дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Opel > Opel Grandland X - 2018 > Краток опис за моделот
Opel Grandland X - 2018 Opel Grandland X - 2018
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 23525
веќе од 392 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Opel GrandLand X: Поевтин Peugeot 3008

Opel неодамна беше купен од PSA групацијата, што значи дека нивните автомобили отсега ќе се базираат на платформите на француските производители Peugeot и Citroen. Ако тргнеме од GrandLand X, нивниот компактен SUV модел, ова и не е лоша работа, бидејќи тој ја дели платформата со според нас најдобриот модел во класата, Peugeot 3008.


Но, Peugeot 3008 е толку добар не само поради начинот на кој вози (што потекнува главно од платформата), туку и благодарение на супер квалитетната внатрешност, која остава премиум впечаток. Па, дали Opel презема доволно квалитети од 3008-ката? Прочитајте подолу.
 
Кабината има многу простор, но помал багажник од 3008-ката
Во кабината на Opel GrandLand X има апсолутно доволно простор за четири возрасни патници, дури и за подолги патувања. Задната клупа има и рамен под во долниот дел, што значи дека и на патникот во средината ќе му биде удобно, но наслонот тука не се навалува како кај некои модели во сегментот, ниту пак се лизга задната клупа. Ова е помал недостаток – назад и натаму се седи мошне удобно.
 
Багажникот пак брои 514 литри, што е еден од подобрите резултати во сегментот, но е далеку од огромниот багажник од 591 литар на Peugeot 3008. Како и да е, тој има правилна форма и со спуштањето на седиштата се ослободува рамен под за товарање на подолги предмети, но од друга страна, задната клупа се дели само во сооднос 60:40 – некои конкуренти имаат 40:20:40 делење на клупата.
 
Логично изведена предна конзола, но делува малку евтино
Зад воланот на GrandLand X се седи мошне удобно – лесно се наоѓа идеалната позиција, а и седиштата даваат добра поддршка на телото. Сепак, лумбарна поддршка за грбот се добива само во највисоките нивоа на опрема – ова многу конкуренти го имаат и во серија. Исто така, прегледноста во задниот дел е значително ограничена – бидете сигурни дека ќе доплатите за камера и сензори.
 
Средната конзола пак е многу логично изведена и возачот брзо ќе се навикне на неа, а и мултимедијалниот систем е многу логично изведен. Сепак, иконите на него се премали и тешко се погодуваат во возење, а тоа важи и за изведбата со големина на дисплејот од 7 и од 8 инчи. За среќа, мултимедијалниот систем има поддршка за Apple CarPlay и Android Auto.
 
Квалитетот на кабината е солиден – немаме никакви забелешки на пластиката, која е мека на допир. Сепак, на поглед кабината делува евтино и не остава премиум впечаток – изборот на бои и материјали не е толку разновиден.
 
Одличен баланс меѓу стабилноста и удобноста
Ако барате компактен SUV кој ќе биде добар за возење во кривините, а притоа нема да биде неудобен за патниците, изберете некој од трите на платформата на која лежи GrandLand X (Peugeot 3008 и Citroen C5 Aircross). Кај германскиот модел, единствено разочарување е управувањето, кое не е доволно директно, но затоа шасијата секогаш умно ги следи наредбите од возачот, а суспензијата добро ги впива сите нерамнини. Како и да е, GrandLand X не се нуди со 4х4 погон, па поради тоа и не е добар избор за оние кои планираат да го возат на терен, исто како и Peugeot 3008.
 
Особено ни се допадна звучната изолација – и бензинските и дизелските мотори се многу тивки и работат без вибрации, а на повисоки брзини кабината останува добро изолирана од ветерот и гумите.
 
Сите мотори се штедливи и брзи, но нашиот избор е 1,6 дизелот
Моторите кои се вградуваат во GrandLand X се потекло од PSA (Peugeot и Citroen), односно 1,2 турбо бензинецот со 130 КС, 1,6 дизелот со 120 КС и 2,0 дизелот со 177 КС. Нашиот избор паѓа на 1,6 дизелот, кој во градски услови троши од 6-6,5 литри, а притоа е доволно еластичен и на повисоки брзини. Турбо бензинецот е одличен избор за оние кои не поминуваат премногу километри – добро повлекува во секоја брзина, а троши околу 8,5 литри во град. Најмоќниот дизел пак силно потегнува напред, но е многу скап и би го препорачале само на оние кои сигурно ќе ги искористат неговите можности.
 
Интересно, ценовно GrandLand X е поставен малку повисоко од Peugeot 3008, кога ќе се изедначи со опремата. Ова е веројатно и главното ограничување, заедно со малку полошата сервисна мрежа на Opel. Едноставно, GrandLand X е одлично компактно SUV остварување – вози добро, има пространа внатрешност и голем багажник. Но, кај Peugeot истиот автомобил ќе го добиете со уште малку повеќе простор за багажникот и многу полуксузен ентериер. Би рекле дека GrandLand X е изборот на вљубениците во Opel – за другите францускиот близнак ќе биде подобро решение.
 
 
 
 
НИВОА НА ОПРЕМА
 
 
 
1-во ниво | ENJOY
  • 17-инчни тркала од лесна легура
  • R 4.0 IntelliLink
  • 7 инчен екран во боја на допир
  • Радио AM/FM радио
  • Поврзување преку USB и Bluetooth®
  • Хендзфри Bluetooth®
  • Контроли на управувачот
  • 6 звучници
  • Куполна светилка
  • Места за читање (напред)
 
 
 
2-ро ниво | INNOVATION 
Содржи се што има Enjoy, плус: 
  • 18инчни тркала од лесна легура
  • Плочки против пролизгување
  • Сребрена обработка
  • Напред и назад
  • Задно ветробранско стакло
  • Задни прозорци
  • Хромиран отвор за дневно светло 
  • Ергономски активно седишта
  • Помош при паркирање напред и назад
  • Сензор за дожд
  • Електрохроматско огледало на ретровизор
  • Надворешни ретровизори
  • Електрика и греење
  • Во боја на каросеријата
  • Електрично преклопување
  • Предупредување за зона на слепа точка
  • Странично светло
  • Можност за скии
  • Електронска контрола на климата со двојна зона
  • Филтер за честички
 
 
 
3-то ниво | ULTIMATE
Содржи се што има INOVATION, плус:
  • 19инчни тркала од лесна легура обработени со дијамантско сечење
  • Двобоен покрив во црно
  • Спортски педали од легура 
  • Предни светла за магла
  • Електрика на врата на багажникот
  • Надворешни светла AFL напред
  • Фарови: LED
  • Стопсветла: LED
  • Индикатори: халогенски
  • Надворешни светла задни
  • Светло: LED
  • Стопсветла: LED
  • Индикатори: халогенски 
  • Систем за инфозабава Navi 5.0
  • 8инчен екран во боја на допир
  • Вградена навигација
  • Мапи за Европа
  • поврзување преку USB и Bluetooth®
  • 6 звучници
  • Радио DAB
  • Предни седишта AGR1
  • Греење на седишта (напред и назад) на управувачот
  • Греење на ветробранско стакло
  • Систем за помош при паркирање
  • Предна камера Opel Eye
  • 360 камера
  • Помош при возење во лента Автономно сопирање за итни случаи
  • Сигнализација за сонливост на возачот
ПРЕДНОСТИ
• Пространа внатрешност и напред и назад
• Солиден багажник од 514 литри
• Логично изведена средна конзола
• Извонреден 1,6 дизел мотор – има доволно моќност и троши многу малку гориво
• Комбинација на удобност и возни својства
• Високо ниво на безбедносна опрема
НЕДОСТАТОЦИ
• Слаба прегледност во задниот дел
• Наслонот на задната клупа не се навалува
• Теренските возни својства не се на ниво на 4х4 конкурентите
• Ентериерот делува евтино со оглед на цената


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Opel Grandland X - 2018  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Nissan Qashqai
 
Nissan Qashqai
21590 - 36590
Ford Kuga MCA
 
Ford Kuga MCA
23300 - 48300
Citroën C5 Aircross - 2019
 
Citroën C5 Aircross - 2019
21990 - 37390
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV Компактни
 
Citroën C5 Aircross - 201921990 €
Ford Kuga MCA23300 €
Great Wall Hover H5 12034 €
Hyundai Tucson17777 €
Hyundai Tuscon - 201818990 €
Jeep Compass - 201725000 €
Jeep Renegade23000 €
KIA Sportage - 201716950 €
Mitsubishi Eclipse Cross23980 €
Nissan Qashqai21590 €
Peugeot 300822490 €
Renault Koleos - 201734500 €
Seat Ateca - 201720041 €
Ssang Yong Korando17200 €
Volkswagen Tiguan30443 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Opel

www.opelauto.com.mk

Импортер за Македонија
Олимпија Моторс

Тел: 02 / 2 600 - 303

Адр:

Работно време: 
сабота: 


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Opel модели
Adam Adam Rocks *
Adam S - 2018 Astra
Astra GTC Astra Sedan
Astra Sports Tourer Cascada
Combo Tour Combo Van
Corsa Corsa OPC - 2018
Corsa Van Crossland X - 2018
Grandland X - 2018 GTC OPC - 2018
Insignia Grand Sport - 2018 Insignia Hachback OPC - 2018
Insignia Hochback OPC - 2018 Insignia Sports Tourer - 2018
Insignia Sports Tourer OPC - 2018 Mokka X
Movano Van Vivaro
Zafira





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook