дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Opel > Opel Insignia Grand Sport - 2018 > Краток опис за моделот
Opel Insignia Grand Sport - 2018 Opel Insignia Grand Sport - 2018
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од
веќе од € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Opel Insignia – Opel повторно дише во врат на Passat и Mondeo

Иако со многу проблеми последниве 10-тина години, Opel отсекогаш би конкурентен во најважните класи на автомобили – ниската, компактната и средната. Нивниот натпреварувач во средната класа, Insignia, постигна и висока популарност на нашиот пазар, поради елегантниот дизајн и солидното “all round” пакување, но и поради ниската цена и богатата понудена опрема.


Новиот модел се обидува да ги подобри скоро сите карактеристики на претходникот и иако не е совршен, односно има неколку важни недостатоци, ние сметаме дека е доволно добар за да биде конкурентен на најдобрите во сегментот, особено ако неговите предности одговараат токму на вашите потреби.
 
А кога сме кај предностите, мора да се пофали балансот на удобност и возни својства кој инженерите од Opel го имаат постигнато во развојот на овој автомобил. Едноставно, суспензијата е доволно удобна на отворен пат, додека возните својства се одлични на кривулести патишта. Моделите со гуми со понизок ѕид и поголеми бандажи сепак страдаат од малку поголеми удари во кабината на пат на кој има многу попречни нерамнини, па ние би избегнале големини на тркала над 17 инчи.
 
Благодарение на аеродинамичната форма на каросеријата и најдобриот резултат во класата од 0,25 Cd, Insignia може да се пофали и со многу малку звук од ветерот на повисоки брзини, иако звук од тркалата и натаму се слуша повеќе од вообичаеното. Opel има направено напредок и во стишувањето на моторите – дизелите конечно не звучат „тракторски“ во кабината, а бензинците се уште потивки од порано.
 
Opel сепак не успеа да ги поправи сите слабости на претходникот во кабината. На пример, задната клупа има повеќе место за колената, но и натаму не нуди доволно простор за главата за повисоките патници, додека багажникот брои само 480 литри, што е недозволиво за толку голем автомобил. Од друга страна, пофалба за тоа што Insignia има петта врата, која помага во внесувањето на поголеми предмети, како и на тоа што низ кабината има доволно места за одлагање и на поголеми предмети.
 
Зад воланот, скоро секој возач ќе ја најде идеалната позиција, благодарение на тоа што седиштето и воланот се подесуваат во сите насоки. Мултимедијалниот систем е исто така лесен за користење, но премногу од командите се вградени во дисплејот на допир, што го отежнува користењето во текот на возењето. За среќа, тој поддржува Apple Car Play и Android Auto, па на него може да се користат и апликациите од вашиот смартфон, како на пример онаа за навигација.
 
Кабината сега има и повисок квалитет во однос на претходникот, особено во поглед на пластиката, што е добредојдено, но фали она премиум чувство кое многу конкуренти во класата веќе го имаат постигнато. За среќа, Opel има вградено неколку премиум технологии, како OnStar сервисот, кој вклучува 4G поврзување со Wi-Fi и можност за симнување на Google Maps преку „call центар“ исклучиво наменет за сопствениците на ова возило, каде и да се наоѓа.
 
Insignia има и многу солидна моторизација, нормално ако од целата равенка ја извадиме загриженоста за доверливоста на овие агрегати – Opel Insignia е меѓу послабите кога е во прашање доверливоста. Како и да е, сите мотори имаат солидни перформанси и не трошат премногу гориво, но наша препорака е 1,5 турбо бензинецот со 140 КС, кој троши 9,5 литри во град и околу 6 литри на отворено, односно 1,6 турбо дизелот со 136 КС кој троши 6,5 литри во град и под 5 литри на отворено. Дизелот со 170 КС е исто така одличен, но има доста повисока стартна цена, па го препорачуваме на оние кои бараат повисоки перформанси и повеќе ќе возат на отворен пат.
 
Еден од поголемите, ако не и најголем проблем на Insignia се чини е цената, која во старт е повисока од скоро секој конкурент во сегментот. Опремата е богата, но не го сокрива фактот дека во оваа генерација Insignia е скап автомобил, особено што голем број на етаблирани производители имаат поевтини возила во оваа класа. 
 
Како и да е, Insignia има доволно квалитети за да ги примами купувачите, особено оние кои патуваат повеќе, благодарение на солидните возни својства и удобност. Моторите имаат добри перформанси и не трошат премногу гориво, а зад воланот возачот ќе ужива во одлична поставеност на командите. Од друга страна, избегнете ја Insignia доколку имате фамилија – задната клупа не е особено пространа додека багажникот е премногу мал за потребите на едно семејство.
 
 
 
 
НИВОА НА ОПРЕМА
 
 
 
1-во ниво | EDITION 
  • 17-инчни дизајнирани тркала
  • Инфозабавен систем Multimedia со 7-инчен екран на допир
  • Проекција на паметен телефон, Bluetooth® стриминг, 
  • USB, 
  • 7 звучници
  • LED дневни светла и задни светла
  • Автоматско сопирање во итни случаи со детекција на пешаци
  • Помош за држење во лента
  • Предупредување за судир нанапред
  • Пасивно стартување
  • Контроли на управувачот
  • Темпомат со ограничувач на брзината
  • Антена-ајкула во бојата на каросеријата
  • Поделба на задна клупа 40/60
  • Држач за очила за сонце
 
 
 
2-ро ниво | INNOVATION
Содржи се што има EDITION, плус:
  • Хромирани елементи на дизајнот во црна боја со висок сјај
  • Предни светла IntelliLux LED® Matrix
  • Помош за долго светло (автоматско вкл./искл. на светлото)
  • Сензор за дожд и детекција на тунел (предни светла)
 
ПРЕДНОСТИ
• Брзи и штедливи мотори
• Солидни возни својства и добра удобност (само со тркала до 17 инчи)
• Одлична ергономија зад воланот
• Тивка кабина на повисоки брзини
• Богата опрема
НЕДОСТАТОЦИ
• Малку простор за глава на задната клупа
• Мал багажник
• Висока цена
• Дисплејот на допир не е особено лесен за користење кога автомобилот се движи


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Opel Insignia Grand Sport - 2018  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Mazda 6
 
Mazda 6
30980 - 43980
Ford Mondeo
 
Ford Mondeo
23100 - 46000
Renault Talisman
 
Renault Talisman
25000 - 45600
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Семејни седани
 
Citroën C518900 €
Ford Mondeo23100 €
Hyundai i4024800 €
KIA Optima24550 €
Mazda 630980 €
Peugeot 50822280 €
Renault Talisman25000 €
Škoda Superb22600 €
Toyota Camry - 201930190 €
Volkswagen Passat29408 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
СРЕДНА КЛАСА       ПРЕМИУМ - СРЕДНА КЛАСА       СРЕДНО - ВИСОКА КЛАСА       ВИСОКА КЛАСА       
 

Одберете друг автомобил
     

Opel

www.opelauto.com.mk

Импортер за Македонија
Олимпија Моторс

Тел: 02 / 2 600 - 303

Адр:

Работно време: 
сабота: 


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Opel модели
Adam Adam Rocks *
Adam S - 2018 Astra
Astra GTC Astra Sedan
Astra Sports Tourer Cascada
Combo Tour Combo Van
Corsa Corsa OPC - 2018
Corsa Van Crossland X - 2018
Grandland X - 2018 GTC OPC - 2018
Insignia Grand Sport - 2018 Insignia Hachback OPC - 2018
Insignia Hochback OPC - 2018 Insignia Sports Tourer - 2018
Insignia Sports Tourer OPC - 2018 Mokka X
Movano Van Vivaro
Zafira





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook