170 - 39850
Honda CR-V - 2018
 
Honda CR-V - 2018
37990 - 48990
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV големи
 
Honda CR-V - 201837990 €
Hyundai Grand Santa Fe37230 €
Hyundai Santa Fe - 201855555 €
KIA Sorento37650 €
Mitsubishi Outlander31980 €
Nissan X-Trail29990 €
Škoda Kodiaq - 201824170 €
Subaru Outback49900 €
Toyota RAV4 - 201930990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Peugeot

www.peugeot.com.mk

Импортер за Македонија
Еуроимпекс

Тел: 02 / 3 111 - 000

Адр: Ул. Трета Македонска бригада бр. 72

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Peugeot модели
108 2008
208 208 GTi
3008 301
308 308 GTi
308 SW 5008 - 2018
508 508 - 2019
508 RXH 508 SW
Boxer Expert
Expert Tepee Partner
Partner Tepee Rifter - 2018
Traveller - 2018





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook